1-MKD-Addiction-treatment-through-spiritual-healing

1. Основни принципи на кои се заснова лечењето на зависностите преку духовно исцелување

2-MKD-healing

Според Духовната наука, целиот Универзум е составен од три основни суптилни компоненти – Сатва, Раѓа и Тама. Сатва е компонентата која претставува духовна чистота и знаење; Раѓа претставува страст и акција; и Тама претставува незнаење и инерција. Суптилните вибрации кои произлегуваат од се и сешто, зависат од преовладувачката суптилна компонента од кои тие се составени. Детално го објаснивме значењето на Сатва и Тама во написот – ‘Што се основните суптилни компоненти?’

Најсигурниот начин да ја зголемиме Сатва компонентата во нас, е да ја зголемиме нашата духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. Исто така, духовната пракса треба редовно да се обавува и од време на време да се зголемува на квантитативно и квалитативно ниво. Со тоа, доаѓа до зголемување на духовното ниво, како и пораст на основната суптилна Сатва компонента во самата личност. Духовната пракса која не е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, ќе има ограничено или нема да има никакво позитивно влијание врз сатвикот на некое лице, или на неговиот духовен развој. Духовната пракса е долгорочен и одржлив лек за било кој тип на влијаниа од духовите или суптилните тела на преминатите предци.

Духовното исцелување обезбедува краткорочно олеснување и овозможува нашата духовна пракса да се користи воглавном за духовен раст, на тој начин има потполно влијание на нашиот живот, наместо нашата духовна пракса да биде искористена само за лекување на зависноста.

Најдобрите резултати се остваруваат кога заедно со духовната пракса, живееме и Духовно  во сите аспекти на нашиот живот, и на сите нивоа кои ја сочинуваат нашата свесност (т.е. физичко, ментално, интелектуално, итн.). Следниов дијаграм претставува она од што се состоиме, и пример на она што можеме да го направиме за да го прочистиме секој слој.

3-MKD-comprised-of

2. Духовно исцелување на зависности во три чекори

Важно е да се разбере дека не постојат два случаи на зависност кои се слични на духовно ниво, и ќе биде тешко да се примени општ лек, кој би бил соодветен за сите случаи каде духовите или суптилните тела на преминатите предци се основна причина за зависноста.

И покрај тоа, предложивме терапевтски третман за лечење на зависност во три чекори, за да им помогнеме на луѓето да надминат било која зависност.

Забелешка: Следниот програм од три чекори во исцелувањето е заснован на користење духовна пракса како алатка за надминување на зависностите. Резултатите не се само благотворни, туку и долгорочни.

4-MKD-3-steps-1

4-MKD-3-steps-2

4-MKD-3-steps-3

Забелешки:

  • Не е задолжително да се откажете од земањето на супстанцијата или да прекинете со активноста од која сте зависни на почетокот на програмата за исцелување.
  • Меѓутоа, важно е постојано и редовно да се повторуваат заштитните пеаници, што може да се обавува во секое време и место.
  • Времетраењето на пеењето, може да биде само неколку минути на првиот ден, кога ќе започнете со третманот. Времетраењето може постепено и постојано да се зголеми во зависност од личниот капацитет во текот на следните неколку дена, за да се достигне саканиот минимум, како што е наведено во третман програмата за надминување на зависности во 3 чекори. Запамтете да колку повеќе пееме:
    • Толку посилна е заштитата,
    • послаби се симптомите кои се појавуваат во текот на откажувањето од земање дрога, и
    • побрзо ќе бидеме ослободени од канџите на зависноста.
  • Еднаш, откако ќе бидете постојани во спроведувањето на овие три чекори секојдневно, можете активно да почнете да го намалувате земањето на супстанцијата од која сте зависни, или материјата која ја предизвикала зависноста.
  • Оваа духовна третман програма може да се обавува истовремено со било каков третман, пропишан од страна на вашиот лекар или психијатар. Немора да го прекинувате медицинскиот третман.
  • Еден додатно важен фактор за духовно исцелување на зависност е многу ниската застапеност на симптомите на одвикнување од дрога. Причината за ова е тоа што 50% од симптомите на одвикнување се предизвикани од страна на духот, а 50% е реакцијата на телото, поради недостаток на супстанцијата од која сме зависни. Со духовна пракса, зависникот ги надминува оние 50% кој ги предизвикува духот. Останатите 50%, стануваат подносливи, односно лицето може сето тоа да го издржи физички. Зголемувањето на сатвикот во лицето, кое зголемување се должи на духовната пракса, ја зголемува неговата или нејзината толеранција.

Спојте го трудот на духовно ниво со молитви. Молитвите можат да бидат со следнава содржина:

  • О Боже, Те молам благослови ме со интелектуално убедување да започнам духовна пракса.
  • О Боже, Те молам благослови ме со сила да започнам и истрајам во својата духовна пракса.
  • О Боже, Те молам благослови ме со постојано сеќавање на пеење и молитви.
  • О Боже, Те молам благослови ме со сила да се држам настрана од …………
  • О Боже, Те молам уништи ги желбите кои создаваат зависност во суптилното тело на преминатиот предок или дух, кои создаваат проблеми.
  • О Боже, Те молам уништи ги центрите на црна енергија во моето тело, создадени од страна на духот/суптилното тело на преминатиот предок, за да предизвикаат зависност во мене.
  • О Боже, Те молам создај заштитна обвивка од својата божествена енергија околу мене, и заштити ме од влијанието на црната енергија на духот/суптилното тело на преминатиот предок.

