MKD_principle-oriented

1. Вовед

Да се биде ориентиран кон Принципот, значи да се следат Духовните принципи (Божествените принципи), коишто ни ги откриваат духовно напредните луѓе.

2. Да не се останува приврзан за физичката форма

Во Духовноста, Духовниот учител (Гуру),  има големо значење во водењето на трагачот на патот кон ’Ослободување’ и достигнување на состојба на постојано Блаженство (Ананд).  Природно е да во текот на духовната пракса, под водство на Духовниот учител, трагачот може да се приврзе за неговата физичка форма, бидејќи Гуруто е тој, којшто постојано го води трагачот кон Бога и покрај тоа се грижи за неговите и духовни и световни потреби. Меѓутоа, ако приврзаноста за Гуруто биде постојана, тоа може да доведе до духовна стагнација. Поради тоа им се советува на трагачите да бидат ориентирани кон Принципот, а не кон лицето. Неговата Светост Др. Атавле  секогаш зборува: “Немојте да останете приврзани за мојата физичка форма“. Со други зборови, Тој од нас очекува да продолжиме со мисијата на ширење на Духовноста, без приврзаност за Неговата физичка форма. На тој начин, Тој не приближува од материјализираната (сагун) форма, кон не-материјализирано (ниргун) ниво.

3. Предности на ориентацијата кон Принципот

3.1 Избегнување на духовна стагнација

Трагачот може духовно да стагнира, ако е ориентиран кон некое лице. Тоа не се случува ако трагачот е ориентиран кон Принципот. Оние, коишто се приврзуваат за физичкото тело, можат да вршат активности ограничен временски период, додека оние коишто делуваат на не-манифестирано (ниргун) ниво, можат да вршат активности суптилно. Тоа можеме да го разбереме со следнава аналогија: Ако хобито на некој човек е градинарство, тогаш големината на градината што ја залева и се грижи за неа, е ограничена на неговиот физички капацитет. Големината на градината за којашто ние можеме да се грижиме е многу малечка во споредба со пространството на природата на Земјата. Елементите, како што се Сонцето и дождот, внимаваат на целиот растителен свет на природата. Слично на тоа, во текот на духовната пракса треба да обрнеме внимание на тоа, да не се ограничиме и не приврзуваме за било кој човек или Гуруто. Треба да бидеме приврзани само за Бога, којшто е вечен. Само тогаш можеме да достигнеме ’Ослободување’ од циклусот на раѓање и умирање и да се соединиме со Божественото.

3.2 Остварување на состојба на експанзивност со ориентирањето кон Принципот

Трагачот може да има ограничена перспектива и да биде приврзан за физичката форма на Гуруто или Светецот. Во тој случај се ускратува учењето коешто Гуруто (Принципот на Учење или Бога) му го испраќа преку другите. Ако трагачот се приврзе за Принципот, тој развива експанзивност (квалитет на Бога) и има став дека целиот Универзум е мој дом, а целиот свет мое семејство. Тој може да ги усвои учењата од другите, па дури и од неживите објекти.

3.3 Не е под влијание на ограничување на местото и времето

Човекот е приврзан за ограничувањето на местото и времето и така за него важат основните правила на “Создавање, Одржување и Разградување“. Меѓутоа, духовните принципи не се поврзани со местото и времето, па така се надвор од ова правило.

Основното правило на “Создавање-Одржување-Разградување“, значи дека се што е создадено некое време се одржува, а потоа се уништува.

3.4 Стремеж кон перфекција

Основното правило на “Создавање-Одржување-Разградување“, значи дека се што е создадено некое време се одржува, а потоа се уништува.

Секој човек има своја единствена основна природа. Секоја природа има недостатоци, мани и дефекти. Меѓутоа, “Принципот“ со тоа што е не-материјализиран (ниргун), нема своја природа, па така нема ниту недостатоци.

4. Значење на одењето од материјализирана (сагун) форма, кон не-материјализиран (ниргун) Принцип

Ниргун е Сеприсутниот, Сезнаечки и Семоќен Бог.