Како е можно непрекинато да пееме додека работиме било која активност?

Често ни поставуваат прашања како на пример, ’Дали е можно да се пее цело време? Што се случува ако зборуваме или работиме нешто што бара употреба на интелектот? Дали тогаш е можно да се пее?’

Одговорот е, ’да’. Сепак, ова ниво на пеење се случува во подоцнежниот стадиум на духовниот пат кога центарот на пеење е длабоко всаден во нашиот потсвесен ум. Ајде заедно да разбереме како е можно непрекинато да се пее.

Вообичаено е дека секој од нас може истовремено да се фокусира на осум работи. Овие осум точки кои истовремено ги перципираме ги доживуваме преку петте сетилни органи: 1. уши, 2. кожа, 3. очи, 4. јазик и 5. нос (кои се познати како пет надворешни сетилни органи), 6. преку свесниот ум, 7. потсвесниот ум и 8. интелектот (овие последниве три се внатрешни сетилни органи).

Подетално за ова можете да погледнете во написите:

Ајде ова подетално да го разгледаме од следниот пример со девојката која ја поминува улицата на многу прометно место. Да погледнеме како секоја од нејзините осум точки на перципирање истовремено ја врши својата соодветна функција. Ги опишавме внатрешните сетилни органи, како на пример умот и интелектот како аура околу телото на девојката. Ќе забележите дека умот и интелектот не се претставени како физички органи каков што е на пример мозокот, тие всушност се суптилни, нематеријални и се шират околу нас.

Додека размислува за поминување на улицата, таа е просто бомбардирана од разни дразби кои истовремено мора да ги забележи преку своите пет надворешни сетила. Таа истовремено го забележува сообраќајот околу себе, го слуша звукот на возилата, станува свесна за некои мириси од улицата или некој случајно ја турнал, и чувствува сладок вкус во устата – и сето тоа во исто време.

И додека нејзините надворешни сетилни органи се во функција, преку своите внатрешни сетилни органи (бела аура околу телото) таа размислува за поминување на улицата, со интелектот донесува одлука да помине и истовремено се присетува на уште некои работи кои ќе ги сработи.

Сите ние сме го доживеале ова повеќе пати во различни ситуации во животот.

Сега да ја земеме во предвид ситуацијата во која девојката повеќе години врши духовна пракса пеење на Божјото Име. Во овој случај, покрај претходно споменатите осум точки кои ги забележува, нејзиниот ум исто така пее, дури иако таа не е свесна цело време за тоа.

Можеби појаснувањето кое следува подобро ќе објасни како сето ова е можно:

  • Секој човек поседува способност да забележува осум работи истовремено. Со оглед дека секој орган ја врши својата функција, дури и кога читаме важен документ само очите и интелектот се во функција, додека умот може да врши пеење. Исто е и кога зборуваме, устата и интелектот се вработени додека умот може слободно да пее.
  • Сепак, кога еднаш се воспостави центар на пеење во потсвесниот ум, пеењето се случува без оглед на активноста. Ова се случува кога трагачот достигне духовно ниво од 50%. Оваа форма на пеење не е вербална и всушност е еден вид на Блаженство кое го доживуваме додека дишеме или го пееме Божјото Име. Во овој стадиум знаците кои се евидентни однадвор се дека мислите и фокусот на лицето повеќе се на духовен напредок отколку на световните работи. Кога еднаш го достигнеме овој стадиум, пеењето се случува дури и во сонот, те. се случува константно 24 часа. Лицето не само што не прави никакви свесни напори да пее, туку повеќето време не е ниту свесно дека пеењето се случува.

Додека не го достигнеме овој стадиум, пеењето се случува со свесни напори. Во овој случај пеењето се случува само кога лицето е свесно дека пее. Лицето на ова ниво нема да биде во можност да пее додека работи некоја интелектуална активност со оглед дека потсвесниот ум не е способен да продолжи со пеење кога престане свесното пеење со труд.