Заедно со ова помага и одржување на сатвик начин на живот.

Се препорачува да овој духовен третман (исцелување) се продолжи во текот на целиот живот, бидејќи ќе помогне да не заштити нас, од било какви понатамошни влијаниа од страна на негативните енергии.

3. Како функционира овој механизам

Кога редовно го применуваме духовниот третман за надминување на зависности во 3 чекори, ние ја зголемуваме Сатва компонентата во нас. Ова, за возврат ја зголемува нашата духовна енергија и духовните одбранбени системи. Духот или суптилното тело на преминатиот предок, во кој преовладува Раѓа-Тама, не можат тоа да го издржат и се принудени да заминат. Кога ова се случува, лицето е во можност веднаш да се откаже од зависничката навика, и да живее нормален и среќен живот.

4. Важни фактори за да духовното исцелување на зависноста биде успешно

  • Конзистентност во духовна пракса во духовната третман програма за надминување на зависност во 3 чекори.
  • Интензивна желба да се откажете од зависноста, а според тоа и силна волја тоа да се стори. Разни други фактори, како што се да се биде во средина за духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, притисок и поддршка од семејството, притисок и поддршка од општеството, итн. исто така, ја зајакнуваат нашата волја да се надмине проблемот со зависноста. Силата на волјата е многу важен фактор во забрзувањето на процесот на рехабилитација. Ако нечија сила на волја е поголема од силата на духот кој го опседнал лицето, едно лице може да се откаже од зависноста само со силата на волјата. Шок терапија, исто така помага во овој процес. Поради оваа причината, жените кога ќе станат свесни дека се бремени, нивниот мајчински инстинкт само додатно ја зголемува веќе постоечката сила на волјата.
  • Вера во Бога и обавување духовна пракса помага да се забрза процесот на лекување.

5. Време потребно за целосно излекување од зависности

  • Со ригорозно применување на програмот од 3 чекори, едно лице може да очекува надминување на зависноста.
  • Во некои исклучителни случаи, дури и ако лицето постојано ја следи програмата, времето потребно да се излечи зависноста преку духовно исцелување може да трае подолго, доколку силата на духот којшто опседнува е голема.
  • Исто така, ќе зависи и процентот на уживање на духот во зависноста, наспроти уживањето на лицето во зависноста. Ако претежно духот е тој кој ужива во зависноста, тогаш лицето нема да има голем проблем да се откаже од зависноста веднаш, откако тоа ќе започне духовна пракса и го надмине попречувањето. Ако афинитетот за супстанцијата е целосно од духот, лицето ќе биде целосно излечено преку духовно исцелување.

6. Придобивките од духовното исцелување во однос на конвенционалните третмани

  • Минимален трошок: Споредно со некои скапи рехабилитациони програми, овде трошокот воглавном е врзан за вложеното време и редовниот труд, проследено со занемарлив трошок за камена сол. Доколку пак немате на располагање камена сол, може да се користи морска сол/готварска сол, меѓутоа ефикасноста на мерката ќе се намали за 30%. (Ве молиме прочитајте го написот – Солена вода како духовен лек.)
  • Минимални симптоми на одвикнување: Доста често имавме прилика да видиме да луѓето кои практикуваат Духовност, многу често се во можност да се откажат дури и од уште посилни зависности без било какви симптоми на одвикнување. Тие едноставно не можат повеќе да ја поднесат таа навика, и веднаш прекинуваат со неа без никакви несакани ефекти.
  • Целокупната општа состојба се зголемува: Кога едно лице ќе започне да обавува духовна пракса, не се решава само неговата или нејзината итна потреба да се надминат зависностите, туку и целиот нивни живот се тргнува кон подобро.  Некои од придобивките на духовна пракса се наведени во продолжение:

7. Случаи каде зависноста наеднаш престанува, без некоја посебна причина

Во поединечни случаи, се случува да зависноста наеднаш престане, без некоја посебна причина или напор. Од духовна гледна точка може да се работи за следново:

  • Лицето зависник, ја завршило својата судбина  на страдање преку таа одредена зависност.
  • Лицето зависник, ја завршило својата “сметка на земање и давање” со суптилното тело на одредениот предок или духот (демонот, ѓаволот, негативната енергија, итн.)
  • Суптилното тело наоѓа друго, посоодветно тело за исполнување на своите желби.
  • Суптилното тело го завршува своето страдање преку заробеноста на својата желба и се придвижува кон повисок регион или под-регион на постоење.

8. Заклучок и што можете да направите со ова истражување

  • Духовното истражување на зависностите покажа дека, често главната причина за зависноста се наоѓа во духовната димензија.
  • Без земање во предвид на духовната димензија, луѓето кои им помагаат на зависниците во нивната рехабилитација, во повеќето случаи ќе имаат ограничен успех.
  • Ако познавате некој на кој му е потребна помош и одвикнување од зависноста, ве молиме проследете му го овој напис по електронска пошта (e-mail), или на начин како можете или ви е најлесно.
  • Исто така, обезбедивме и патоказ и план за лекување во рамка. Ги повикуваме рехабилитационите центри и институции кои се занимаваат со зависности да покрај својот вообичаен пристап да го вклучат и духовниот третман предложен во овој напис.
  • Доколку применувањето на предложениот третман во овој напис ви помогне на вас или на некој друг кого го познавате во надминување на својата зависност, ве молиме да не известите. Вашето искуство ќе охрабри и други да започнат духовна пракса, и да ги надминат ваквите видови на проблеми во нивните животи.