Прекумерни сексуални мисли – како да се контролираат и отстранат?

SSRF ги објавува овие студии од случајот со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистнска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и по свое убедување.

Резиме:

Ова е студија на случајот за Луис кој е сега 39 години, кој бил поплавен со сексуални мисли уште од многу рана возраст. Причината зад сексулните мисли всушност била вештерка (Четкин) која го опседнала Луис. Вештерката му всадувала такви мисли во неговиот ум, со цел полесно сексуално да го искористува. Проблемот конечно се отстрани благодарение на методите за духовно исцелување.

1. Опис на проблемот прекумерни сексуални мисли

Следи опис на проблемот прекумерни сексуални мисли кој Луис го раскажа со негови зборови.

[Луис не е неговото вистинско име и се користи за да се заштити неговата приватност]

Целиот мој живот, чувствував голема привелчност кон жените. Постојано размислував за убави жени. Сакав да ги гледам, да зборувам со нив и да бидам во нивно присуство. За да ги задоволам моите желби, сакав да бидам опкружен од модели, актерки и популарни пеачки и да ги фотографирам. Мојата соба беше исполнета со стотици фотографии од убави жени.

Прекумерните мисли за секс често ме попречуваа на работа. Ми беше тешко да се концентрирам и често имав такви попречувања. Денот ми завршуваше со мечтаење за некои сексуални фантазии. Иако искрено се обидував да се сконцентрирам на работата, мислите само ќе продолжеа да ми доаѓаат и на крајот им се предавав. Секогаш беше голема борба да се борам против овие мисли.

Парадоксално беше тоа што, иако постојано мечтаев за жени, секогаш кога ќе бев во контакт со нив, сакав да ги третирам како џентелмен и чувстувував големо почитување кон нив. Никогаш не дозовлував моите мрачни сексуални фантазии да повредат било која од жените со кои бев во контакт. Оваа разлика во мојата личност често ме збунуваше и попречуваше.

Понекогаш бев вовлечуван во серија кратки врски кои траеа само по една ноќ. Во една прилика кога бев на едно патување во странство, започнав сексуална врска со млада жена која траеше со денови. Откако се вратив од патувањето, чувтстував одвратност, се гадев од самиот себе и се обидував да го отстранам тоа чувство на тој начин што решив да се изолирам. Во таквите околности, го читав Светото Писмо – Библијата за да ми помогне да го стабилизирам мојот ум. Во таквите периоди на изолација се чувстував подобро. Иако неможев да ги контролирам сексуалните мисли, се гадев од нив, а се гадев и од самиот себе. Како резултат на тоа, често со месеци избегнував било каков вид на сексуални врски со жени.

Мојот пријател кој практикуваше духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) ми препорача да го пеам Божјото Име според мојата религија на раѓање. Почнав да го пеам ’Исусе Господе’, бидејќи сум христијанин. Првично искусив пораст на сексуалните мисли, што се чинеше доста чудно. После упорното, постојано пеење на Божјото Име – ’Исусе Господе’, мислите за секс почнаа да се намалуваат. Од тогаш па наваму, секогаш кога сексуалните мисли ќе почнеа да се зголемуваа, јас ќе почнев да го пеам (повторувам) Божјото Име со зголемена концентрација и со поголема брзина. Исто така, почнав редовно да го применувам третманот со солена вода. Ова особено го правев кога мислите беа прекумерни и кога се чувствував слабо. Беше просто неверојатно како сексуалните мисли ќе исчезнеа, некогаш и потплно престануваа после третманот со солена вода. За прв пат во мојот живот сфатив дека имам алатка да се борам против сексуалните мисли и дека можам ги држам под контрола.

2. Суптилно-отчитување на случајот на Луис

Следи опис на суптилното отчитување на случајот на Луис кое е направено од страна на Анурада Вадекар, трагачка во Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) со развиено шесто сетило. Таа има способност да ја гледа суптилната димензија, исто како што ние го гледаме физичкиот свет. Таа можеше да ги согледа сите следни информации, без претходно знаење за лицето или неговата состојба.

Следи цртеж заснован на суптилното знаење на она што Анурада го видела додека суптилно го проучувала Луис.

Причината зад прекумерните сексуални мисли била вештерка. Таа чувстувала симпатии кон Луис и била околу него уште од неговите тинејџерски години. Цртежот заснован на суптилното знаење како вештерката му ставала мисли во неговиот ум преку нејзината црна енергија.

1-MKD-Sexual-thoughts

Цртежот заснован на суптилното знаење покажува како вештерката го гушка Луис. Луис се обидува да се концентрира на овој напис кој што тој го пишува како дел од неговата духовна пракса – служење на вистината (сатсева). Вештерката е упорна во остварувањето сексуална врска со Луис. Тоа е причината зошто таа му става сексуални мисли во неговиот ум. Сексуалните мисли кој Луси ги имал биле примарни желби на вештерката за да сексуално го искористи. Понекогаш духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) се облекуваат на начин кој е сексуално привлечен или носат некој вид на суптилен украс за да го сокријат нивнот грд изглед и да се преправаат дека се убави.

Несвесен за овој феномен што се случувал во суптилната димензија, Луис бил попречуван од прекумерни сексуални мисли. Луис доживувал прекумерни сексуални мисли но имал впечаток дека се псиохолошки по природа. Тој се обидувал со различни психолошки методи да се ослободи од овој метод, но без успех. Со применувањето мерки за духовно исцелување конечно се ослободил.

