mkd_problems-in-schools

1. Вовед

Јас сум во мојата последна година на средно училиште. Живеам во Европа и се викам Ана Колар. Исто така сум и трагач на SSRF изминатите четири години и обавувам редовна духовна пракса и пеење, посетувам и водам сатсанзи (Престој во друштво на Апсолутната Вистина) и обавувам други видови на севи (Служење на Апсолутната Вистина). Имам 18-ет години.

((Забелешка на уредникот: Порано во 2014-та година, Н.С. Др. Атавле објави дека Ана достигна духовно ниво од 61%.))

Примерите кои ги делам во овој напис се поврзани со училиштето кое го посетувам. Целта на овој напис е да се запрашаат нашите читатели за тоа какви се нашите училишта денес и дали одговараат на потребите на младите луѓе кои ќе бидат наши идни водачи. Исто така, прашање е и дали нашите образовни институции ја исполнуваат својата цел? Какви се денешните ученици и професори? Дали основното и средно образование се почитувани и дали кон нив се однесува како што треба? Овој напис е мој поглед на овие прашања. Ако некој од нашите читатели има исто мислење или сака да го сподели своето искуство, ве молиме она што сте го забележале или сте имале опсервација, пишете ни го преку нашиот логин систем.

2. Во целина за училиштето од духовна перспектива

2.1 Главоболки во училиштето

Во изминатите четири години, забележав дека, додека сум во училиште често имам главоболки. Обично, воопшто немам главоболки бидејќи сум млада и здрава. Забележав дека моите главоболки се појавуваа само кога сум во некоја околина која има високо ниво на Раѓа-Тама вибрации (негативна енергија). Кога главоболките во училиштето почнаа често да се појавуваат, навистина стана иритирачки, па така почнав да експериментирам како можам да се ослободам од нив. При првите знаци на главоболка, понекогаш во текот на првата можна пауза се обидував да ги напуштам просториите на училиштето и додека одев ќе пеев. Тогаш мојата главоболка ќе заминеше без да земам било какви лекови. Благодарение на тоа, сфатив до колкав степен Раѓа-Тама вибрациите се распространети на школското тло. Исто така, во моментот кога ќе се вратев назад во училиштето, главоболката повторно ќе се појавеше. Ова ми се случуваше речиси секојдневно.

2.2 Пеењето во училиштето е многу тешко

Пеењето во училиштето е многу тешко поради духовното загадување (Раѓа-Тама) кое таму е распространето, бучавата и сеопштата гужва и метеж во училиштето. Со цел да најдам некое тивко место за пеење, кога не сум на час, често одам во школската библиотека и се обидувам да го пеам Божјото Име таму, додека се преправам дека учам. Ова е единствениот начин на кој можев да пеам во училиштето без прекин и тоа многу ми помага.

Кога сум во училиште, често го губам фокусот и јасноста во врска со тоа што направив или што требаше да направам. Лесно се збунував, нешто што дома не ми се случува. Друга работа која ми се случува е дека понекогаш одеднаш ќе се налутам на некој професор или ученик, додека ова во животот надвор од училиштето речиси никогаш не ми се случува.

(Забелешка на уредникот: Висока Раѓа-Тама може околу луѓето да створи обвивка од црна енергија која предизвикува конфузија или лутина и може да се отстрани само со пеење и мерки за духовно исцелување како што е третманот со солена вода.)

2.3 Учениците пијат алкохол и доаѓаат во училиште под дејство на алкохол

Понекогаш учениците пијат алкохол и доаѓаат во училиште под дејство на алкохол, или ќе прескокнат неколку часови за да купат алкохолни пијалоци во една мала продавница во близина. Противзаконски е да се продава алкохол на малолетници и да се продава во близина на училиштето. И покрај приговорите од страна на школските власти, оваа продавница продолжи да продава алкохол на учениците. Еднаш, еден ученик беше под силно дејство на алкохол, падна по школските скали и се повреди. Во тој момент сите дојдоа да му помогнат, но никој не го спречи да пие алкохол или да дојде во таква состојба на училиште.

problems-in-schools-01

2.4 Секоја нова генерација на ученици се чини како да е полоша од претходната

Само што ја завршив третата година од средно училиште. Во текот на таа година, бидејќи училиштето работи во смени, учениците од трета година беа во иста смена со учениците од прва година. Забележав дека генерално, оваа нова генерација на ученици се малку полоши отколку што беше нашиот клас. Од првиот ден, агресивно од професорите бараа да ги пуштат дома порано, а некои денови прескокнуваа и по неколку часа. Многу ученици удираат по школските ѕидови со нивните тупаници, без некоја посебна причина. Лупаат по училишните врати, а лицата им изгледаат некако празни. Гледано од надвор, тие можеби имаат убава облека и добар мобилен телефон, но од внатре, изгледаат многу празни. Тие не се свесни за потребата да ги почитуваат професорите во училиштето или другите ученици, и ја игнорираат својата култура, а да не зборуваме за Духовноста воопшто. Можам само да замислам, на пример, колку е полоша нашата генерација во споредба со генерацијата која одеше на училиште кога мајка ми беше млада.

