MKD-Dr-Athavale-creator-of-the-PDR-process

1. Како се започна

Овој уникатен метод е развиен од страна на Н.С. Др. Атавле – Параптар Гуру, Тој е инспирација на SSRF и основач на Универзитетот за духовни науки. Порано во Неговиот живот, Н.С. Др. Атавле беше клинички хипнотерапевт со богато истражувачко искуство во оваа област. Тој ова истражување го продолжи седум години, додека практикуваше клиничка хипнотерапија во Англија и постигна меѓународно признавање. Тој е автор на многу списанија и рецензирани статии кога станува збор за оваа тема “Развој на личноста и Клиничка Хипнотерапија”.

Подоцна во неговиот живот, кога Тој дојде до духовноста со водство и благослов на Неговиот Гуру – Бахтараѓ Махараѓ, Тој сфати дека тоа е голема наука и е исто толку логична, како било која модерна наука, со свои сет на правила и принципи. Тој откри како духовниот аспект на нашиот живот, во голема мера влијае на нашата личност и како одговараме на ситуации. Во текот на следните триесет години, придружуван од голем број на трагачи, Неговата Светост Др. Атавле иновираше важни истражувања поврзани со духовната димензија и документираше како духовната димензија влијае на нашите животи и се разбира на човечката историја.

2. Ефектот на недостатоците на карактерот кои ги имаат луѓето

Денес поради недостатоците на карактерот и високото его на мажите и жените, негативните енергии од духовната димензија го користат ова против луѓето да извршат многу ужасни дела. Како резултат на тоа, човекот живее во дисхармонија со природата, како и другите луѓе. Како последица на тоа, низ светот во поголем интензитет еруптираа природни катастрофи, престрелки, бунтови, војни и акти на геноцид. Поради овие исти недостатоци на карактерот, човештвото во 2016-та година е на пропаст и сме загледани во бездна на претстојната трета светска војна. Само кога светот ќе биде опустошен од трета светска војна и природни катастрофи од повисоко ниво, ќе народите сфатат дека недостатоците на карактерот имаат катастрофална последица, особено кога се камуфлирани од страна на културни и религиозни норми.

Кога ќе се соочи со таква катастрофа, човештвото ќе сака да се промени на подобро и ќе бара водство од духовно развиените лица. Процесот на отстранување на недостатоците на карактерот создаден од Н.С. Др. Атавле, ќе помогне да се отвори патот за масовна трансформација на општеството. Историјата ќе забележи дека со богата истражувачка заднина и во разбирање на човечкиот ум и во духовноста, Н.С. Др. Атавле, одржи единствена позиција да го води човештвото во личниот развој и духовен раст, помагајќи му на општеството да помине во новата ера и пошироко.

3. Инспиративното влијание на процесот на отстранување на карактерот врз духовниот раст

Заклучно со 17-ти септември 2015-та година, под Негово водство, 746 трагачи постигнаа повисоки духовни нивоа од над 60% и 58 трагачи достигнаа Светост. Ова е нешто што никогаш не е постигнато досега во духовната историја на светот. Покрај ова, илјадници трагачи сведочат дека процесот на отстранување на недостатоци на карактерот и процесот на отстранување на егото (како дел од нивната духовна пракса), биле пресвртна точка, односно пресвртница. Овие два процеси бргу им помогнаа да ги надминат слабите точки, те. недостатоците на карактерот, како што се страв, гнев и несигурност, овозможувајќи им трансформациона промена во нивниот карактер, на подобро.

Ги покануваме сите до еден, да ги видит туториалите (упатствата) со цел да се живеат посреќен живот и позитивно да влијаат на општеството.