1-MKD_Sari-or-Skirt

За подобро да го разберете овој напис, предлагаме да ги прочитате следниве написи:

1. Вовед во како да се облекуваме – духовна перспектива

За повеќето од нас, изборот на облеката зависи од доминантниот модерен тренд, личниот стил, удобноста, приликата за која се облекуваме и цените. Но, дали сте знаеле дека она што го облекуваме, може да влијае врз нас на духовно ниво? Бидејќи овој факт е малку познат, тој обично никогаш не е причина, поради која избираме она што ќе го облечеме.

Чакри: Чакрите се суптилни енергетски центри во Кундалини системот поврзани со суптилното тело на една личност. Тие се наоѓаат по должината на рбетот и се усогласени со централниот суптилен канал Сушумнанади. Постојат седум главни Кундалини чакри и тие обезбедуваат суптилна енергија за функциите на човечките органи, умот и интелектот.

Меѓутоа, факт е дека се, вклучувајќи ја и облеката, емитува единствена духовна вибрација, којашто е комбинација од основните суптилни сатва, раѓа и тама компоненти. Духовните вибрации на облеката зависат од следниве фактори: видот на облеката, формата, бојата, дезенот, фалтите на облеката, кројот, итн. Бидејќи носиме разна облека цел ден, вибрациите коишто таа ги емитува влијаат на нашата духовна состојба, којашто понатаму може да влијае врз нас на физичко, психолошко и/или интелектуално ниво. Кога влијанието е негативно, може да се манифестира како летаргија, нејасни мисли, нарушена состојба на умот и зголемени недостатоци на карактерот. Поради недостаток на суптилна способност, просечниот човек никогаш нема да ги поврзе овие негативни чувства со видот на облеката којашто ја носи.

Преку духовното истражување откривме дека, од сите стилови на облека којашто жените ја носат ширум светот, сари од 9 јарди е највеќе сатвик или духовно поволно (а по него сари од 6 јарди). Главната причина за тоа е што сарито од 9 јарди не е шиено и е обвиткано на соодветен начин. Од друга страна, здолништето емитува повеќе раѓа-тама вибрации.

Во овој напис ги илустрираме нашите наоди и ефекти, коишто здолништето и сарито од 6 јарди ги имаат врз нашите чакри, во зависност од нашата духовна состојба те. дали сме под влијание на негативните енергии (духови, ѓаволи, демони, итн.) или не.

2. За eкспериментот

Sari

  • Експериментот е спроведен во февруари 2009. година.
  • Четири жени, кои како субјекти учествуваа во експериментот, беа трагачи коишто вршат духовна пракса и беа на возраст од 29 до 55 години. Од нив, три беа опседнати од негативните енергии, додека една беше сметана за духовно позитивна, те. не беше под влијание на негативните енергии. Ја утврдивме состојбата на овие жени трагачи со помош на развиено шесто сетило.
  • Експериментот беше изведен со користење на DDFAO, те. инструменти коишто ги користи електросоматографијата. DDFAO ги мери флуктуациите на електричните активности во телото на лицето, после делување на одреден стимул. Тој потоа ги интерпретира резултатите за да ги покаже ефектите врз чакрите на лицето.
  • Процедурата за овој експеримент, малку се разликуваше од онаа опишана во нашиот воведен напис. Тоа е затоа што кај експериментите поврзани со храната и пијалакот, субјектите се изложени на стимули за време на експериментот, те. тие не консумираат одреден вид на храна или пијалак за време на експериментот. Меѓутоа, за време на експериментот со облекувањето, субјектот постојано носи нешто и тогаш е изложен на одреден вид на стимули од облеката.
  • Во следниов графикон прикажавме како напредуваше експериментот.

Слика на сари

3-MKD_sari-skirt-graph

Чекор 1: Одредување на почетната вредност во текот на носењето здолниште.

Прво им рековме на сите субјекти, коишто учествуваа во овој експеримент да облечат здолниште и блуза. Ги снимивме почетните вредности коишто одговараат на нивните Кундалини чакри, со скенирање користејќи DDFAO опрема. Потоа, секоја од нив ги замоливме да облече сари.

Чекор 2: Откривање ефектот на сарито.