(Забелешка на уредникот: Ова се случува поради севкупниот пад на духовното ниво на луѓето поради недостатокот на духовна пракса во општеството. Човештвото денес е во духовен “слободен пад” поради што се јавува чувство дека секоја нова генерација е се повеќе морално и духовно посиромашна од претходната.)

2.5 Едни зборуваат други работат

Нашето училиште ги подготвува учениците да бидат професионални техничари во областа на геологијата, хидро-метеорологијата и екологијата. Во училишниот наставен план, екологијата зазема многу важно место. И покрај ова, многу ученици не се однесуваат во согласност со еколошката свест која треба да ја имаат како ученици на таквото училиште. Тие фрлаат ѓубре наоколу, во училишниот двор, на улица, итн. Всушност, тие одат еден чекор подалеку и им се потсмеваат на учениците кои ги следат правилата и го фрлаат ѓубрето во корпата за отпадоци. Оние кои фрлаат ѓубре во училишниот двор, се сметаат за “кул”. За среќа, постојат ученици кој ја прават вистинската работа, и покрај тоа што се исмејувани. Постапките на едните и другите говорат за еколошката свест која ја стекнале во своите животи.

Често забележувам дека, кога професорите ќе пристигнат и зачекорат надвор од своите автомобили во предниот дел од училиштето, изгледаат како да се под стрес и испуштаат длабоки воздишки; како да сакаат да кажат дека подучувањето ученици е тешка задача. Ова ги отуѓува учениците од професорите. Некои професори се фини, па дури и се шегуваат за да учениците учат полесно, што природно и се случува кога учениците кон нив осеќаат блискот.

За време на паузата, некои професори пушат во близина на влезот од училиштето, иако пушењето е забрането во училишниот двор. И покрај забраната за пушење, многу ученици пушат во школскиот двор и никој не ги опоменува ниту казнува за тоа, иако имаме и чувар во школскиот двор. Еден професор дури и доаѓа во училишниот двор и пуши заедно со учениците.

2.6 Насилство во училиштето и злоупотреба на дрога

problems-in-schools-02

Претходно полицијата ќе дојдеше можеби два до три пати во годината. Неодмана, полицијата почна се почесто да доаѓа во училиштето поради насилните инциденти помеѓу учениците, кога ќе пристигнеа многу нови во прва година. Еднаш, двајца ученици започнаа жестока борба, бидејќи едниот побарал марихуана од другиот, а потоа не му платил. Се сеќавам дека тој ден имав силна главоболка во училиштето, и дека на патот кон дома, во јавниот автобус, едвај стоев. Некои други ученици, исто така, осеќаа мачнина и имаа главоболки. Ова ми покажа колку мислите на алчност и зависност, како и насилното однесување негативно влијае на другите и на околината.

(Забелешка на уредникот: Оние ученици кои се повеќе сатвик, тие повеќе ќе осеќаат негативна енергија во околината).

2.7 Како учениците зборуваат

Претходно беше забрането учениците да користат непристојни зборови или да пушат во училиштето. Денес тоа е вообичаена практика. Учениците доста често пцујат, дури и пред професорите кои тоа го игнорираат.

(Забелешка на уредникот: Со употребата на непристојни зборови се стекнува 1% грев на скалата каде 100% грев се стекнува ако некој изврши убиство. Професорите кои ја дозволуваат употребата на непристоен јазик во училиштето, исто така, стекнуваат грев или лоша Карма.)

Еднаш, додека посетував час по веронаука, слушнав како двајца ученици зборуваат и употребуваат многу непристојни зборови. На суптилно ниво осетив како секој таков збор кој го употребуваат е остар како нож и како влијаат на мене негативно. Осетив суптилна битка помеѓу овие лоши зборови. Професорот кој подучува веронаука (кој е и свештеник) потполно го игнорираше нивниот разговор. Кога бев во петто одделение, слушнав како деца од трето одделение пцујат. Претходно беше срамно за една девојка да пцуе. Сега, секој пцуе, како момчињата, така и девојчињата. Друи и некои ученици кои претходно не пцуеа, постепено почнаа.

