Поздравување – духовна перспектива

1. Како да се поздравуваме | Поздравување од духовна перспектива – Вовед

Насекаде низ целиот свет, без оглед на расата или културата, луѓето се поздравуваат едни со други. Целта на поздравот варира и причините за тоа обично вклучуваат:

  • Обраќање внимание и признание за присуството на другата личност.
  • Нагласување нечие присуство познато како: формално или неформално.
  • Укажува на блискот и видот на односот помеѓу луѓе или групи.

Сепак, основните обичајни поздравувања се многу специфични за културата и ситуацијата и може да се промени во зависност од социјалниот статус и однос. Поздравувањата можат да бидат изразени тивко, гласно или физички, и често вклучуваат комбинација од нив. Во фондацијата за духовно истражување (SSRF), преземавме духовно истражување врз типовите на заеднички поздравувања, за да дознаеме какво е нивното влијание врз нас на духовно ниво. На пошироко ниво, исто така спроведовме духовно истражување со помош на био-фидбек направа за да ги разбереме промените што се случуваат во чакрите на лицата кога си разменуваат поздрави. Ова особено е изразено додека:

  • Сме во друштво на одредени луѓе.
  • Кога воспоставиме контакт со очите на состанок, и дојде до поздрав.
  • Додека разговараме се случи физички контакт или
  • Приближуваме и допираме друго лице, како и во гушкање, во зависност од индивидуалната духовна состојба на тоа лице (“Духовна состојба“ е дефинирана подоцна во овој напис.)

2. Основни информации

Пред да се споделат резултатите од нашите истражувања, да протолкуваме неколку духовни концепти за кои имаме разговарано во детали во други написи. Сите ние се разликуваме во нашиот духовен капацитет или духовно ниво. Соодветно на тоа, во зависност од тоа дали нашето духовно ниво е повисоко или пониско, ние стануваме или помалку или повеќе склони на напади од страна на негативните енергии од духовна димензија. Како резултат на тоа нашата духовна состојба се менува. Под “Духовна состојба” подразбираме, дали некое лице е опседнато од страна на ентитет (демонска опседнатост) или не. Лицето кое е на пониско духовно ниво, станува мошне склоно да биде погодено, ако не и опседнато, од негативните енергии или преминатите предци. Нашите духовни истражувања покажаа дека во сегашните времиња, поточно една третина од светското население е опседнато од негативните енергии. Овој феномен подетално е објаснет во нашиот напис за духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.)

2.1 Пренос на црна енергија

Луѓето кои што се опседнати или тешко погодени од негативните енергии се покриени со црна енергија. Оваа црна енергија не влијае само врз нив, туку исто така и врз луѓето во нивната близина. Луѓето со развиено шесто сетило можат да ја осетат црната енергија преку перципирање на духовно негативните вибрации. Луѓето со развиено шесто сетило на видовитоста, всушност можат да ја видат црната енергија која произлегува од духовно опседнато лице или лице кое е под влијание на негативните енергии.

Поздравување - духовна перспектива

Во зависност од јачината на опседнување на тоа лице, црната енергија која го обвива тоа лице може да се прошири до значителна дистанца. Потребно е да се каже, луѓето кои се во близина на опседнатото лице се со зголемен ризик да бидат погодени кога ќе воспостават физички контакт со лицето.

Црната енергија полесно се пренесува преку директно гледање во очите на опседнатото лице, преку допир, консумирање храна која ја има направено тоа лице итн. Речиси сите во некоја фаза од нивните животи ќе имаат некое ниво на црна покривка или бидат погодени и опседнати од негативните енергии или преминати предци.

Црната енергија е Тама-компонента и поттикнува многу пречки во животот на една личност, кои предизвикуваат различни проблеми во животот и пречки во духовниот растеж. Ве молиме видете го написот Сатва, Раѓа и Тама  – трите основни суптилни компоненти кои го сочинуваат Универзумот.

Обвивката од црна енергија може да се минимизира со духовна пракса или некои духовни методи на лекување. Редовна духовна пракса, сепак е најсигурен начин да се намали обвивката од црна енергија.

3. Духовно истражување на разни видови поздрави

3.1 Фактори коишто влијаат на духовната ефикасност на поздравот

Главните фактори во одлучувањето, кои поздрави се повеќе духовно соодветни, се базира врз создадените духовни вибрации, и нивото на контакт меѓу две лица.

