Колкав процент од светското население е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енерги, итн.)?

Ве молиме имајте во предвид дека овде го употребивме терминот ‘негативни енергии’ како колективна именка која ги претставува резличните видови на суптилни ентитети (со различна духовна моќ) кои имаат намера да му нанесат штета на општеството и поединците.

1. Процент од светското население под влијание на духовите

Во 2013 година, светската популација се проценува на повеќе од 7 милјарди луѓе (Реф: census.gov)

1-MKD_comparission-world-ghosts

Популацијата на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) во сегашната ера е десет пати поголема од луѓето. Бидејќи популацијата на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) е повеќе бројна од популацијата на луѓето до таков голем обем, што тие негативно влијаат на голем дел од светската популација во денешната ера. Со текот на години овој процент варира. Додека поголем дел од човештвото е под влијание, некои страдаат во поголема мера од другите, бидејќи се опседнати од овие демонски ентитети. Ве молиме причитајте го написот за разликата помеѓу демонска опседнатост и што значи да се биде под влијание на дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.).

Во следните под-наслови, ги презентиравме нашите наоди (преку духовно истражување), во однос на тоа, до кој степен светското население е под влијание или опседнато од овие демонски ентитети.

2. Под влијание наспроти опседнатост од духовите

Во 2013 годиина,

  • 30% од целата популација е опседната од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
  • 50% се под нивно влијание
  • 20% не се под влијание: Од ова
    • 50% од 20-те % никогаш не се под влијание, а
    • 50% од 20-те % се под влијание неколку месеци

 

2-MKD_Percentage-impacted-by-negative-energies Забелешка: Овие проценти не се статични и со текот на времето се менуваат.

Како што можете да видите, голем процент од светското население е опседнато или под влијание. Ова е една од главните причини за сегашната криза во светот. Демонски (негативни) енергии дејстуваат преку луѓето и ги искористуваат нивните лични дефекти (недостатоци на карактерот) да создадат конфликт и нестабилност во светот на ниво на поединецот, семејството, општеството и нацијата.

Некои можеби ќе помислат ‘Јас секако дека не се чувствувам како да сум опседнат’ ова е затоа што зборот ‘опседнат’ може да ви даде лажни слики на опседнатост како што се прикажани во филмовите ‘Егзорцист’ или ‘Егзорцизмот на Емили Роуз’. Всушност во речиси сите случаи, лицата кои се опседнати не знаат дека се опседнати, се додека опседнатоста не се манифестира на начин како што е во случајот на Емили Роуз. Ова е затоа што во повеќето случаи процесот на опседнување се случува постпено за период од неколку години. Исто така, со прогресивна контрола врз свеста на лицето, духот на крајот го доловува умот и интелектот на лицето кое го опседнал, толку целосно што мислите и инстинктот на лицето, се всушност на ентитетот кој го опседнал тоа лице.

Генерално, луѓето мислат дека опседнатоста значи тешка опседнатост, меѓутоа опседнатоста може да биде блага, умерена или тешка – ве молиме прочитајте го делот подолу.

3. Видови на духови кои влијаат на човештовото

Во однос на 80-те % од свестката население кое е под влијание или опседнато од негативни енергии.

  • 70% се под влијание на духовите од пониските нивоа (т.е. 56% од вкупната популација), а
  • 30% се под влијание на духвите од повиските нивоа како мантриците (т.е. 24% од вкупната популација)

4. Население според степенот на опседнатост

Ве молиме прочитајте го написот – Нивоа на опседнатост.

3-MKD_breakdown-ghosts

Од 30 % од луѓето кои се опседнати како што е прикажано во дијаграмот погоре.

  • 14% од населението спаѓаат во категоријата на ‘блага опседнатост’. Луѓето од оваа категорија лесно може да се препознаат со помош на интелкетот. Овие луѓе прикажуват физички, психолошки, интелектуални и духовни промени кои неможе да се објаснат. Во овој случај на блага опседнатост, духовната сила на ентитет кое го опседнало и контролира лицето, е минимална во споредба со другите нивоа.
  • 8% од луѓето кои спаѓаат во категоријата на ‘тешка опседнатост’ се најопасни за човештвото, бидејќи ентитетот кој ги опседнал овие луѓе е од повисоките редови, односно има поголема духовна моќ (како што е мантрик) и е главно заинтересиран да мунаштети наопштеството во целина. Затоа тој опседнува луѓе кои имаат слични негативни особини и кои имаат тенденција да им наштетат на другите, како што се извршување акти на тероризам врз општеството.

5.  Духовно ниво и способност да се дијагностицираат луѓе кои се под влијание на негативните енергии или опседнати од нив.

Доста често суптилните тела на преминатите предци и негативните енергии влијаат или поттикнуваат ситуации на Земјата. Невозможно е за едно лице кое нема развиено шесто сетило (и кое не е запознаено со влијанието на духовите и како духовите опседнуваат):

  1. Да разбере дали едно лице е опседнато или е под влијание,
  2. Да ја дијагностицира вистинската основната причина на еден настан и,
  3. Дали да го препише на физичка, психолошка или духовна причина, како што е напад од негативна енергија.

Кога негативна енергија од повисок ред или ниво како што се мантриците поттикнат инцидент или настан, уште потешко може да се согледа нивната улога зад настанот. Негативните енергии од повисок ред и ниво ги контролираат духовите од пониските нивоа, исто како што мафијашките босови ги конторолираат обичните криминалци. Полесно е да се фати обичниот криминалец, но многу тешко да се поврзе настанот со шефот на мафијата.

Од друга страна, ако едно лице има високо духовно ниво и развиено шесто сетило или способност за надсетилна перцепција, тој или таа е во состојба да ја согледа вистинската причина зад тоа зошто се одвиваат инциденти и настани. Како општо правило, лицето може да идентификува само напад од дух од исто духовно ниво. На пример, ако едно лице е на духовно ниво од 50% и има активно шесто сетило, тоа може да идентификува само дух на духовно ниво од 50%.

Ако сакате повеќе да дознате за овој аспект, во молиме прочитајте го написот Нивоа на способност за перцепирање на паранормалните активности со нашето шесто сетило.

6.  Процент од светското население под влијание на духовите низ ерите

Следната табела покажува во колкава мера човештвото било под влијание/опседнато од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

4-MKD_graph

Забелешка: 100% од сегашната ера на раздорот (Калијуга) се однесува на делот од времето кој го означува крајот на ерата.

Причината зошто е зголемено влијанието на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) врз светското население е затоа што просечното духовно ниво на човештвото со текот на времето се намалувало, односно опаѓало. Како што можете да видите, просечното духовно ниво во ерата на Вистината (Сатјајуга) било 70%; давајќи им на луѓето во таа ера, потребната духовна заштита од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Од друга страна во сегашната ера на раздорот (Калијуга) просечното духовно ниво е 20% што значи дека поголемиот дел од населението нема соодветна духовна сила за заштита од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

Во оваа под-ера во рамките на главната ера Калијуга, силата на негативните енергии го дистигна врвот во 2012-13 година.

Ве молиме прочитајте го нашите написи: Трета светска војна, Предвидувања и  Армагедон и Добро и зло – вечна борба