MKD-chanting-cross-legs

Нашата цел е дека можеме да го пееме (повторуваме) Божјото Име во континуитет и со концентрација. Имајќи го тоа на ум, можеме да се потрудиме да пееме во било кое време и во било која положба – седејќи, стоејќи или шетајќи.

На пример, можеме да пееме додека лежиме, гледаме телевизија, готвиме или патуваме со превоз на работа.

Додека седиме и го повторуваме Божјото Име треба да ни биде удобно. Ако не е, може да не вознемири било каква непријатност која ќе не спречи да имаме придобивки од пеењето со концентрација.

Важно е да додадеме, дека можеме да добиеме максимална придобивка од пеењето ако седиме во положба со прекрстени нозе. Причина за тоа е што духовната енергија која се создава со повторување на Божјото Име подобро циркулира преку нашето тело додека сме во оваа положба. Отворената положба, како што е лежењето на кревет, итн. може да ја расипува енергијата  во околината.

Ако сакате можете да направите еден експеримент. Пробајте да го повторувате Божјото Име во некоја неформална положба и во положба со прекрстени нозе и проверете дали чувствувате разлика.