1-MKD_silvia_spiritual_transformation

1. Вовед

Имав три години, кога родителите решија да ме запишат во градинка, затоа што барав премногу внимание и никогаш не бев мирна дома. Во градинка поминав три години, додека не наполнив доволно години за основно училиште. Овие три години значајно го одбележаа периодот во кој бев девојче. Не бев подготвена да се носам со исмејувањето на врсниците поради мојата тежина. Имав околу пет години кога почнав да ги доживувам првите емотивни и психолошки тешкотии, кои што имаа силно влијание на моето однесување во текот на подоцнежните години.

На таа рана возраст не знаев што се тоа его и гордост, но имав јасно чувство на гордоста. Од пет години почнав да се мразам себеси, да се чувствувам инфериорно во однос на врсниците и непријатно кога бев во друштво. Никогаш не бев задоволна од своите постигнувања и се чувствував лошо кога не успевав во нешто. Секогаш себе се посматрав од негативен агол и пријатно се чувствував кога бев сама.

Родена сум во католичко семејство и посетував католичко училиште. Иако мојот ум беше совладан од негативни мисли за себе, во училиштето со ентузијазам ги учев религиските принципи и ги применував во животот. Сакав да бидам добра личност. Се плашев да направам некоја грешка, затоа што се плашев од Бога. Во училиште не учеа дека е смртен грев да се пропушти неделната миса, па затоа морав да одам на миса, за да Бог не ме казни. Но, малку по малку, како да вршев некоја духовна пракса во рамките на својата религија, во мене се развиваше искрена желба за Богоспознание. На некој начин, осаменоста која што ја чувствував поради емотивните проблеми, ми помогна да Му се приближам.

Ја читав Библијата, одев во црква и активно учествував во активностите кои што ги подготвуваше училиштето за служење на другите. Сакав да присуствувам на духовните состаноци на младите и бев се повеќе вклучена во духовните активности, од разгледување на Библијата па се до духовните работилници. За време на средното училиште, водев некои од овие активности и во текот на мисите, често ме прашуваа да ги прокоментирам проповедите. Поради сето тоа, како и мојот труд да бидам успешна ученичка, чувствував дека станав добра личност, токму таква, како што сакав.

2. Тажна и повлечена

И покрај се, моите мисли и чувства останаа исти. Постојано бев тажна, за време на ручекот малку разговарав со семејството, а често плачев сама во собата. Моите родители беа пример за љубов и почитување, но јас со нив никогаш не можев да разговарам за моите емотивни проблеми. Уште кога бев сосема малечка, мојата мајка страдаше од длабока депресија и воглавном плачеше. Обично бев покрај неа после примањето на мачните шок терапии, што доведе до зголемување на моето емотивно страдање. Еднаш во училиштето почnав да плачам од очај, затоа што сфатив дека не постои медицински третман кој што ќе може да ја ослободи мајка ми од болеста и психолошката болка.

Во овој период на својата младост, се прашав зошто сево ова мене ми се случува. Ми се јавуваа мисли како што се ’Зошто сум родена да страдам’, ’Зошто другите не ме прифаќаат’, ’Би сакала да умрам’. Подоцна научив дека тие мисли доаѓале поради длабоко всаденото его, а биле зголемени од влијанието на негативните енергии, за да ме спрeчат да го пронајдам Бога.

3. Религиозен живот

Неколку години пред матурирањето, една калуѓерка ме поттикна да се придружам на религискиот живот, па така некое време размислував да бидам калуѓерка, но мојата судбина беше поинаква, затоа што сакав еден ден да се омажам и да имам деца.

После училиштето, започна еден поинаков период од мојот живот, во кој што целосно заборавив на својата внатрешна желба за Богоспознание. После завршувањето на факултетот постанав уметничка и неколку години подоцна започнав кариера во една интернационална организација, во областа на културата. Се омажив четири месеци по запознавањето со мојот сопруг и засновавме семејство со нашите три деца. На некој начин бев среќна, затоа што постигнав некои цели во животот. Но маката во мојот ум не престана и емотивно не се чувствував добро, бидејќи чувствата за себе кои што ги имав уште од детството, не се променија. Исто така, и покрај тешкотиите кои што ги имав во бракот, ниту еднаш не се сетив дека некогаш многу копнеев по Бога.