Кога субјектите носеа сари 3-4 часа, направивме второ скенирање и забележавме значајни флуктуации во вредностите.

Чекор 3: Достигнување на платото кога е во прашање ефектот на сарито.

Продолживме да го снимаме скенирањето, за да бидиме сигурни дека ефектот на сарито го достигна платото. Еднаш кога веќе беше достигнат ефектот на платото, ги замоливме субјектите повторно да ги облечат здолништето и блузата.

Чекор 4: Вредностите почнаа да се враќаат на почетното ниво.

Бидејќи продолживме да снимаме, забележавме дека вредностите се враќаат на почетното ниво.

Чекор 5: Крај на експериментот.

Кога вредностите се вратија на почетното ниво, завршивме со експериментот.

2.1 Пример од спроведениот експеримент за да се види ефектот од носењето сари и здолниште

Да го погледнеме примерот со вредностите на Субјектот 3, за подобро да ја разбереме претходно опишаната процедура. Ве молиме да кликнете на копчето “play“, за да ја видите презентацијата на слајдовите. Како минувате низ слајдовите, ќе ги видите промените на вредностите на чакрите, како што експериментот напредуваше.

 

 

Овде е важно да се напомене дека е забележана значајна промена во вредностите коишто ги забележа DDFAO. Тоа зборува во прилог на тоа дека, облеката која ја избереме да ја носиме, може да има моментален и забележителен ефект врз нашите чакри, а со тоа и врз нашата општа состојба.

2.2 Забелешки приберени од експериментот

Во експериментите во коишто ја користевме техниката на електросоматографско скенирање, забележавме дека чакрите функционираат во две групи. Четирите горни чакри генерално реагираат на стимулите на ист начин, додека долните три чакри реагираат како посебна група. Затоа резултатите од експериментот ги собравме и групиравме, според горните четири и долните три чакри.

Во следнава табела ги претставивме ефектите од носењето сари и здолниште на двете групи чакри.

4-MKD_sari-skirt-table-1

Во овој графикон ги претставивме трајните ефекти од стимулите. Разните полиња покажуваат, колку време беше потребно, чакрите на секој од субјектите да достигнат ефект на на платото додека носеа сари. Сивите полиња покажуваат, колку време беше потребно чакрите на субјектите да ја достигнат почетната вредност додека го носеа здолништето.

2.3 Анализа на резултатите

Анализата на резултатите од духовниот експеримент е сосема поинаква од обичниот експеримент на модерната наука. За да се анализираат резултатите од експериментот којшто е од духовна природа, важно е да се разберат влијанијата на духовно ниво. Тоа може да се постигне само со помош на развиено шесто сетило. Поради тоа ја покажавме претходната табела со DDFAO резултатите на трагачите од SSRF одделението за перципирање или восприемање на духовната димензија, коишто имаат развиена способност за суптилна анализа. Им поставивме прашања, до коишто дојдовме со набљудувањето и побаравме нивна помош во разбирањето, што всушност се случи на суптилно ниво. Нивните одговори ни овозможија да ги сфатиме причините за одредените набљудувања и да ги разбереме разните варијанти коишто го одредуваат крајниот резултат. Во продолжение се наведени нашите прашања и нивните одговори.

Прашање 1. Зошто во горните четири чакри во случајот на Субјектот 1 (којшто духовно е позитивен) е забележана зголемена активност?

4-MKD_sari-skirt-table-2

Ќетна е оној дел од Божествената Свесност кој управува со физичките и менталните функции, а исто така ги активира и петте витални енергии во телото

Одговор: Во сарито доминира сатва компонентата и поради тоа се смета за сатвик облека. Контактот со сатвик вибрациите од сарито ја активира ќетна кај Субјектот 1. Како резултат на тоа, за кратко време преку нејзиното тело се прошири сатва компонентата.

Горните четири Кундалини чакри се повеќе чувствителни на сатва компонентата од долните три чакри. Поради тоа, тие за кратко време ја впија сатва компонентата и почнаа да ја складираат во телото. Бидејќи овој Субјект не беше под влијание на негативните енергии, немаше отпор при впивањето на позитивната енергија. Затоа сатва компонентата беше брзо акумулирана во нејзините горни четири чакри, поради што тие се активираа.

