Како пеењето како духовна пракса е во согласност со основните принципи на Духовноста?

Според духовната наука повторувањето (пеење) на Божјото Име е препорачана основна духовна пракса во денешно време, те. во периодот на пеењето (Калијуга). Пеењето се врши во текот на целото духовно патување. Пеењето може да се практикува било каде и било кога и затоа е најсоодветна духовна пракса.

Оваа духовна пракса, освен тоа што е практична, исто така е во согласност со шесте основни духовни принципи за кои веќе говоревме малку порано.

Духивен принцип Како пеењето е во согласност со шесте основни духовни принципи
Духивен принцип
Како пеењето е во согласност со шесте основни духовни принципи
Патишта кон Бога има  колку и луѓе
Не се очекува од сите да го повторуваат истото Име. Секоја личност го пее името на Божеството/Бога според својата религија или традиција.
Од мнозинство кон еден
Од многу зборови во молитвите се оди кон еден збор – Името на Бога. Тој еден збор е концентриран облик на Божјата енергија.
Од грубото и материјалното (допирливото) кон суптилното (недопирливото)
Поединецот напредува од читање на Светите книги, обредното црковно Богослужење итн. кон суптилната духовна пракса, а тоа е пеењето на Божјото Име кое може да се применува било кога и било каде и не е ограничено со времето и просторот. Обично кога присуствуваме на обредно Богослужење, или одиме на аџилак, мислите ни се на друго место. Кога пееме, свесни сме за окружувањето, но мислите ни се со Бога.
Духовната пракса се врши според духовното ниво или духовниот капацитет
Овој едноставен вид на духовна пракса може да го работи секој. Пеењето е основа, а како се напредува кон вишите облици на духовната пракса така се усвојуваат вишите нивоа на пеење како на пример: пеење без помрднување на усните, потоа ментално и на крајот непрекинато пеење.
Вршење на духовна пракса која одговара на времето во кое живееме
Според духовната наука, пеењето е духовна пракса која се препорачува на човештвото за денешно време те. за оваа доба.
Да се понуди на Бога  во согласност со својот талент и можност Секој од нас има на располагање одредени ресурси. Сите тие ресурси сме ги добиле од Бога. Основниот принцип во духовната пракса е користење на овие ресурси како дел од нашата духовна пракса и за духовен раст како би му служеле на Бога.