Истражување на случајот: Г-дин С.Г. Ваткар се излечи од срцева болест без операција

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

1. Резиме на срцевото заболување на г-дин С.Г. Ваткар

MKD-Vatkar

Г-дин С.Г. Ваткар работи како заменик генерален директор во индиска корпорација за транспорт во Мумбаи, Индија. Тој обавува духовна пракса од 1989-та година. Во продолжение е наведен извештај на г-дин Ваткар, кој со свои зборови ја наведува историјата на случајот, симптомите и духовните мерки кои го излечиа.

Осеќав болка во градите неколку месеци. Бидејќи интензитетот на болката се зголеми на 12-ти февруари 2000-та година беше направено ЕКГ. Мојот матичен лекар ме увери дека ЕКГ-то и мојот крвен притисок се нормални.

Бидејќи интензитетот на болката во градите продолжуваше, го однесов тоа ЕКГ на кардиолог и барав совет од него. Тој ме советуваше да направам стрес-тест. Додека подлежев на стрес-тестот, на 15-ти февруари 2000-та година, докторот кој ме советуваше да го направам овој тест, во рок од 4-5 минути го стопираше тестот и ми рече дека имам сериозен срцев проблем. Нормално овој тест се завршува по 15 до 20 мин.

Доколку сакате да ги видите резултатите од тестот, ве молиме погледнете овде > Резултат 1  & Резултат 2.

Кога резултатите од стрес-тестот ги покажав на друг кардиолог, тој предложи ангиографија доколку сум спремен да направам операција. Тој препорача медицински третман и контрола за две недели. Истиот тој ден, по телефон му ги соопштив проблемите поврзани со здравјето на Н.С. Др. Атавле.

Додека Му говорев, тој ме прекина и рече, “Ти немаш никаков срцев проблем”. Ова се случило поради исцрпување на резервите од твојата Витална енергија (Прана-шакти).  Започни да земаш ајурведски лекови, одмори се и продолжи со служењето на апсолутната вистина (сатсева).

Почнав со земањето на лековите и се одмарав недела дена. Но, наместо да се намали, болката во градите почна да се зголемува. Специјалист кој живееше во моја близина, ме советуваше да направам уште некои медицински тестови, да земам соодветна терапија и повеќе да се движам. Тој ме увери дека вежбањето ќе покрене циркулација (природен бајпас). Пријатиелите и лекарот на работа, исто така, ме советуваа да направам дополнителни испитувања. На 22-ри февруари 2000-та година, примив порака веднаш да го контактирам Н.С. Др. Атавле. Веднаш Му заѕвонив мислејќи дека е нешто итно и доверливо.

Првото нешто што рече, “Го праша ли Неговата Светост Јошибаба за духовен третман, како што ти реков во и-мејлот што ти го испратив на 16-ти февруари?”

Му одговоривм,”Не ја добив оваа порака. Затоа и не Го прашав за духовен третман. Сега ќе одам кај Него”. Потоа го прашав дали во меѓувреме можам да останам во болница за да ги направам дополнителните тестови. Тој ова го одобри.

На 23-ти февруари бев примен во Лилавати болницата во Мумбаи, Индија. За време на престојот во болницата во рок од 2-3 дена, подлежев на различни медицински тестови.

Кликнете овде (слика 1 и слика 2) за да ја видите отпусната листа од Лилавати болницата издадена на 2-ри март 2000-та година, на која може да се види дијагнозата, историјата на случајот и резултатите од тестовите кои беа спроведени.

Од извештаите, беше очигледен податокот кој говореше дека срцето е недоволно снабдено со крв, што го доведуваше мојот живот во голема опасност и не можеше да се лечи само со лекови. Овие тестови (скенирања и нуклеарна медицина) имаат стапка на точност од 90%. Лекарот ми рече дека за да може да донесе одлука за натамошен третман, ќе треба да направам ангиограгифија. Благодарение на благословот на Гуруто, сите лекари кои ме советуваа беа сатвик или луѓе во кои преовладува сатва компонентата, но нивните дијагнози беа засновани само на физички прегледи. Бев малку несигурен и загрижен. Веднаш почнав да ги применувам духовните мерки препорачани од Н.С. Јошибаба.

Тој рече,”Иди на ангиографија. Ние ќе одлучиме што после, но од друга страна, не мора да преземаш такви мерки”.

