MKD-time-place-chant

Според духовната наука не ни е потребно посебно време и место за пеење на Божјото Име.

Причините за ова се:

  • И просторот и времето ги создал Бог и според тоа Божествениот Принцип е присутен во нив цело време. Затоа, човек може да го пее Божјото Име во било кое време и на било кое место и да има пристап до Неговата Божествена присутност.

  • Исто така, добиваме пристап до Божествената енергија кога го повторуваме (пееме) Неговото Име без оглед на времето кога пееме.
  • Повторувањето додека ги извршуваме дневните активности е по напредно од повторувањето кое го работиме додека седиме на едно место. Причина за ова е тоа што кога го повторуваме Божјото Име додека ги вршиме световните активности, го одржуваме континуитетот на духовната пракса (садна). Како резултат, со продолжување на духовната пракса со пеење на Божјото Име, човекот ја задржува врската со Бога во сите околности.

Некои луѓе велат дека треба да стануваат рано и дека пеењето подобро се работи на изгрејсонце. Причина за тоа е што тогаш чистотата на сатва компонента во атмосферата е во поголема концентрација отколку во било кое друго време во текот на денот и затоа ни е полесно да пееме.

Горе наведеното е точно според духовната наука, меѓутоа тогаш чистотата на (сатва) компонента во нас се зголемува за само 0,001%. На трагачите по Вистината им се советува според својот темперамент да изберат време кога пеењето ќе биде најдобро. Значи, ако некој не е навикнат да станува рано, не е неопходно да се присилува на рано станување за да пее на сабајле.