4. Пронаоѓање на SSRF преку синот

Бог сепак имал план за мене и подоцна сфатив зошто во младоста избрав да се омажам и да имам деца. Еден од моите синови на 16 години се разболе. Неговата состојба ме потсети на страдањата на мајка ми и моите емотивни проблеми се зголемија. Посетивме многу лекари кои што го лекуваа мојот син со разни лекови кои што не му помогнаа, па после пет години безуспешно лекување постанав безнадежна.

Во тоа време се разведов и се преселив со децата во друга куќа. Продолжив со посетите кај лекарите, обидувајќи се да му олеснам на синот. Забележав промени кај него. Од 2007. година кога син ми наполни 22 години, забележав дека син ми проведува многу време читајќи информации на Интернет и зборувајќи преку скајп, но многу малку од тоа делеше со мене. Еден ден многу се загрижив, кога случајно погледав на неговиот компјутер и прочитав нешто за духовите и демоните.

Бидејќи имав желба да дознам што чита син ми, ја побарав таа веб страница и почнав да ги читам написите. Така ја пронајдов Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Подоцна сфатив дека главната цел на читањето на SSRF Интернет страниците и комуникацијата со другите трагачи беше, син ми да пронајде духовен лек за својата болест. Ова стана многу јасно, кога самиот себе си, си обезбеди финансии за патување во SSRF Ценатарот во Индија.

5. Присуство на сатсанзите

Во текот на 2009. година, две години после откако син ми стана трагач во SSRF, отидов во посета на ќерка ми, која што студираше во странство. Една вечер ми рече дека преку скајп ќе се поврзе со син ми за да присуствуваат на сатсанг.Тоа за мене беше нешто ново. Подоцна разбрав дека и ќерка ми е исто така трагач по Вистината, и дека и двајцата присуствуваа на сатсанзите, додека јас бев фокусирана на своите световни активности. Бидејќи бевме заедно во иста соба во нејзиниот стан, таа вечер имав можност да го слушам сатсангот по прв пат. Во тој момент бев тивка, слушав што зборуваа трагачите и ја гледав ќерка ми додека се молеше во текот на сатсангот. Од некоја причина, се чувствував многу смирено. Сега знам дека Божествената свесност, која што се чувствува за време на сатсангот ја направи околината така мирна.

6. Започнување со сатсева

Син ми во 2010. година ме мотивираше да започнам со сатсева (служење на Бога), преведување на SSRF написите од англиски на шпански, што и го направив тоа. Неколку месеци подоцна, веднаш после Гурупурнима (денот кога Божјиот принцип на Учење е 1000 пати по моќен отколку вообичаено), го започнав своето духовно патување, така што започнав со пеење на Божјото Име Шри Гурудев Дата и почувствував како Бог после многу години пак да ме вика.

7. Пресвртница во мојот живот

Во 2011. година имав привилегија да учествувам во Духовната работилница, која што се одржуваше во SSRF Духовно истражувачкиот центар во Гоа, Индија. Времето што го поминав таму беше повеќе блажено, затоа што учев од искуствата на другите трагачи и нивниот труд на духовниот пат. Гледајќи на годините на мојата младост кога бев посветена на духовните активности во училиштето, сфатив дека Бог секогаш беше со мене, и покрај оние години кога јас заборавив на Него. Тогаш беше вистинското време да започнам духовна пракса според шесте основни принципи на духовната пракса.

Набрзо започнав со духовна пракса. Почнав да ги читам духовните искуства кои што ги имале другите трагачи, поради нивната духовна емоција. Бев многу мотивирина и сакав и јас да ги почувствувам духовните искуства, затоа што никогаш ја немам искусено духовната димензија. Но забележав дека не добивам никакви духовни искуства  како другите и се осеќав фрустрирано. После некое време, сфатив дека духовните искуства доаѓаат според Божјата волја и наместо да ги очекувам, треба да се потрудам во духовната пракса. Се трудев и малку по малку, давајќи ми бројни искуства, Бог почна да ми кажува дека одам во вистинската насока, што многу ме мотивираше.

