1-MKD-Best-Bun-hairstyles1

 
Со цел потполно и во целост да го разберете овој напис, ве молиме прочитајте ги следниве написи:
  1. Сатва, Раѓа и Тама – суптилните компоненти
  2. Нега на коса и фризури – Духовен ефект
  3. Што е Кундалини?

1. Обликување на косата во пунџа од духовна перспектива

Пунџата е популарана кај жените, кои што сакаат нивната коса да ја носат подигната. Преку духовно истражување, откривме дека пунџата е и исто така, најдобриот духовно корисен начин на обликување на косата кај жените. Меѓутоа, многу е важен и методот кој се користи за собирање на косата во пунџа. Ако се прави на погрешен начин, духовната придобивка од обилкувањето на косата во пунџа може да биде намалена, или во одредени слуачи може да предизвика спротивен ефект. Во овој напис ќе ги споделиме нашите наоди, добиени преку духовно истражување засновано на духовната наука за обилкување на косата во пунџа, и кој начин на обликување пунџа е најмногу сатвик или духовно чист.

2. Духовно истражување засновано на духовната наука за обликувањето на косата во пунџа

2.1 Цртеж заснован на суптилното знаење на кој е претставен идеален начин на обилкување на косата во пунџа

2-MKD_Ms-Priyanka-Lotlikar-250pix-wideВо нашиот духовно истражувачки тим, имаме трагачи кои имаат високо развиено шесто сетило, или способност за надсетилна перцепција. Со Божјата благодат (милост) и многу години редовна духовна пракса, овие трагачи се во можност да гледаат во духовната димензија, исто како што ние ја гледаме физичката димензија. Една од овие трагачи, Г-ѓа Пријанка Лотликар, направи цртеж заснован на суптилното знаење на кои се прикажани духовните вибрации која ги видела кај жените кои носат пунџа. Преку овој цртеж заснован на суптилното знаење, Г-ѓа Пријанка Лотликар ни овозможи увид (да ѕирнеме) во духовната димензија и да ја видиме духовната позитивност која се собира околу жената која носи пунџа. Сите цртежи засновани на суптилното знаење на Г-ѓа Пријанка Лотликар, пред да бидат објавени, за суптилна точност се прегледани и потврдени од страна на Неговата Светост Др. Атавале.

Точноста на овој цртеж заснован на суптилното знаење е 80%, што е далеку над просекот на просечниот или видовит уметник, чии цртежи имаат точност, која обично не надминува 10% точност.

 3-MKD_bun-subtle-picture---750w

Како што можете да видите од цртежот заснован на суптилното знаење погоре, различни видови на позитивни енергии се јавуваат кога една жена ќе ја врзе косата во пунџа. Кога косата е уредно врзана во традиционална пунџа со јазол, има капацитет да апсорбира и емитува духовно чисти или сатвик вибрации во околината. Всушност, пунџата апсорбира и емитува сатвик бранови од или во животната средина, согласно потребите на жената која ја носи. Пунџата исто така, кога е потребно пренесува и Божествена свесност, во празнината (шуплината) на главата на жената, преку медиумот на допир. Обликот на пунџата е еден од најважните фактори кои помага на пунџата да ја апсорбира оваа енергија. Кружната форма, исто така, го задржува движењето на Божествената енергија во насока на стрелките на часовникот, и на тој начин се задржува енергијата во телото на жената.

Поради ова, телото на жената станува почувстително во апсорбирањето на сатвик вибрации, а со тоа и духовно се прочистува. Што подолга е косата, пунџата побрзо ја апсорбира оваа енергија.

2.2 На кој дел од главата е најдобро да се врзе пунџа

Ве молиме прочитајте го написот – Што е Кундалини?

Од духовна перспектива, најдобро е да се врзе пунџа на задниот дел од главата. Причината за ова, е затоа што е директно поставена зад точката на сливот на 3-те главни Кундалини канали (Трипути), и тоа – Централниот канал (Сушумнанади), Сончевиот канал (Сурјанади), и Месечевиот канал (Чандранади). Така, централната точка  на пунџата е во состојба да ја апсорбира и задржи енергијата која зрачи од овој слив во празнината на главата. Традиционалната пунџа е идеален медиум за акумулација на духовна енергија.

2.3 Важноста на централната разделба

Ако пред врзувањето на пунџата се направи разделба по средината, тогаш една жена е во можност подобро и повеќе да прими Божествена енергија преку својата Сахасрара-чакра, која потоа се пренесува низ телото, давајќи позитивност на сите други чакри.

2.4 Други духовни придобивки на пунџата

Црна енергија: Основното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија која всушност е духовна енергија способна да манипулира со било кој процес во регионот на Земјата. Размерите од манипулацијата зависат од моќта на негативните енергии

Зоглемувањето на духовната позитивност од пунџата има и други придобивки

  • Една од главните придобивки е дека помага да се створи позитивна енергија која ја штити жената од напади на негативни енергии.
  • Било каква обвивка од црна енергија околу интелектот е минимизиран.
  • Поради носењето на косата во пунџа, кај жените доаѓа до зголемена острина на интелектот и се однесуваат по зрело. Заедно со ова и нивниот ум станува постабилен, и има повеќе сатвик мисли.
  • Потоа, тоа им помога на жените да го продолжат своето духовно патување, додека водат световен живот.