  • Поздравите кои се со поголема веројатност да создавааат Раѓа-Тама вибрации се сметаат за духовно штетни за нас. Повеќе за ова во делот 3.3.
  • Поздравите кои се со помала веројатност да генерираат Раѓа-Тама вибрации и се со поголема веројатност да привлечат сатвик вибрации, духовно се корисни за нас.
  • Поздравите кои вклучуваат физички контакт го зголемуваат ризикот од проток на суптилни енергии помеѓу две лица. Како што повеќето луѓе не вршат редовна духовна пракса, тие се повеќе склони да бидат погодени од негативните енергии и црната енергија, а со тоа можат да влијаат и врз другите.

  • Поздравите кои се упатени со сатвик мисли како вистинска љубов, приврзаност и добра волја кон другата личност, ја зголемуваат духовната позитивност на поздравот. Сепак, тоа е само на психолошко ниво. Кога мислите се на духовно ниво, на пример “Нека оваа личност напредува духовно” или “Се колнам во душата (атма) која е во тебе” тогаш духовната позитивност на поздравот повеќекратно се зголемува.

3.2 Ефекти од поздравувања дадени од страна на одредени луѓе

Луѓе во општеството можат да бидат погодени од негативните енергии до одредени степени. За целите на оваа студија, тие се категоризираат како што следува:

  1. Опседнато лице: Свеста на лицето е контролирана од страна на негативните енергии.
  2. Засегнато лице: Лицето е под влијание до одреден степен од негативните енергии, но негативните енергии немаат контрола врз умот и интелектот на лицето. Просечниот човек спаѓа во оваа категорија.

  3. Позитивно лице: Лицето е духовно позитивно и не е под влијание на негативните енергии. Генерално ова е доста ретко во денешниот свет. Во речиси сите случаи, ова лице врши редовна духовна пракса, и е над 60% духовно ниво.

  4. Светец: Лице со над 70% духовно ниво. Во денешниот свет ова е екстремно ретко.

Кога горенаведените типови на луѓе ќе се поздрават едни со други или комуницираат едни со други, различни суптилни енергетски текови се создаваат. Во зависност од типот на луѓето кои се поздравуваат едни со други и од каков вид на поздрав користат, енергетската размена се разликува.

На пример:

  • Опседнато со погодено: Ако лице кое е опседнато од негативните енергии гушка лице кое е погодено од негативните енергии, постои голема веројатност на негативен енергетски трансфер од лицето кое е опседнато кон лицето кое е погодено.

  • Опседнато со позитивно: Ако лице, опседнато од подолните нивоа на негативните енергии, се поздравува со позитивна личност од 60% духовно ниво, тогаш би требало да дојде до ефект на исцелување врз лицето кое е опседнато.
  • Светец со засегнато: Ако Светец му посака добро на просечно погодено лице, тогаш погоденото лице ќе искуси ефект на исцелување.

Во речиси сите случаи, луѓето не можат да ја видат оваа размена на енергии, бидејќи немаат суптилна способност или развиено шесто сетило на видовитоста да согледаат. Сепак, она што можеме да го почувствуваме е дека сме исцрпени во присуство на некое лице, или после ракувањето со него. Ова е индикација за оние кои се негативно погодени од друго лице.

3.3 Типови на поздрави кои се духовно проучени

Секогаш кога комуницираме или се поздравуваме со друга личност, ние сме во опасност да бидеме погодени од суптилните енергии поврзани со тоа лице. Табелата подолу дава преглед на типовите поздрави врз кои спроведовме духовно истражување.

Типови на поздравувања1 Духовен ризик2 Духовна полза3
Намасте Најмал Висока
Поклонуваме Помал – среден Помала
Ракување Среден Нема
Гушкање Среден до висок Нема
Бакнеж Висок Нема

Фусноти:

  1. Кликнете на линкот “Типови на поздравувања” за да дознаете повеќе.
  2. Под изразот “Духовен ризик” мислиме на ризикот од генерирање вознемирувачки духовни вибрации (кои се штетни по природа) и нивниот трансфер помеѓу двете лица кои се поздравуваат едни со други, како и во непосредната околина.
  3. Под “Духовна полза” мислиме дали поздравот генерира сатвик вибрации.