8. Духовни искуства

Првото духовно искуство го добив кога го одведов мојот најмлад син во блиската планина. Кога се враќав назад да стигнам на локалниот сатсанг, забрзав со возењето, молејќи се да стигнам на време на сатсангот. Одненадеж, почувствував мирис на јасмин во колата. Го барав изворот на тој мирис, но ништо не најдов. Мирисот траеше околу 30 секунди, а јас бев во Блаженство. Потоа мирно возев и на време стигнав на сатсангот.

Бог ми даде и духовни исуства со појава на Божествени честички на моите раце и слушнав Божествени звуци додека вршев сатсева. Многу сум Му благодарна што ме охрабри да го продолжам својот пат во духовната пракса со ентузијазам, давајќи ми ги овие духовни искуства.

9. Отстранување на недостатоците на карактерот и егото

Процесот на отстранување на недостатоците на карактерот и егото, кој што го започнав како дел од својата духовна пракса, беше подарок од самиот Бог. Ми помогна да сфатам, дека мојот ум носи импресии од минатите животи, кои што влијаат на мојот секојдневен живот. Моето его кое што се покажа како гордост од детството, сигурно било присутно во мојот ум многу животи, длабоко вкоренето, но со советите од SSRF пронајдов начин да започнам со негово намалување.

Низ мојот живот, се додека не се приклучив на SSRF, бев многу лута на себе, или на било кој би се обидел да ми укаже на грешките. Бидејќи се мразев себе си и мислев дека сум безвредна, не можев да прифатам ако некој друг ми кажеше дека сум таква, поради тоа уште повеќе бев лута. Исто така, не можев да прифатам ако направам било каква грешка и неколку дена после тоа се чувствував лошо, затоа што сакав другите да ме гледаат како совршена. Секогаш на другите им се прикажував како личност со многу самодоверба, а во себе се осеќав спротивно на тоа. Овие манифестации се јавуваа и кога започнав со процесот на отстранување на личните недостатоци и егото, затоа што не можев да прифатам кога другите ми укажуваа на грешките. Во една прилика, еден трагач ме праша како напредувам со мојата гордост и јас поради тоа многу му се налутив.

Преку духовната пракса по советите од SSRF, научив како да ги прифатам грешките и како да се потрудам да ги избегнам. Исто така, сфатив и ако направам некои грешки, тие се тука заради моето учење. Луѓето отсекогаш ме познаваа како мирна личност, но јас мислам дека таа смиреност не беше искрена, затоа што се трудев да ги прикријам внатрешните конфликти и несигурност. Денес, после започнувањето на духовната пракса, чувствувам дека искрено станувам мирна личност. Бесот се намали, а мислите за животот кои што ги имав во минатото, повеќе не ми се важни. Големо учење е дека нема повреден поклон од животот на Земјата, затоа што Бог ни го дал за да вршиме духовна пракса за да го спознаеме Него.

Честопати ќе помислам, мојата мајка да вршеше духовна пракса, ќе добиеше заштита од влијанието на негативните енергии и можеше да има подобар живот, ослободена од длабоката депресија. Во мојот случај, негативните енергии ме попречуваа, така што ми го зголемуваа егото и што создадоа многу тешки и емотивно болни ситуации во мојот живот. Многу сум Му благодарна на Бога, што сум во состојба да го намалам своето его и исто така со помош на советите на SSRF да развијам попозитивна состојба на умот.

10. Повторно пронаоѓање на Бога

Денот кога одлучив да имам деца, не знаев дека судбината ја одиграла својата улога. Му се вратив на Бога поради нив. Си помагаме едни на други во духовната пракса затоа што сме семејство, но поважно од се, затоа што сме блиски трагачи. Ова е едно од најблажените духовни искуства што ми ги даде Бога.

Мојата вера во Бога секојдневно се зголемува и го чувствувам Неговото секојдневно присуство во сите активности и ситуации. Денес, не се мразам себе си, туку се сакам, затоа што мојата душа е Бога, а Бога неизмерно го сакам.

Се предавам на Бога со благодарност.

“Живеј го животот како да си гостин, за да во моментот на смртта не бидеш несреќен. Наместо тоа, ќе бидеш среќен, токму така како што и гостинот е среќен кога се враќа дома.“ – Неговата Светост Др. Атавле

– Г-ѓа Силвиа Датоли, Ла Паз, Боливија – Јужна Америка