(Забелешка на уредникот: Да бидеш во Друштво на Вистината се нарекува сатсанг. Лошо друштво на Санскрит јазик се нарекува кусанг. Кусанг штетно влијае на луѓето, како што сатсангот влијае позитивно на луѓето.)

Друг пример за непримерен говор е тоа што учениците се довикуваат едни со други употребувајќи некои навредливи прекари и тие мислат дека тоа е “кул”. Осетив дека секој таков прекар шири негативна енергија која влијае и на учениците кои ги користат ваквите прекари и на другите околу нив. Учениците, исто така, користат многу сленг зборови. Еднаш и јас така пробав да зборувам со цел полесно да се вклопам со соучениците од мојот клас, но осетив дека се преправам и бев погодена од негативна енергија. После тоа искуство, престанав да зборувам така.

(Забелешка на уредникот: Било какво извртување на зборовите, кое не е во согласност со оригиналниот јазик на некоја земја и не се употребува граматички исправно, може да шири негативна енергија.)

2.8 Како учениците и професорите се облекуваат во училиштето

Во нашето училиште е забрането да се носат панталони, фустани или сукњи до над колената, премногу отворени маици или кошули или блузи со ремени. И покрај тоа, многу ученици и професори носат таков вид на облека. учениците, исто така, многу носат и црна облека.  Нивните маици често имаат многу грди тамасик текстови и цртежи, заедно со разна облека со черепи на неа. За модерно се смета и носењето искинати фармерки и маици. Некои професорки носат прекумерно отворена облека, тесни сукњи и блузи со широк и длабок отвор на градите.

(Забелешка на уредникот: Таквата облека емитува високо ниво на Раѓа-Тама (негативни фреквенции) кои негативно влијаат на оној кој ја носи и на околината.)

3. Однесувањето на учениците

Постојат многу проблеми во однесувањето, кои се видат кај учениците. За време на школскиот одмор, учениците одат во тоалетот и таму пушат. Ако некој имал роденденска журка претходниот ден, потоа учениците се фалат со тоа како се напиле, повраќале на забавата и се уште не се чувствуваат добро.

Не се покажува никаква почит кон професорите. Во текот на часовите учениците слушаат музика, зборуваат едни со други, оговараат професори или ученици. .

Некои ученици одбиваат да одат на часови. Добиваат лажни оправдувања од доктор, ги лажат професорите, па дури и родителите. Понекогаш, целиот клас ќе одлучи да не присуствува на одреден час, бидејќи не учеле за испитот кој е планиран тој ден. Поголемиот дел од учениците се многу мрзеливи. И покрај тоа што се паметни добиваат лоши оценки. Тоа е спротивно од самата должност на ученикот. Бог ни дал интелект; не сме со пречки во развојот и можеме добро да учиме. Сепак, ние се уште тоа не сме почнале да го користиме, со што пред Бога правиме грев. Оние кои мислат дека се паметни, имаат големо его во врска со тоа. Ние учениците не сфаќаме дека Бог ни дал се: живот, интелект, училиште и професори, и покрај тоа, ние сето тоа го отфрламе без било какво чувство на почит и благодарност. Ова нас нема да не доведе до среќа или успех во животот.

3.1 Проблеми во однесувањето прикажани од страна на учениците

  • Незаинтересираност: Кога некој ученик сака да ја поправи својата оценка и одговара пред класот кога професорот го испитува, тогаш другите ученици зборуваат меѓусебно и не обраќаат внимание. Со ова покажуваат непочитување кон ученикот, кон професорот и немаат никаков став за учење.
  • Мамење: Во текот на тестовите вообичаен практика е да се гледа во тестот на другиот ученик и да се препиша што тој/таа напишале. Некои ученици кријат мали свиткани ливчиња на кои се напишани различни одговори на прашањата, си дошепнуваат одговори едни со други, итн.
  • Малтретирање: Постојат проблеми со малтретирање и во секој клас има од еден до двајца ученици кој другите вербално ги малтретираат во текот на годината.
  • Непослушност Некои ученици ќе почнат да пеат за време на час. Кога ќе им се каже да престанат, за момент тоа ќе го направат, и по некое време пак ќе почнат да пеат. Послушноста кон она што ќе го кажат професорите е многу ниска.
  • Зависности: Видов некои ученици како пушат електронски цигари. Кога имаме час по физичко, некои ученици не доаѓаат на тој час и пушат во соблекувалните, додека еден држи стража за да ги предупреди другите доколку професорот доаѓа.
  • Злоупотреба на супстанци: Злоупотребата на дрога е исто така, присутна во училиштето на моменти.

problems-in-schools-03

4. Професори

Еве што забележав кај професорите, каде осеќам дека можат да се поправат:

