01-MKD-healing-methods-objects

1. Начини или методи за духовно исцелување

Постојат два начини или модели за духовно исцелување каде механизмот со кој се канализира енергијата се разликува. Во овие два начини, исцелување воглавном се спроведува преку:

1. Користење на неживи предмети како што се Света вода и Свет пепел.

2. Преку лице:

  1. Лицето или исцелителот воглавном треба да биде на духовно ниво од над 50% и кое не е под влијание на негативните енергии, или
  2. Преку Светец (односно, лице на духовно ниво над 70%).

Во зависност од начинот кој се користи, се менува и механизмот на делување (т.е. како енергијата се канализира). Во овој напис ќе бидеме фокусирани на моделот на исцелување со користење на предмети и средства коишто духовно се прочистени.

2. Начин на исцелување и методот кој му одговара

Ќе се обидеме да ги објасниме начните на исцелување во форма на едноставна аналогија преку палење на светлото.

1. Прекинувач: Првиот чекор при вклучувањето сијалица е притискање на соодветниот прекинувач за да се запали сијалицата. Во духовното исцелување тоа би значело да се избере средство или предмет кој ќе се користи во духовното исцелување.

2. Жица: Струјата понатаму тече низ жицата и сијалицата почнува да свети. Во зависност од тоа која сијалица сакаме да ја запалиме, потребно е да го притиснеме и соодветниот прекинувач. Слично на тоа, во духовното исцелување, различни методи за исцелување имаат различни ефекти во зависност од нивото на позитивна енергија.

3. Сијалица: Во сите случаи крајниот резултат на исцелување (т.е. сијалицата која свети) е добиен преку петте Апсолутни Космички Принципи (Панчататва).

02-MKD-Mechanismof-Healing

2.1 Механизмот на првиот начин на исцелување: Неживи објекти

Во продолжение се дадени неколку типови на неживи објекти и Апослутните Космички Принципи преку кои се одвива исцелувањето:

Објекти употребени за исцелување Просечен % на позитивна духовна енергија1 Апсолутниот космички принцип кој се активира
Кристали користени во исцелување со прана 0.25% Оган
Амајлии 2% Оган
Камења 2% Земја
Кристали 2% Оган
Религиозни симболи 2% Земја
Религиозни симболи 2% Оган
Мирисливо стапче од јасмин (камели) 2% Воздух
Света вода (Света вода + Свет пепел) 2% Вода + Оган
Мирисливо стапче или парфем 2% Земја
Бои 2% Зависи од бојата
Јантри (специфични дијаграми2) 3% Оган
Кравја урина (гомутра)3 3% Вода
Свет предмет даден од Светец3 4% Вода
Ракопис на Светец над 90%3 5% Оган

Фусноти:

  1. Постојат различни нивоа на позитивна духовна енергија
  2. Јантра е дијаграм направен со цел да пренесува духовна енергија.
  3. Во овие три случаи, кога постои поврзаност со живи битиа, тие се способни да привлечат и емитуваат Чаитанија. Чаитанија е санскритски збор кој значи Божествена свесност. Таа е сезнајна и семоќна сила на Божествениот Принцип. Божествената свесност е посуптилна и помоќна од основната суптилна Сатва компонента. Затоа, кога Божествена свесност ќе се воведе сатвикот се зголемува. Забелешка: На скала од 1 до 100, Божествената свесност во било кој објект е 0, додека максималната Божествена свесност во нежив објект е 6, и таа постои во конечното почивалиште на Светец од највисоко ниво. Ве молиме погледнете го написот за тоа Кој може да се смета за Светец?

Овде повторно го среќаваме основниот принцип на духовно исцелување каде само со зголемување на сатвикот на заболеното место, ја намалуваме способноста на духот да влијае врз едно лице. Зголемениот сатвик потоа делува па пат на било кој или комбинација од Апсолутните Космички Принципи и така донесува исцелување.

Начин на кој треба да ја читаме претходната табела:

Ајде да го земеме примерот со Света вода. Таа има способност да ја зголеми позитивната духовна енергија во просторот кој ќе биде попрскан за 2%. Исцелувањето се одвива преку Апсолутниот Космички Елемент Вода (Апа) и Оган (Теѓ).

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), исто така го препорачува Третманот со солена вода како мерка за духовно исцелување. Овој третман не го вклучивме во претходната табела бидејќи се разликува од горенаведените мерки. Поточно, наведените објекти во табелата погоре имаат способност да ја зголемат позитивната духовна енергија. Од друга страна пак, третманот со солена вода се користи за отстранување на негативна црна енергија.

3. Резиме

  • Во делот објекти коишто се користат за духовно исцелување, детално објаснивме како да се користат секоја од овие духовно исцелувачки алатки и исто така, кога да ги користиме. Ве молиме погледнете го и написот “Механизмот за духовно исцелувачките методи кога одредено лице исцелува.”
  • Правање напори да се зголеми нашата духовна емоција (Бав) заедно со искажување искрени молитви пред, за време и после користењето  на објектите за духовно исцелување наведени погоре, ја зголемува моќта на исцелување на овие духовно исцелувачки мерки.
  • Редовна духовна пракса заедно со држење на нашите акции, мисли и животна средина сатвик, помага да се подобри ефикасноста на духовно исцелувачките мерки.