2.5 Најдобрио вид (стил) на носење пунџа од духовна перспектива

Традиционална пунџа

4-MKD_Best-bun-hairstyle

Жените ја врзуваат својата коса во пунџа на различни начини. Меѓутоа, капацитетот да апсорбира Божествена свесност (Чаитанија) од животната средина не е толку голем како кај традиционалната пунџа врзана во јазол, како што е прикажано на сликата погоре.

Пунџа направена од свиткани плетенки (познато како ‘Копа‘ во Индија)

5-MKD_Khopa

Ова е уште еден начин (стил) на врзување пунџа која емитува уште подобри духовни вибрации, дури од традиционалната пунџа за која зборувавме погоре. Во некои делови од Индија се нарекува копа. Со цел да направите копа, потребно е да се исплетат плетенки од три прамени кога ќе се направи разделба по средината. После тоа плетенката се здиплува нагоре и се уметнува во косата кон главата.

2.6 Примери за тоа како не треба да се врзува пунџа – од духовна перспектива

  • Кога косата е врзана во пунџа на било кој друг начин од претходно опишаните погоре, духовната чистота или сатвикта на пунџата е намалена. Всушност, наместо пунџата да апсорбира духовна чистота, би можела да апсорбира Раѓа-Тама вибрации или духовно нечисти вибрации.

  • Не ја врзувајте пунџата на тилот од вратот, бидејќи на тоа место нема да може да апсорибира духовна енергија.
  • Разделбата на косата на левата или на десната страна или без било какво постоење на разделба, предизвикува полесно да додје до создавање на  покривка од негативна (вознемирувачка) енергија.
  • Непотребно извиткување на косата во или околу пунџата, ја намалува нејзината способност да апсорбира позитивна енергија, и предизвикува тежина во главата.

Како резултат на горенаведените фактори едно лице може да има духовен губиток, наместо духовна придобивка од носењето пунџа.

3. Што треба и што не треба да се прави при врзувањето на косата во пунџа

Додека носењето на косата во пунџа може да помогне да се зголеми духовната позитивност во жената, постојат неколку работи кои може жената да ги направи и со тоа да ги намали духовните придобивки од таквото носење. Ова е различно и отстапува од правилниот духовен начин на врзување на косата во пунџа.

bun-nettingНекои жени ја покриваат својата пунџа со најлонска мрежа од различни бои, како би ја задржале пунџата во место. Ова ја намалува способноста на пунџата да апсорибира Божествена свесност или Чаитанија од околината. Со самото тоа се намалува и придобивката од носењето на пунџата во смисла на можноста да создаде енергија за заштита од напади од страна на негативни енергии.

 

 

hair-clipsВо обидите пунџата да изгледа модерно, се користат разно обоени шноли или венчиња во различна боја. Тие не се сатвик и емитуваат Раѓа-Тама вибрации. Како резултат на тоа, тие исто така, привлекуваат и негативни вибрации кон жената која ги носи.

 

 

 

improper-bunКраевите на косата не треба да стрчат надвор од пунџата. Со вметнувањето на краевите во пунџата, максимална позитивна енергија се задржува во пунџата и жената е исто така, заштитена од Раѓа-Тама аспекти во животната средина.

 

 

 

4. Ефект од носењето пунџа врз негативните енергии

effect-on-negative-energiesВо Фондацијата за истражување засновано на духовната наука, бевме сведоци на различни видови на демонска опседнатост. Кога личноста на овие негативни енергии ќе излезе на површината, како што можеме да видиме на сликата, лесно можеме да согледаме што им се допаѓа, а што не. На тој начин, од прва рака добиваме потврда за тоа, што не е добро за нас, набљудувајќи што им се допаѓа на овие негативните енергии. Во речиси сите случаи, ако лицето кое е опседнато носи пунџа, манифестираната негативна енергија во неа ја разврзува пунџата и ја остава косата распуштена, бидејќи неможе да ја толерира позитивноста на традиционалната пунџа. Наведената слика ни покажува лице кое е опседнато од негативни енергии и во оној момент кога негативната енергија се манифестираше, првото нешто што го направи беше разврзување на пунџата.

Ве молиме погледнете го написот – Колкав процент од свесткото население е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?

5. Заклучок

Врзувањето на косата во пунџа на традиционален начин, ја зголемува духовната позитивност и го намалува ризкот од напади на негативни енергии. Затоа ги охрабруваме нашите читатели кои се жени, да не бидат под влијание на сегашната мода, туку да го прифатат традиционалниот начин на носење пунџа.

Обавувањето духовна пракса, не прави по чувтстителни и ни овозможува на повисоко ниво да ја искусиме духовната чистота од носењето пунџа на традиционален начин. Кога еднаш ќе ја искусиме оваа чистота, теоретското знаење за придобивките од носењето пунџа, веќе не е потребно, бидејќи самото искуство не охрабрува да и понатаму продолжиме со врзување на косата во пунџа.

Следниот пат кога планирате да ја врзете вашата коса во пунџа, можете да разгледате некој начин на врзување дадени погоре. Ако успеете да осетите духовна позитивност од пунџата врзана на традиционален начин, Ве молиме споделете ги вашите исксутва со нас, би сакале да ги слушнеме од вас.