Да се оди од мнозинство кон еден

Резултатот на нашиот труд е многу посилен кога се концентрираме на една цел наместо на повеќе нив.

Што е поефикасно?

  • Да копате еден бунар со длабочина од десет метри или да копате десет бунари од еден метар.
  • Да собирате наградни километри за чести летања кај неколку авио компании или да се држите само до една компанија.

Во продолжение ќе видиме како функционира ова во зависност од различни патишта кон Бога.

Пат на Акција (Кармајога): Во почетната фаза трагачот дава прилози на питачите. Во следната фаза целиот свој труд го фокусира на еден случај како што се донации за училишта или болници.

Пат на Знаење (Нијанјога): После проучувањето на повеќе духовни текстови, од “new age” филозофија, до религиозни текстови, трагачот конечно се свртува кон еден текст кој има најголем процент на духовна вистина.

Пат на Богољубие (Бактијога): Трагачот напредува од Богослужење на поголем број на Божества кон едно, оди само на едно место на аџилак наместо на многу, чита една книга со Свети текстови наместо повеќе нив.

Пат на пеење на Божјото Име (Намасанкиртанјога): Трагачот го пее Името само на едно Божество наместо повеќе нив.

Пат на благословот на Гуруто (Гурукрупајога): После посетувањата на многу Светци, трагачот конечно посетува само еден Гуру. Без оглед на тоа кој духовен пат се следи, духовниот напредок над одредено ниво е можен само со помош на милоста на Гуруто (благослов).