Со кој имаме сметка на земање и давање (Карма)?

Најголема сметка на земање и давање обично имаме со луѓето со кои сме најблиски и со членовите на семејството.

Ве молиме да го прочитате написот за тоа што е сметка на земање и давање.

Ако ги земеме во предвид сите сметки на земање и давање во нашиот живот, можеме да видиме со кои луѓе имаме најголеми сметки на земање и давање. Следнава табела го покажува релативниот интензитет на оваа сметка преку различи врски и односи:

Сметка на земање и давање помеѓу

%

Сопружниците

27

Однос родители – деца

25

Родени браќа/сестри

9

Блиски пријатели

9

Лицата со кои сме во љубовни врски

9

Колегите

9

Останати роднини

4

Други познаници (комшии, пријатели и соработници)

4

Останати

4

Вкупно 

100.0

Нашето духовно истражување покажа дека најголемата сметка на земање и давање обично ја имаме со својот сопружник. Сме го познавале својот сопружник во претходниот живот и причината што сме заедно е на прво место да се задоволи неподмирената сметка на земање и давање од претходниот или неколку претходни животи. Иако луѓето мислат дека се венчаваме со лицата по свој избор, тоа не е точно. Бракот е 100% судбински одреден, како и другите значајни односи како што е односот со таткото, мајката, родените браќа и сестри. Така да кога кажеме дека убавината е во очите на набљудувачот, тоа не е далеку од вистината. Додека од надвор може да изгледа дека двајца луѓе се вљубени и дека тоа е причина што се заедно, од духовна перспектива тоа е само подмирување на сметката на земање и давање.