Недоразбирања поврзани со Светците?

Во продолжение се дадени неколку недоразбирања поврзани со Светците:

1. Добра или религиозна личност или оној кој прави чуда е Светец?

Светецот го одредува само неговото духовно ниво. Во зависност од патот на една личност, критериумите за духовно ниво на Светецот може да се разликуваат. Луѓе можеби се во можност да права чуда поради различни причини. Најчеста причина е затоа што обавувале (вршеле) духовна пракса во претходниот живот. Сепак, несовесно прикажување на духовни сили обично доведува до духовна стагнација на лицето.

2. Едно лице треба да биде мртво за да стане Светец

Едно лице не треба да биде мртво за да стане Светец. Со соодветна духовна пракса која се обавува под водство на авторитет во духовноста кој го достигнал нивото на Гуру (духовен учител, кој е над 70% духовно нивo), едно лице може да достигне духовно ниво од 70% во само еден живот.

3. Светоста е ограничена само на неколку избрани поединци

Светост, односно постигнување на духовно ниво од 70% не е духовна состојба, која е наменета само за неколку поединци, ниту пак значи дека тоа лице е родено со дарба да биде Светец. Секое лице на Земјата со искрена желба да достигне Светост, има еднакви шанси да постане преку постојано преземање повисоки и повисоки нивоа на духовна пракса. Под раководство на Гуру, сите ние можеме да се поврземе со принципот на душата, која е нашата вистинска природа.

4. Светец треба да припаѓа на одредена религија

Перспективата за Светец е универзална и не е предмет на било која религија или секта. Во прилог на ова, Светец не мора да биде само од одредена религија. Светец може да биде роден во одредена религија, но Светост може да постигне преку духовна пракса. Во оваа фаза, Тој оди далеку над организирана религија, и може да го види Бога (Душата) во секој човек и дека постојат толку многу патишта кон Бога, колку што има луѓе.