MKD-vd-transformation

1. Вовед

Од детството бев наклонета кон Духовноста, иако не го знаев вистинското значење на тоа. Одвнатре, од секогаш верував дека Бог ќе се грижи за мене.

Израснав во хиндуистичко семејство, почитувајќи ги обредите и секојдневното Богослужење. Почнав да постам од својата 11 година и го сакав Бога, посебно Богот Рама (врховно Божество), затоа што се чувствував блиску до Него. Кога имав 12 години учев Шри Рам училиште (Свети стихови) на Санскрит и ги читав Светите текстови. Од 12 година бев заинтересирана за Светците и почнав да го пеам Името на “Богот Рама“.

Во нашето семејство, мојот помлад брат од секогаш имаше здравствени проблеми и многу животни проблеми. За време на моите тинејџерски години, моето семејство се соочуваше со многубројни проблеми, на пример: пукнатини кои што се појавиа на куќата, губење на велосипеди, исчезнувања на мојот брат по неколку дена и здравствени проблеми на мајка ми.

Генерално, во своите молитви се молев на Бога за добар живот и академски успех. Брат ми во 1997. година имаше голема операција на мозокот, по што му беше оштетен видот. Докторите рекоа дека треба да бидеме среќни што воопшто остана жив. Ова за мене беше пресвртница. Порано имав обичај да го прашам Бога “Зошто ова нам ни се случува“. Моите родители страдаа и емотивно и финансиски. Тоа толку многу ме вознемируваше, што се молев на Бога јас да умрам наместо брат ми, да ме пушти мене јас да страдам, а него да го поштеди. Исто така, многу ме болеше тоа да го гледам помладиот брат, како се мачи со слабиот вид и како му е потребна помош во се. Се грижев за неговата иднина. Ми беше тешко да ги гледам родителите како страдаат. На 18 години (1996), почнав да работам полно работно време за да ги исплатам своите студии (Основни студии на електротехника). Се будев секој ден во 6 часот наутро, а заминував на спиење после полноќ, понекогаш во 2 до 3 часот наутро.

2. Прашања во умот

Следејќи ја операцијата на брат ми, почнав да размислувам дека сигурно има нешто за што ние не сме свесни. Ми се појавија многу прашања во умот. Некои, на кои се сеќавам се: “Зошто мојот помал брат има проблеми а не јас или постариот брат?“, Зошто луѓето имаат различни верувања, религии и патишта?“, Дали успехот се случува само поради нашиот труд?“, “Дали се е во нашите раце?“, Дали некој може да ја сопре смртта?“.

Почнав да го читам духовниот текст што ми го даде вујко ми, но не можев да продолжам затоа што семејството ме молеше да останам посветена на студиите, а и не сакаа баш да читам такви книги. Се плашеа дека ќе се оддалечам од световниот живот ако продолжам да ја читам таа книга. Рецитирав една сторта секој ден, продолжив со пеењето и се трудев воглавном да живеам сатвик начин на живот за време на овој период. Но, постојано сонував многу змии како ме мачат, но никогаш не ме повредија. (Подоцна од SSRF дознав дека тоа е знак за проблеми со духовите на преминатите предци).

3. Начинот на живот се промени во САД

Се оженив во 1999. година и со сопругот заминав во САД. Начинот на мојот живот целосно се измени и почнав да се шминкам, да носам разна облека (црна и слично), се интересирав за убавината и разни фризури. Тешко се вклопив во средината и чувствував носталгија за својата земја.

Единствената позитивна работа беше, тоа што тогаш имав доволно време да читам духовни текстови во библиотеката.

Во 2002. година родив син. Пријателот на еден SSRF трагач не посети и ни ја покажа SSRF интернет страницата. Одвреме навреме почнав да ја читам таа страница, а и од љубопитност, кога ќе се прашав за нешто. Во САД барав работа и продолжив со претходно започнатото пеење, стортите и дневното Богослужење во текот на тој период. Исто така, сакав да продолжам со студиите на факултетот и да добијам магистерска диплома.

Во периодот помеѓу 2004-та и 2006-та година, започнав со мастер студиите во Калифорнија и повторно започнав со полно работно време. Поради густиот распоред, малото дете, работата, обврските дома и здравствените проблеми бев под голем стрес. Дневното рецитирање на стортите речиси престана (дури почнав да ги заборавам зборовите). Секојдневното Богослужење исто така престана. Ми беше тешко да пеам секојдневно, што беше многу полесно во мојата земја.

