Придобивки од пеењето – здравствени придобивки

1. Симптомите на болеста се евидентни пред почетокот на болеста

Болеста станува евидентна дури кога симптомите поради физички, психолошки или духовни причини бидат 30%. Тогаш се манифестираат физички или психички знаци на болеста. Благодарејќи на пеењето, ја спознаваме болеста и пред појавата на нејзините симптоми. Ако болеста треба да се појави во иднина или моментално не е видлива, тогаш поради пеењето почне да се јавува во форма на физички или психички проблеми. Органите зафатени со болеста добиваат позитивни фреквенции од пеењето. Ниту лекарите не можат да ја дијагностицираат болеста додека проблемот не стигне до 30%. Ако проблемот е присутен од 10 – 30%, на пример некој ментален проблем, тогаш благодарејќи на пеењето се открие порано.

2. Предности на физичко ниво поради менталната стабилност

Кога умот е мирен благодарејќи на повторувањето на Божјото Име, тоа не ослободува од психолошките болести пропратени со стрес и се чувствуваме здрави.

Намалување на проблемите со желудникот благодарејќи на пеењето:   Живеев многу динамично, работев на работно место извршна директорка. Често патував, требаше да обезбедам приходи за семејството и да ги вршам сите домашни работи. Се грижев за две деца, затоа што 10 години бев самохрана мајка. Во тоа време не работев никаква духовна пракса. Поради сето тоа имав нервоза на желудникот, со зголемено лачење на киселини. Набрзо после тоа започнав со пеење така да 1998 година почувствував дека проблемите со желудникот исчезнаа за 3 месеци. Повеќе не морав да пијам никакви лекови против киселина. – Гѓа Драгана Кисловски, Европа.

3. Посебни пеаници за духовно исцелување кај некои болести

Подетални информации за ова се достапни во нашето поглавје Пеаници за здравје.