Ова укажува на тоа, колку значи да се носи облека во која доминира сатва компонентата.

Прашање 2. После пресоблекувањето од сари во здолниште и блуза, зошто DDFAO резултатите од горните четири Кундалини чакри кај една од трите трагачки којашто има попречувања од негативните енергии и една трагачка којашто нема попречувања од негативните енергии покажуваат намалена активност?

4-MKD_sari-skirt-table-3

Одговор: Во здолништето преовладува тама компонентата. Како општо правило, кога носиме облека во која доминира тама компонентата, тогаш се намалува активноста на Кундалини чакрите, те. резултатите од DDFAO се негативни. Контактот со тама компонентата го лишува човечкото тело од ќетна и ја намалува неговата способност да ја впива сатва компонентата.

Сега да ги видиме причините за намалувањето кај овие две трагачки, едната којашто не е под влијание на негативните енергии и другата којашто не е.

  1. Трагачката којашто нема попречувања од негативните енергии (Субјект 1): Текот на тама компонентата во нејзиното тело, доведе до концентрација на негативните вибрации во нејзиното тело. Ова почна да дава отпор на сатва ориентираните активности коишто се одвиваат преку медиумот на чакрите. Како последица на тоа, нејзиното тело почна да ја губи сатва компонентата. Тоа доведе до намалување на активноста на нејзините чакри и тие станаа пасивни.
  2. Трагачката којашто има попречувања од негативните енергии (Субјект 3): Носењето на здолништето во коешто доминира тама компонентата, понатаму го зголеми постоечкото влијание на негативните енергии кај овој субјект. Затоа нејзините чакри станаа уште по пасивни.

Ова укажува на значењето од носењето на облека во којашто доминира сатва компонентата.

Прашање 3. Зошто активноста на долните три чакри кај двата субјекта се зголеми после носењето сари.

4-MKD_sari-skirt-table-4

Одговор: И двете трагачки го следат Патот на акција (Кармајога). Долните три чакри во најголема мерка се одговорни за обезбедување на духовна енергија за физичките акции. Како резултат на тоа, кај трагачите коишто го следат овој пат, долните три чакри брзо реагираат на зголемување на сатава компонентата. Затоа после носењето сари, поради ефектот на сатва доминантните бранови коишто зрачат од него, се зголеми активноста на долните три чакри кај трагачите коишто го следат Патот на акција.

Ова покажува дека резултатите можат да варираат во зависност од духовниот пат. Во зависност од духовниот пат на трагачот, некои чакри можат да бидат по активни од другите.

Прашање 4. Зошто на двете трагачки им беше потребно многу повеќе време да се вратат на своето почетно ниво после носењето здолниште, во споредба со времето после носењето сари?

5-MKD_sari-skirt-table-plateau-2Одговор: За ова придонесуваат неколку причини.

  • И двете трагателки, веќе околу себе имаа дебела обвивка од црна енергија, бидејќи беа под влијание на негативните енергии. Носењето здолниште само дополнително го помогна одржувањето на обвивката од црна енергија. Носењето сари има спротивен ефект врз црната обвивка. Затоа ефектот на сарито на таквите субјекти трае по кратко отколку ефектот на здолништето.
  • Кога во атмосферата е висок процентот на раѓатама компонентата (како што е во денешно време), и телото станува духовно загадено. Ако во оваа состојба носиме облека којашто ја привлекува и ја пренесува тама компонентата, нејзиното влијание трае подолго.
  • Комбинираниот ефект на облеката, духовната состојба на лицето и околината, го одредуваат траењето на ефектот.

Ова посебно е важно, бидејќи во денешно време поради преовладувачката раѓа-тама во луѓето и околината, преземањето активности коишто ја зголемуваат сатва компонентата е многу важно.

Прашање 5. После носењето сари DDFAO мерењата на горните четири Кундалини чакри, кај сите трагачки со попречувања од негативните енергии покажаа намалена активност. Меѓутоа, во случај на Субјектот 3, намалувањето беше по изразено отколку кај останатите. Кое е објаснувањето на духовната наука зад тоа?

