Дали пеењето без вера е корисно?

Да, дури и ако го пееме Божјото Име без вера, можеме да имаме корист од тоа, иако е таа ограничена само на световната корист.

Споредба со витаминските апчиња: Секое Божјо Име одговара на одреден аспект на Бога. Со пеењето на одредено Божјо Име, ние добиваме корист од тој одреден Божествен Принцип. Ова може подобро да се разбере ако се спореди со земање на витамински апчиња. Кога земаме апче со некој витамин, ние имаме корист од тој витамин, те. нивото на тој витамин во нашето тело се зголемува. Ова се постигнува со самото земање на апчето, без оглед на тоа дали ние веруваме во апчето, или не. Слично на ова, кога го пееме Божјото Име, тој принцип расте во нас. Ова се случува независно од нашата култура, или религија и без оглед дали пееме со, или без вера.

Пеење со и без вера: Всушност, повеќето луѓе е под духовното ниво од 30% и нивната вера во Бога е од 0 – 2% (видете го графиконот подолу). Во нивниот случај пеењето ќе почне со малку, или без вера, но тоа пеење ќе им донесе само световна корист како и разни духовни искуства кои понатаму ќе им ја развијат верата. Меѓутоа, ако некој пее со вера, додатни придобивки ќе се натрупуваат. Постои изрека дека парите се световна валута, а дека верата е валута во духовниот живот. Кога пееме со вера, ние:

  1. Многу брзо го активираме Божеството (аспектот на Бога) те. Божествениот Принцип чие Име го пееме,
  2. Ефектите траат подолг временски период и
  3. Најважно е дека со пеењето постигнуваме духовен раст кон спознавањето на Бога.

Ова се случува затоа што, кога пееме со вера, ние повеќе го чувствуваме Божјото присуство. Ова значи и зголемување на духовната емоција (бав), која е нашата способност да го почувствуваме Неговото присуство секаде околу нас. Ова чувство на Неговото присуство го намалува нашиот фокус на самите себе и затоа ни се намалува егото. Бидејќи го намалуваме егото, поспособни сме да пристапиме до Божествената енергија на Божеството (аспектот на Бога) чие Име го пееме.

Според законот на акција, секогаш постои некој резултат од се што работиме. Ако пееме со ограничена цел за некоја световна корист, тогаш се случува да кога исполниме една предодредена количина на пеење, бидеме благословени со некоја световна желба. Меѓутоа, ако пееме со вера да го достигнеме Бога, тогаш пеењето го поттикнува духовниот раст.

Ефективност на пеењето со вера

На сликата подолу е графикон кој покажува како пеењето го зголемува нашето духовно ниво.

faith as function of spiritual level

Следната табела ја покажува разликата во духовната енергија помеѓу две лица, едно на духовно ниво на 30% и другото на духовно ниво од 70%, и двете обавуваат пеење секое за себе и со различна количина на вера.

Ефективност на пеењето со вера во однос на духовното ниво
Духовно ниво 30% 70%
Ефективност во односот на акумулирана енергија 1 100,000

Забелешка: Да би имале корист од пеење мантра, не е потребна вера, најважно е правилно изговарање.