Како да пееме со концентрација

1. Вовед во пеењето со концентрација

Кога почнеме со пеење, една од главните бариери со кои се соочуваме се мислите кои продолжуваат да ни доаѓаат. Тие воглавном се јавуваат поради сомневањето во пеењето и поради импресиите во потсвесниот ум (чита). Во овој напис даваме некои практични совети за тоа како да ја поправиме концентрацијата за време на пеењето. Мораме да имаме на ум дека постигнувањето на концентрација во пеењето е цел, а не средство.

2. Како да се поправи концентрацијата за време на пеењето

Следете колку пеете: Можете да користите бројаница или механички бројач да знаете колку сте пееле. Тоа ќе ви помогне да се концентрирате.

Практикувајте пеење наглас: Ако умот ни скита додека пееме корисно ќе биде да пееме наглас, барем некое време или да пуштиме снимка од пеење. Кога другите мисли ќе се намалат и постигнеме одредена концентрација, можеме да се вратиме на ментално пеење.

Зголемете ја брзината на пеењето: Исто така, можеме да го забрзаме пеењето на некое време, а кога ќе постигнеме концентрација пак да ја намалиме брзината.

Пејте на тивко место: Ако ни е проблем да се концентрираме можеме да пробаме да пееме на тивко место или на место кое привлекува повеќе сатва компонента, како што е во природа, на место на Богослужење итн.

Пејте кога се пробудите и пред одење во кревет: Бидејќи активноста на умот околу секојдневните работи е помала кога се пробудиме и пред спиење, во тоа време е полесно да се постидне концентрација.

Синхронизирајте го пеењето со дишењето: Коко што спомнавме во нашиот напис усогласување на пеењето со дишењето, мислите влегуваат во нашиот ум со секое вдишување. Ако го синхронизираме своето пеење со дишењето, влијанието на мислите на нас се намалува.

Здружето го пеењето со држењето на рацете: Спојте го врвот на показалецот со палецот на двете раце. Ова е мудра или положба на рацете која помага да се намалат мислите и постигне концентрација.

Автосугестии за пеење: Редовното пеење на автосугестија ќе ја унапреди нашата способност да се сконцентрираме на пеењето. Можеме да ја компонираме автосугестијата на следниот начин: “Кога имам бескорисни мисли, ќе бидам свесен за тоа и ќе се сконцентрирам на пеењето“. Автосугестиите се вршат на следниот начин:

1.     Пејте 1-2 минути

2.     Ментално повторете ја автосугестијата 5 пати

3.     Изразете благодарност

Оваа постапка можете да ја повторите 3-5 пати дневно.

Смирете го погледот: Додека пееме, можеме да го смириме погледот гледајќи во еден објект или точка без треперење. Ова помага во концентрирање на умот.

Пејте со затворени очи: Бројот на мисли може да се зголеми од надворешните влијанија, така да и пеењето со затворени очи може да ја поправи концентрацијата. Ако сме поспани, подобро е да пееме со отворени очи.

Вршете го пеењето пред слика на Бога или Божеството чие Име пеете: Ако е можно, пред себе можете да држите слика или фотографија на Бога или Божеството чие Име го пеете. Ова нашиот ум ќе го фокусира на Божјиот принцип.

Помислете на Бога или Божеството чие Име пеете, или на својот Гуру: Ова може да ја зајакне нашата духовна емоција (бав) и пеењето ќе тече со повеќе концентрација поради Богољубието кое го чувствуваме кон Нив. Покрај тоа, сите други напори кои ги вложуваме да ја зголемиме духовната емоција ќе го поправат и квалитетот на пеењето.

Молитви: Одвреме-навреме можеме искрено да се помолиме: “Драги Боже, те молам помогни ми да постигнам концентрација во пеењето“.

Средства за духовно исцелување: Во денешно време раѓа-тама компонентата во животната средина е голема. Бидејќи ова загаденост влегува во нашето тело, таа на нас има различни ефекти, а еден од нив е зголемување на бројот на мислите. Применување на средства за духовно исцелување, како што се солена вода, третман со кутии или палење на мирисливи стапчиња се ефикасни начини за намалување на црната обвивка кој го спречува нашиот ум да се фокусира на пеењето.

Вежбање: Што повеќе пееме, бројот на нашите мисли постепено се намалува. Тоа значи дека со самото вежбање нашата концентрација се зголемува. Што повеќе практикуваме пеење, ќе бидеме во состојба подобро да се концентрираме.

Милоста на Гуруто: На крајот, само милоста на Гуруту може да ги елиминира сите мисли, затоа што ние не сме во состојба сами да ги елиминираме или контролираме своите мисли. Милоста на Гуруто можеме да ја придобиеме со редовно вршење на духовна пракса со интензивна желба за Богоспознание.

3. Како заклучок – Како да пееме со концентрација

Пеењето со концентрација ни помага да доживееме повеќе Блаженство. Тоа исто така ја зајакнува импресијата на пеење во нашиот потсвесен ум и кога пееме со концентрација добиваме повеќе заштита од Бога.

Меѓутоа, дури и кога не можеме да пееме со концентрација, важно е да истраеме со пеењето. Со време ќе постигнеме и концентрација. Можеме да си поставиме цел за време од 6 месеци да ја поправиме концентрацијата во пеењето.