4-MKD_sari-skirt-table-5

Одговор:

  • Елементите во коишто доминира сатва компонентата како што е сари, имаат ефект на духовно исцелување врз трагачите со попречувања од негативните енергии. Како резултат на тоа, обвивката од црната негативна енергија се намалува. Генерално, негативните енергии повеќе функционираат преку оние чакри во коишто создале центри на црна енергија. После контактот со таков материјал во кој што преовладува сатва компонентата, таа се пренесува од тој материјал во телото. Во тој случај, центрите на црна енергија во трагачите се активираат и почнуваат да се спротивставуваат на преносот на позитивната енергија во телото. Во овој процес, кога се намали моќта на овие центри на црна негативна енергија, нивната способност да функционираат преку медиумот на негативните вибрации, исто така се намалува. Тоа се види во мерењата на DDFAO опремата како намалување на активноста на овие чакри.
  • Носењето сари ја зголемува доминацијата на сатва компонентата во споредба со носењето здолниште. Како резултат на носењето сари, обвивката од црна енергија врз чакрите кај сите три трагателки со попречувања се намали. Поради тоа чакрите не можеа да функционираат со помош на црната енергија. Со други зборови, во нивните тела е намалено функционирањето на негативните енергии. (Субјектите да го носеа сарито подолго време и континуирано, активноста на чакрите ќе се зголемеше.)
  • Негативната енергија (духот) што го има опседнато лицето 3, изгуби значителна количина црна енергија во борбата со сатва вибрациите коишто зрачат од сарито. Поради тоа горните четири чакри во нејзиното тело покажаа поголем процент на намалување на активноста.

Секој е под влијание на негативните енергии или суптилните тела на преминатите предци во некој момент од својот живот. Духовното истражување покажа дека 30% од светската популација е опседнато од негативните енергии. Кога носиме облека во којашто преовладува сатва компонентата, тоа има исцелувачки ефект врз нашите чакри и помага во борбата против негативните енергии.

3. Заклучоци од експериментот за тоа дали да се носи сари или здолниште

3.1 Придобивки од доминацијата на сатва компонентата после носењето сари

  • Бидејќи горните четири чакри почнуваат да ја впиваат и складираат сатва компонентата од сарито во телото, активноста на овие чакри почнува да се зголемува. Како резултат на тоа, во лицето почнува да преовладува сатвата.
  • Активноста на долните три чакри се зголемува кај трагачите коишто немаат попречувања од негативните енергии и оние коишто го следат Патот на акција.

3.2 Штетен ефект од тама компонентата во здолништето

  • Концентрација на тама компонентата во телото: Контактот со тама компонентата од здолништето доведува до нејзина концентрација во телото. Тоа ја намалува активноста на горните четири чакри и во лицето почнува да преовладува тамата.
  • Со зголемување на постоечките попречувања кај трагачите коишто имаат попречувања од негативните енергии се намалува активноста на нивните долни чакри. Контактот со здолништето во коешто преовладува тама компонентата, понатаму ги зголемува попречувањето врз лицата коишто имаат попречувања од негативните енергии. Поради тоа активноста на нивните три долни чакри уште повеќе се намалува.
  • Лицата со попречувања од негативните енергии, веќе имаат голем процент од суптилна обвивка од негативни вибрации. Носењето здолниште придонесува за одржување на оваа обвивка. Затоа ефектот од носењето здолниште кај овие лица трае подолго отколку ефектот од носењето сари.

4. Резиме – Како да се облекува – сари или здолниште?

Од овој експеримент можеме да видиме, како нашиот начин на облекување, може да влијае доста драматично. Кога немаме развиена способност за духовно восприемање те. развиено шесто сетило, многу е тешко да се забележи овој ефект. Меѓутоа, кога ги видовме моменталните реакции на чакрите кои што ги измери DDFAO опремата, имаме визуелен доказ дека облеката што ја носиме, значително влија врз нас. Благодарејќи на овој експеримент, можеме да видиме дека е важно да знаеме која облека може штетно да влијае врз нас, а која ни донесува придобивки. Само со редовна духовна пракса можеме да ја развиеме способноста на шестото сетило. Со текот на времето нашето шесто сетило се изострува, така да може да не води во донесување на дневните одлуки. Како резултат, нашите одлуки ни донесуваат придобивки и позитивно влијаат врз нас.