Кликнете овде за да ја видите скен сликата од миокардната перфузија и извештајот од скенот на миокардната перфузија, направени на 25-ти февруари 2000-та година.

Пред да направам понатамошни истражувања и третмани на 27-ми февруари 2000-та година, зборував со Н.С. Др. Атавле. Тој рече,”Напарави ангиографија. Ако лекарот препорача операција (коронарен бајпас) направи го. Не сакаме да ја трошиме духовната пракса за да лечиме физички болести. Имаме многу работа која треба да се направи во иднина, и не сакаме да го трошиме твоето време. Пеј го Божјото Име кое ти е советувано и продолжи ја препорачаната духовна мерка од Н.С. Јошибаба.

Кликнете овде за да го видите извештајот од скенот на миокардната перфузија, направен на 27-ми февруари 2000-та година. И двата извештаи покажуваат ревирзибилна исхемија кај предниот и дел од долниот ѕид на срцето.

Зборовите на Н.С. Др. Атавле ме охрабрија и одлучив,”Што и да се случи, ќе биде според Божјата волја”. На 29-ти февруари 2000-та година, ме однесоа во салата за операција за ангиографија. Со Сеќавање на својот Гуру, Н.С. Бахтараѓ Махараѓ и Н.С. Др. Атавле, ги затворив очите и почнав да го пеам Името на семејното Божество. И покрај тоа што имав можност да ја набљудувам процедурата преку монитор, ниту видов, ниту слушнав нешто. По 15 минути, докторот извика “Честитки! немате ниту 1% блокада во вашите крвни садови. Обично, кај 54-годишен човек, блокада од 50-70% во крвните садови е честа појава. Толку чисти крвни садови се реткост. Нема потреба за ангиопластика, ниту ставање бајпас. Немате никакви срцеви проблеми.”Јас реков” тоа е само поради “Благодатта на Гуруто”.

Кликните овде доколку сакате да го видите:

  • Извештајот од срцевата катетеризација (слика 1 и слика 2)  направени на 29 февруари 2000-та година, кој покажува нормални коронарни артерии.
  • ЕКГ-извештајот направен на 29-ти февруари (слика 1, слика 2, слика 3 и слика 4), кој покажува дека се е нормално.

Дури и по повторувањето на моите прашања, докторите не можеа да ми дадат задоволително објаснување за ова на анатомско ниво. Веднаш му се јавив на Н.С. Јошибаба за да го информирам за ова. Тој рече,”Веќе ти реков дека немаш никаков медицински проблем. Бог има планирано да направи уште многу работа преку тебе. Ова се случило само поради твојата вера”.

– Г-дин Шиваи Ваткар, Мумбаи, Индија.

2. Духовна перспектива за случајот на г-дин С.Г. Ваткар

Според духовната наука, причината за било која болест се состои од два дела:

  • Еден од нив е поради зголемување на Тама компонентата со истовремено намалување на Сатва компонентата.
  • Другиот е поради напади од страна на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

Затоа специфичната духовна мерка се базира на напорите според конкретниот случај да се намали Тама компонентата, а да се зголеми Сатва компонентата, а исто така и напорите да се ублажат проблемите кои ги создаваат духовите.

Духовна дијагноза

Во случајот на г-дин Ваткар, една од главните духовни причини за неговата срцева болест, беше намалена Витална енергија. Ова воглавном се должеше поради проблеми предизвикани од негативните енергии и, исто така поради намалување на Сатва компонентата.

Се поставува прашањето, што точно ја излечи/исцели неговата Витална енергија.

Духовна мерка

Г-дин Ваткар започна пеење на Божјото Име со вера, како што му беше советувано од неговиот духовно возвишен водач.

Механизам и како делува пеењето на Божјото Име: Кога го пееме Божјото Име, самото Божјо Име носи Божествена свесност (Чаитанија) кое е сврзана со него. Причината за ова е духовно правило кое вели “допирот, формата, вкусот, мирисот и енергијата се поврзани и коегзистираат со името на било што”. Затоа пеењето на Божјото Име ги зголемува резервите на Витална енергија во една личност.

Покрај тоа, тој исто така презеде и специфични духовни мерки кој му ги препорача Н.С. Јошибаба.