За време на овој период се разболев, започна со мала кашлица која траеше со недели, а кога земав лекови за неа, се појавиа несакани ефекти. Еден од лековите ме држеше поспана, а другиот ме држеше будна. Овие несакани ефекти траеа неколку недели, но нивното влијание врз мојот организам останаа многу подолго. Лековите му нанесоа штета и на мојот ум. Не можев да сфатам што ми се случува. Се чувствував несигурно и почнав да се чувствувам инфериорно. Исто така, почна да опаѓа учењето на факултетот. Иако се трудев да направам се што можам да ги поправам работите, ништо не делуваше. Кавгите со сопругот се зголемија. Чувствував некој суптилен ентитет дома и почнав многу да се плашам. Воопшто не знаев дека имам толку слаб ум. Не можев да ја разделам реалноста од соновите. Сопругот и пријателите неможеа да разберат што не е во ред со мене. Понекогаш се чувствував како некој да ме следи на работа, на факултет, па дури и дома. (Напомена од уредникот: Лицето може да се чувствува вака, поради тоа што по пат на шестото сетило го чувствува суптилниот ентитет околу себе.)

4. Необјасливи настани

1. Неколку пати со сопругот ги заборававме клучевите од дома, поради тоа имавме непријатности. Еднаш го оставив клучот во автомобилот и останав заклучена.
2. Еден ден порано си дојдов дома и вратата беше ширум отворена. Мислев дека сопругот нешто работи дома, но кога влегов, немаше никој.
3. За време на тој период, чувствував многу бес кон сопругот и синот.
4. Често одев во болницата за итни случаи, но се беше во ред со мене и медицински и психолошки.
5. Една ноќ брзо заспав и почувствував дека некој излегува од станот, па веднаш станав. Видов дека синот (тогаш имаше 2 години) и сопругот спијат во другата соба но вратата од станот беше отклучена.
6. Кога бев сама дома, чудни работи се случуваа. Постојно имав нешто како “Дежа Ву“ и како повторно да доживував некои случки.
7. Еден ден, гледав ТВ и сцената која што се прикажуваше во тој момент, беше таа истата во која јас се наоѓав во моментот. Бев изненадена и се прашав “Како е можно оваа?“.

Поради овие и слични искуства, се чувствував како да го губам разумот, бидејќи не можев да сфатам, зошто сето тоа се случува. Почнав да се плашам и не можев повеќе да донесувам ниту најмали одлуки. На пример: “Што да облечам ако морам да излезам?“. Ми беа потребни по дваесетина минути да одлучам, што оди со кошулата или постојано пробував разни комбинации. Еднаш кога се шетав низ шопинг центарот, бев толку исцрпена што едвај одев и ми беше толку тешко што ми идеше таму да заспијам.

Во текот на 2006-та година ја напуштив работата и направив пауза од студиите, бидејќи не можев да го поднесам сето тоа што ми се случуваше.

Во тој период, SSRF веб-сајтот ми помогна. Читав разни духовни страници за да пронајдам решение, и од љубопитност поставував разни прашања како овие: “Дали навистина постојат духови?“, “Што е тоа низ што поминувам?“. Често ја посетував SSRF интернет страницата, каде што се наоѓа сликата на Неговата Светост Др. Атавле и од непознати причини бесно разговарав со Неговата слика.

5. Започнување со духовна пракса

За време на оваа кратка пауза од работата и со продолжување на магистратурата во 2007-ма година, ми беше малку полесно. Можев да продолжам со дневното обредно Богослужење, со пеењето и добив нова работа. Во 2008-ма година купивме нова куќа и се преселивме во друг крај. За една година повторно бев бремена и набрзо после тоа повторно дојдов во контакт со уште еден трагач на SSRF. Мојата духовна пракса започна во 2009-та година за време на втората бременост.

Од SSRF дознав за пеењето кое ги отстранува проблемите со суптилните тела на преминатите предци и за негативните енергии, за духовите, дежа ву, итн. Во почетокот, додека ја пеев пеаницата Шри Гурудев Дата, имав потешкотии да се концентрирам но подоцна концентрацијата се случуваше природно. Во почетокот на јули 2009-та година, почнав секој петок да присуствувам на SSRF јавните сатсанзи за Северна Америка. Поставував и прашања на SSRF интернет страницата и моето проучување на SSRF веб-сајтот започна вистински. На многубројните прашања што ги имав, за време на сатсангот добивав одговори а не поставував прашања. (Напомена на уредникот: Така делува Божјиот Принцип на Учење)

Многу прашања што ги имав во детството, исто така, ги разрешив, а и почнав да го сфаќам концептот на судбината. Сфатив зошто ги гледав змиите во соновите и зошто само мојот брат мораше да помине преку операција. Кога почнав со практикување на Духовноста и со примена на она што го научив на сатсанзите, многу духовни искуства ми помогнаа верата да се зголеми и ми покажаа дека сум на вистинскиот пат кон Бога. Чувствував дека оваа е нешто што го тражев многу години. Бев благодарна на сознанието за мерките за духовно исцелувањесатсанзите, служењето на Апсолутната Вистина (сатсева)духовното прочистување на домот. Ова, исто така, многу помогна да се намалат расправиите помеѓу мене и сопругот. Почнав да се трудам да постанам сатвик, да јадам сатвик храна, да носам сатвик облека (на пример: престанав да носам црно) и почнав да ја врзувам косата на сатвик начин. Сопругот, исто така, почна да присуствува на сатсанзите и започна со духовна пракса.

