Духовно истражување на ритуалот Агнихотра

1. Вовед

Светот што денеска го познаваме сосема е поинаков во однос на времето на нашите баби и дедовци, или во раѓањето на нашите родители. Една од најголемите промени е можеби загадувањето до кое дошло со испуштање на издувните гасови односно создавањето на ефектот на стаклената градина и други штетни влијаниа на нашата животна средина. Кога зборуваме за загадување на Земјата обично мислиме на вообичаените видови на загадување на воздухот, водата, храната, како и загаденоста со бучавата. Меѓутоа, во нашиот напис за растечкиот процент на природните катастрофи и климатските промени, наведовме дека влијанието на луѓето врз природата се манифестира во необични форми на временски појави, кои не се предизвикани само со невниманието на физичко ниво, туку се јавуваат и поради менталното и духовното загадување што луѓето ги емитуваат во околината. Менталното загадување се должи на негативните мисли на луѓето како што се: алчноста, измамата, омразата, интригите за уништување, итн. Како менталното загадување се шири преку околината, тоа го прави просторот деструктивен. Додека се шири во околината тоа го дефинира просторот во кој живееме, како простор во кој и понатаму се создаваат негативни мисли во нашите умови. Тоа создава негативен вител, или верижна реакција, а во чиј корен се наоѓа духовната загаденост, или РаѓаТама (Раѓа – акција и страст, Тама – инерција и незнаење) која се зголемува кај луѓето. Со технолошкиот напредок во биологијата и нуклеарното оружје за масовно уништување, кое е во врска со раѓа-тамата во човечкиот род и менталната загаденост, се соочуваме со уште една закана. Последиците од биолошкиот, или нуклеарниот напад, ќе бидат разорувачки за човечкиот живот и стабилноста за нашиот светски поредок.

2. Што е Агнихотра?

Додека светот се обидува да пронајде решение за намалување на физичкото загадување, се верува, дека едноставниот обред Агнихотра спомнат во Атарваведа (Атарваведа 11:7:9) и детално опишан во Јаѓурведа Самити и Шатапат Брамани (12:4:1) го намалува загадувањето и духовно ја прочистува атмосферата. Луѓето што го изведуваат овој обред велат дека тој го намалува стресот, доведува до појасни мисли, го подобрува целокупното здравје, го зголемува нивото на енергија и ја менува природата на умот и луѓето стануваат повеќе добронамерни едни кон други. Се верува дека претставува голема помош при одвикнувањето од дрогата и алкохолот. Агнихотрата е исто така позната по тоа дека ги негува растенијата и ги неутрализира штетните зрачења и патогените бактерии. Може да се користи за прочистување на изворите на вода. Исто така е познато дека има својство за намалување на штетните последици од нуклеарното зрачење.

3. Духовно истражување на обредот Агнихотра

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) спроведе духовно истражување на обредот Агнихотра. Ова истражување ќе го надополни знаењето кое веќе е достапно на Интернет, а се однесува на придобивките и размерите на делувањето на Агнихотрата. Следните написи даваат детални информации за спроведеното истражување.

Дали Агнихотра може да го спречи ефектот на нуклеарната радијација