Кој се вбројува во нашите предци?

Во овој напис го користиме терминот ’предци’ што го вклучува сето наведеното:

  • Суптилните тела од сите познати и непознати преминати роднини од сите претходни генерации.
  • Роднините од сите претходни генерации од татковата и мајчината страна. Кај жените во оваа категорија се вклучени сите од страна на нејзините родители како и од страна на нејзиниот сопруг. Причината зошто жените ги преземаат предците од старната на сопругот е таа што со мажењето на жената станува едно со семејството на својот сопруг па така ги ужива и наследните вредности на тоа семејство.
  • Исто така и суптилните тела на преминатите предци од претходните раѓања се вбројуваат во предците.
  • Дури и ако некои потомци (деца) умрат пред нив, исто така се вбројуваат во предците како што е опишано во овој напис, иако формално не се предци.