  • Омаловажување студенти:Некои професори одржуваат час со цел да им помогнат на учениците да научат. Сепак, од друга страна, постојат некои професори кои подучуваат за да го покажат она што го знаат. Кога ќе поставиме некое прашање, тие ни се смеат, па така учениците избегаваат да поставуваат прашања ако им е нешто нејасно, и ако подоцна тоа може да се појави во тестот/испитот.
  • Лошо подготвени професори: Некои професори не подучуваат добро. Тие забораваат да поврзат некои важни точки, и ако ги поврзат, погрешно ги објаснуваат, па така понекогаш и учениците ќе ги поправат. Изгледа како да заборавиле дека без учениците не можат да бидат професори, па така се однесуваат небрежно на еден супериорен начин.
  • Немарност: Еднаш, за време на час по веронаука, бев сведок како група на ученици вербално малтретираа една девојка дваесетина минути. Сето тоа време, професорот не обрнуваше внимание, бидејќи беше зафатен со читање нешто на неговиот лап-топ. Дури после дваесетина минути тој реагираше за да го запре ова малтретирање.
  • Не се држат до зборот: Професорите даваат лажни изјави и ги изневеруваат своите ученици. Еднаш една девојка сакаше да добие највисока оценка по математика. Таа го праша професорот што треба да направи за да го постигне тоа. Професорот и рече дека ако добие највисока оценка на тестот, ќе добие и највисока оценка на полугодие. Потоа, девојката на тестот доби највисока оценка но тогаш професорот изјави дека нема да добие највисока оценка за полугодие, туку дека ќе ја испитува усно. Целиот клас почна да го потсетува што рече, но тој само рече дека не се сеќава дека кажал такво нешто и дека доколку девојката сака може да се жали и кај директорот.
  • Лицемерие: Професорката по хемија долго ни објаснуваше како кола пијалаците не се добри за здравјето. Кога часот заврши, таа испрати еден ученик да и купи шише кока кола…
  • Играње фаворити: Понекогаш професорите отворено покажуваат како им се допаѓаат одредени ученици, а некои не. На некои повеќе им се допаѓаат девојките, а на некои момчињата, и таквите ученици добиваат подобри оценки.
  • Озборување: Поради горенаведеното пристрасно однесување на професорите, после училиште, професорите ги озборуваат учениците, а учениците ги озборуваат професорите. Преку мојата духовна пракса, научив дека озборувањето не е добро, бидејќи тоа шири негативна енергија и на двете страни. Со озборувањето можеме негативно да влијаеме врз мислењето на другите, па дури и да се шират лаги.

5. Заклучок

Училиштата постојат за да можеме нешто да научиме. Бог го создал Универзумот и им овозможил на луѓето да истражуваат различни теми како што се географија, историја, хемија и физика. Овие науки постојат како би можеле да спознаеме дека Божјиот Универзум е совршен и како Бог го создал Универзумот.

На пример, од историја можеме да научиме зошто некои кралства пропаднале, како земјите се развивале, како луѓето живееле претходно, итн. Од сето ова, ние треба да учиме од своите грешки и да не ги повторуваме за да не би ја довеле својата земја до точка на распаѓање. Треба да бидеме благодарни на Бога, што денес животот ни е лесен, но и да сфатиме дека е можно да се живее без компјутери и модерна технологија. Преку историјата, треба, исто така, да сфатиме дека е важно поединецот да биде богат од внатре (духовно), а не само од надвор.

Од географија, можеме да научиме како луѓето ширум светот живеат и како управуваат со нивните секојдневни животи, и какви видови на вештини тие поседувале да би преживеале во одредена клима, да научиме какви квалитети имаат различни нации и да се обидеме да ги впиеме заради развојот на својата држава. Исто така, можеме да научиме зошто во некои држави не се пие алкохол или се почитува кравата како свето животно. Кога би ги усвоиле овие квалитети, секоја од нашите земји би се трансформирала на подобро.

Од кога почнав подлабоко да размислувам за училиштето како институција, почнав да сфаќам колку е важна. Сепак, за жал, никој не не учи за тоа. Ова е причината зошто многу ученици и покрај тоа што се многу интелигентни го занемаруваат училиштето, добиваат лоши оценки и не го земаат училиштето сериозно. Искрено се надевам и се молам на Бога, што повеќе ученици да го прочитаат овој напис и да размислат со Благодарност за важноста на училиштето за да во нивниот секојдневен живот го почитуваат училиштето и учат со радост. Исто така, се молам да оние кои го прават училишниот наставен план во него ја вклучат и Духовноста за да можат луѓето да го сфатат нејзиното значење.

Г-ца Ана Колар, Европа (користиме псевдоним како би ја заштитиле приватноста на оваа SSRF трагачка ученик)