2.1 Попречувања кои ги дожиевеала Анурада додека го цртала цртежот заснован на суптилното знаење

Додека го цртав претходниот цртеж заснован на суптилното знаење на Луис, главата ми стана тешка, вратот ми се стегна а умот ми беше преплавен со многу сексуални мисли. Сфатив какви попречувања доживува Луис. Подоцна, додека го цртав цртежот заснован на суптилното знаење на мерката за духовно исцелување, осетив како духовното исцелување да беше направено врз мене и бев ослободена од горе наведените попречувања. – Анурада Вадекар

2.2 Суптилно отчитување на случајот на Луис кога тој започнал со духовно исцелување

Кога Луис ја започнал духовната пракса со пеење на Божјото Име, тој го зголемил своето ниво на заштита против влијаниата на вештерката.

Ве молиме прочитајте го написот, ” Како пеењето го прочистува нашиот ум?” Ве молиме погледнете го и графичкиот приказ на Механизмот на пеењето.

Како резултат на тоа тој бил помалку попречуван од Вештерката. Вештерката збеснала и ја употребила сета своја енергија и затоа дошло до зголемување на сексуалние мисли и покрај духовната пракса. Таа се обидела и да создаде пречки во неговата духовна пракса. Согласно препораките на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), Луис ја надополни неговата духовна пракса со мерка за духовно исцелување – третман со солена вода и тогаш влијаниата на вештерка станувале уште толку повеќе неефикасни и безуспешни.

2.3 Цртеж заснован на суптилното знаење – духовно исцелување со солена вода

2-MKD-Excessive-sexual-thoughts-update

Кога Луис цврсто решава да ги надмине сите пречки и да го применува третманот со солена вода, вештерката доживува непријатности и таа се оддалечува. Цртежот заснован на суптилното знаење го покажува ефектот на третманот со солена вода како мерка за духовно исцелување врз вештерката која го мачеше Луис. Црната енергија на вештерката и црната енергија од телото на Луис, се вовлечени во солената вода. Вештерката се повлекла нагоре за да ја задржи нејзината црна енергија да не биде вовлечена во солената вода.

2.4 Надминување на опсесивното компулисивно нарушување – прекумерни сексуални мисли

Ако се соочувате или бивате поплавувани од постојани и несакани сексуални мисли (форма на опсесивно компулсивно нарушување) и едноставно неможете да ги контролирате и покрај тоа што давате се од себе, најверојатно причината за ова лежи во духовната димензија. Ако причината за прекумерните сексуални мисли е духовна, тогаш за повеќето луѓе оваа главна духовна причина и предизвикувач се суптилните тела на преминатите предци. Исто така, може да биде предизвикана и од негативни енергии, па затоа следниве духовни мерки (средства) ќе ви помогнат да ги ублажите симптомите. Кога негативна енергија предизвикува, односно му создава или го попречува едно лице со тоа што му всадува прекумерни и несакани сексуални мисли, обично се работи за негативна енергија од ниските редови и нивоа.

Забелешка:

  • Само духовно возвишено лице со духовно ниво над 70% може точно да каже дали проблемот е предизвикан од нешто во суптилната димензија или причината е од психолошка или физичка природа.
  • Лице со активирано шесто сетило може само до извесна мера да види дали причината е во суптилната димензија (на пример, дух).
  • За оние кои немаат активирано шесто сетило и кои немаат пристап до духовно возвишено лице, постои интелектуален начин на пронаоѓање дали вистинската причина лежи во духовната димензија – ако сексуалните мисли не се смират и покрај сите конвенционални методи, тогаш лицето може безбедно да претпостави дека би можеле да бидат од духовна причина. Помеѓу духовните причини, во овие времиња најверојатно е дека причината е поврзана со духовите, односно суптилните тела на преминатите предци. Едно лице, исто така, може да ги надополни конвенционалните методи на лекување со мерки за духовно исцелување за дополнителна придобивка или брзи и трајни резултати.

За повеќето луѓе пеење на Името на Божеството Дата ќе помогне да се намали износот на секусални мисли. Божеството Дата на човекот му помага да се заштити од проблемите предизивкани од суптилните тела на преминатите предци. Заедно со пеењето на Името на Божеството Дата, применувањето нијас на Сакралната чакра (Свадиштана-чакра) ќе придонесе за поголема ефективност на пеаницата. Кликнете тука да видите како да ја примените мудрата нијас.

Ако пак сексуалните мисли се предизвикани од негативни енергии за да го попречат трагачот и неговиот пат да не обавува повисоки нивоа на духовна пракса, тогаш тој трагач или тоа лице за да се ослободи од сексуалните мисли треба да го пее Името на Шри Кришна, кое е Ом Намо Багавате Васудеваја. Дури и луѓето кои не обавуваат духовна пракса можат да го пеат ова Име на Бога.

Кликнете тука за да слушнете пеаницата.

И тука, исто така, ќе треба да ја примените техниката нијас на Сакралната чакра. Додека ја применувате техниката нијас на Сакралната чакра, повторувајте ја горе споменатата пеаница колку што е можно повеќе пати во текот на денот, ако можете и непрестајно пејте ја секој ден, се додека не почуствувате ослободување од симптомите. Продолжете со духовната мерка 2-3 часа дневно секој ден, се додека не забелжите намалување во мислите. Ве молиме запамтете дека треба да бидете трпеливи бидејќи можеби ќе бидат потребни две години а може и повеќе за потполно исцелување, односно осолободување од негативната енергија која ги предзивикува ваквите несакани сексуални мисли.