Кој е трагач?

1. Вовед

По пат на духовни истражувања научивме дека постојат две причини зошто сме родени:

  1. Да поминеме преку својата судбина
  2. Духовно да напредуваме

Поминувањето преку судбината е процес над кој воглавно немаме контрола, но можеме да вложиме свесни напори за да напредуваме духовно. Ако имаме духовна цел во животот и одредени квалитети, ќе ни биде полесно да ги направиме тие напори. Во овој напис опишуваме кој е трагач, кои квалитети се корисни на духовниот пат на трагачот и како можеме да почнеме да ги развиваме.

2. Кој е трагач?

Трагач е некој којшто:

  • Секојдневно прави искрени напори духовно да расте,
  • Има силна желба за духовен раст, и
  • Се труди да ја поправи својата духовна пракса во квалитет и квантитет на редовна основа.

Важно е напорите кои трагачот ги вложува во духовната пракса да бидат во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса.

3. Разлика помеѓу трагачот и оној кој тоа не е

За вистинскиот Божји трагач потребно е да биде духовно интровертен или да има фокус на Бога. Духовната интровертност полека води до намалување со идентификацијата со 5-те сетила, умот и интелектот. Оние кои не се трагачи, од друга страна, работат на тоа да ја зајакнат идентификацијата со 5-те сетила, умот и интелектот. Следната табела ги покажува разликите помеѓу трагачот и оној кој тоа не е.

Не е трагач Трагач
Главна цел е да расте материјално Главна цел е да расте духовно
Се труди да ги зајакне умот, телото и интелектот Се труди да ги разгради умот, телото и интелектот
Надворешно патување Внатрешно патување
Ги развива личните дефекти како што се врзаноста, гордоста, лутината, итн. Развива Божествени квалитети како што се духовна љубов, интровертност, духовна емоција кон Бога, итн.
Чуствува “Јас се работам!“. Чуствува дека Бог се работи

4. Квалитети на трагачот

Трагачот има некои основни квалитети. Овие квалитети му помагаат во духовната пракса на следниот начин.

Покрај тоа, идеалниот трагач има и некои посебни квалитети. Подолу се наброени некои од нив.

  • Има интензивна желба за ослободување од циклусот на раѓање и умирање
  • Има желба да се промени отстранувајќи ги личните дефекти и усвојуваќи ги Божествените квалитети
  • Се обидува на се да гледа од духовна перспектива
  • Се фокусира на тоа да се сети на Бога или Гуруто во текот на служењето на Апсолутната вистина (сатсева)
  • Се обидува да ја предаде на Бога секоја заслуга за секоја направена акција
  • Се обидува секоја активност да ја изврши перфектно
  • Се обидува секоја активност да ја сработи како духовна пракса и ги охрабрува другите истото тоа да го прават
  • Чуствува љубов кон се што Бог е создал

Како трагачот напредува духовно, така се повеќе и повеќе ги усвојува овие идеални квалитети. Духовниот ученик во секоја активност покажува многу од овие квалитети.

5. Како да се развивате како трагач

Ако имате желба да се промените и станете подобар трагач и човечко битие, сите напори ќе бидат многу полесни. Во духовноста желбата духовно да растеме има 80% на значење.
Подолу се наведени некои конкретни чекори кои можете да ги преземете како би ги усвоиле квалитетите на трагачот, а кои можете да ги вежбате во секојдневниот живот, на работа, дома, итн.

  • Доследно зголемување на квалитетот и квантитетот на духовна пракса кој моментално ја вршите. На пример, ако пееме 2 часа дневно покрај другите дневни активности, можеме да пробаме да пееме 3 часа наредниот месец, после 4 часа наредниот месец, итн.
  • Обрнете внимание на квалитетите кои ги имаат другите и пробајте да ги следите. На пример, уредност, точност. Ако забележиме дека нашиот пријател секогаш доаѓа точно во договореното време, можеме да се запрашаме дали ние секогаш доаѓаме на состаноците на време и вложиме труд да бидеме точни.
  • Развивајте став на учење од ситуациите. На пример, ако колегата постојано се лути, наместо и ние да бидеме лути, можеме да пробаме да останеме мирни, да научиме како да му помогнеме на другото лице, да имаме духовна перспектива дека развивањето на љубов без очекување кон другите е Божествен квалитет, итн.

Лесно прифаќање и практикување на горе наброените точки само по себе ќе не сторат трагачи. Важно е да се сетиме дека да се биде трагач не е статус туку став кој се практикува во секојдневниот живот.

6. Заклучок

Духовниот раст ќе биде брз ако ги усвоиме квалитетите на трагачот. И духовното патување ќе тече избалансирано со овие квалитети, а ние ќе бидеме во можност да доживееме повеќе Блаженство.

Сретнавме луѓе кои искрено имаат следено некоја форма на духовна пракса, понекогаш и по 20 или 30 години, а не го постигнале очекуваниот духовен раст. За да го избегнете ова, покрај усвојувањето на квалитетите на трагачот, препорачуваме да вршите духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста.

Трагачи, движете се брзо, вашето избавување е во вашите раце. – Неговата Светост Др. Атавле