6. Посета на Неговата Светост Панде Махараѓ

PANDE_MAHARAJВо 2010. година со децата и сопругот го посетивме Светецот на високо духовно ниво (Н.С. Панде Махараѓ). Ме праша зошто сум несреќна, а мене ми потекоа солзи. Не сакав да погледнам во Него. Подоцна дознав (затоа што трагач со високо развиено шесто сетило ми кажа) дека очите ми биле нападнати од негативна енергија. Така сфатив зошто не можев да гледам во Светецот. Научив и дека гревовите се губат кога со покајание плачеме пред Светец. Ме покани да седнам до Него и бев благословена со прегратка. Ја почувствував Неговата неизмерна љубов кон мене. Почувствував топлина и многу позитивна енергија. Се чувствував дека сум во најсигурното место на целиот свет, она што од секогаш го барав. Претпоставувам дека ми се случи и духовно исцелување поради Неговото присуство.(Напомена од уредникот: Неговата Светост Панде Махараѓ е Светец на духовно ниво од 86% и навистина во Негово присуство автоматски се случува духовно исцелување.).

Неговата Светост Панде Махараѓ погледна во моите деца, едногодишната ќерка и осумгодишниот син и рече дека тие се родени од високиот регион на Рајот (Уќарсваргалока). Бев изненадена, но почувствував неизмерна благодарност дека овие мали деца веќе се трагачи по Бога од вишите региони на Универзумот и дека дошле во нашето семејство духовно да напредуваат.

Ми беше кажано дека треба да поработам на отстранување на личните недостатоци на бесот и тврдоглавоста. Започнав со аспектот на духовна пракса којшто се вика отстранување на личните недостатоци. Ми требаше речиси една година бесот да се намали и полека се чувствував подобро во врска со себе. Почнав да чувствувам дека овој аспект на духовна пракса на SSRF- Патот на милоста на Гуруто помага моите лични недостатоци навистина да се намалат.

Ми беше тешко да го прифатам попречувањето од негативните енергии, како и многуте други препреки со кои што се соочував во текот на своето служење на Апсолутната Вистина, но блиските трагачи секогаш ме охрабруваа пред да почнам со служењето, прво да направам мерки за духовно исцелување. После духовното исцелување негативните мисли веднаш исчезнуваа.

Соновите со змиите што ги имав исчезнаа во првите неколку години од духовната пракса, како и немирот којшто се покажуваше како брзо движење (тропкање) на моите нозе. Умот ми стана помирен, а заминувањата на спиење доцна во ноќта постепено престанаа.

7. Прва посета на SSRF духовно истражувачкиот центар во 2012. година

За време на оваа посета, најголемото учење ми беше дека, Бог ја знае секоја мисла во нашиот ум. На едно од прашањата коешто го имав, добив одговор пред да прашам некој за тоа. Научив всушност што е тоа благодарност, кога бев сведок на тоа како трагачите по Бога ги вршат сите активности во секој аспект од својот живот со една цел, а тоа е Богоспознание. Почувствував позитивна енергија во целиот SSRF Духовно Истражувачки Центар. Исто така сфатив дека тоа е само мое чувство дека сум одвоена од Бога. Цврсто одлучив дека сакам да предадам и жртвувам се за Бога, (затоа што ништо не ниту мое, секогаш припаѓало Нему). Поради своето его секогаш мислев дека она што мене ми е на ум другите не го знаат, но сега сфатив дека Бог знае се.

После оваа посета, за шест месеци, во декември 2012. година, повторно дојдов во SSRF Центарот на Духовен семинар. Оваа посета беше неочекувана но многу блажена. Процесот на отстранување на личните недостатоци и егото се случуваше на многу подлабок начин. Сфатив кои се тие мои длабоко вкоренети недостатоци после овој семинар. Научив што е вистинска духовна интровертност, како да ги прифатам грешките и како да ги исправам. Исто така, разбрав дека мирното минување низ судбината е дел од духовната пракса, како и дека некогаш бев тврдоглава и како моите недостатоци предизвикуваа несреќа во мојот живот.

8 Благодарност

Не можам да пронајдам зборови за да изразам благодарност на Бога и на SSRF за разрешување на сомнежите и за советите како да одам кон Бога. Продолжувам со трудот во духовната пракса и правам мали чекори кон Бога.

– Г-ѓа В.Д., САД