Истражување на вибрациите кои се емитуваат од месото и виното со помош на биофидбек инструменти

Резиме

Во нашиот секојдневен живот, треба да правиме бројни избори кои се поврзани со животниот стил, кои вклучуваат исхрана, облека, итн. Човекот има огромна придобивка од духовната чистота, која што се создава кога води духовно исправни животни стилови. Влијанието на Раѓа и Тама основните суптилни компоненти (прекумерна активност и незнаење) врз него исто така се намалува. Во Калијуга бројот на луѓе кои се држат до духовно чист начин на живот е се помал. Нашиот избор на храна и пијалак, исто така не е исклучок при ова. Во овој напис ќе се запознаеме со вибрациите кои се емитуваат од месото и виното. И преку една компаративна анализа ќе сфатиме зошто е важно да се избере храна и пијалак кој ќе ни донесат духовна придобивка.

1. Духовни ефекти на не-вегетаријанска исхрана

Анатомските докази потврдуваат дека луѓето треба да живеат на вегетаријанска исхрана. Кучешките заби кај животните кои јадат месо се долги, остри и закривени во споредба со кучешките заби кај луѓето кои се кратки и тапи, и затоа не се наменети да гризаат месо. Нашиот дигестивен систем исто така не е дизајниран за јадење не-вегетаријанска исхрана. Покрај тоа, Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека, консумирањето месо може да доведе до разни болести како што се висок крвен притисок, висок холестерол и одредени видови на рак. Вегетаријанството е сега промовирано од страна на многу доктори кои тврдат дека овој вид на исхрана е оптимална прехрана и штити од многу болести предизвикани од не-вегетаријанска исхрана.

Духовното истражување покажа дека консумирањето вегетаријанска исхрана е покорисно од не-вегетаријанска исхрана. Вегетаријанската исхрана е повеќе сатвик и во неа помалку преовладува Раѓа-Тама компонентата од не-вегетаријанската исхрана. Консумирањето вегетаријанска исхрана резултира во впивање на Сатва преовладувачки фреквенции кои се погодни за нашиот духовен напредок.

Бидејќи во не-вегетаријанската исхрана преовладува поголем процент од Раѓа-Тама компонентата, лицето кое консумира таква храна се здобива со Тама компонентата од неа, и затоа е најдобро да се избегнува таквата храна. Исхраната во која преовладува Тама компонентата, резултира во создавањето на Тама преовладувачки мисли и ни донесува негативни квалитети како страв, вознемиреност, лутина и агресивност. Баланост на умот и интелектот се губи, а човекот станува неморален.

2. Духовни ефекти на консумирањето алкохол

Фактот дека консумирањето алкохол е толку видливо и прифатено во светот во кој живееме, го засени фактот дека алкохолот е супстанца која придонесува за многу медицински, психијатриски, социјални и семејни проблеми. Некои од психолошките причини поради кои луѓето пијат алкохол се страв, чувство на вина, избегнување одговорност, раскинати врски, изгубен престиж, финансиска загуба и смрт на некој близок. Од духовна перспектива алкохолот има способност да привлече негативна енергија. Алкохолот е пијалак во кој преовладува Раѓа-Тама компонентата. Како резултат на тоа, пиењето алкохол ја намалува сатвата кај тоа лице, и во исто време ја зголемува основната суптилна Тама компонента. Ова доведува до зголемување на духовната ранливост и го изложува лицето на напади од негативни енергии, а понекогаш дури и на опседнатост.

3. Анализи со помош на биофидбек опрема

Доколку некој има натпросечно развиено шесто сетило, може лесно да ги согледа духовните вибрации, да согледа дали предметот е духовно корисен или не, и соодветно на тоа да донесе духовно исправна одлука во животот. Некои видови на биофидбек опрема како што се RFI (Resonant Field Imaging) – (уред – сензори за скенирање на телото, објект или на околината) и PIP (Polycontrast Interference Photography: вид на опрема за био снимање) – (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аура) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле.) можат да ги снимаат вибрациите околу еден предмет и да ги прикажат во визуелен формат. Ова на просечниот човек му дава можност визуелно да ја види аурата или енергетското поле околу предметот.

Клинкнете на овој линк за повеќе информации околу PIP-уредот и неговата употреба.

Во овој експеримент ги истраживме вибрациите кои се емитуваат од месото и виното со помош на биофидбек научни инструменти и ги споредивме со наодите добиени преку духовно истражување.

Во овие тестови ги бележевме промените во околината кои се случуваа поради набљудуваниот објект; сепак, бидејќи енергијата во околината често се менува, беше неопходно најпрво да ја тестираме (основно отчитување на) самата околина, пред да почнеме да го тестираме објектот. Затоа, во текот на овој експеримент со месо и алкохол, прво беше бележена состојбата на самата околина без присуството на месо и алкохол, а потоа објектите на прочување беа поставувани и ги бележевме резултатите од скенирањата.

3.1 Резултати добиени со RFI (уред – сензори за скенирање на телото, објект или на околината)

‘RFI’ отчитување и објаснување

Што беше измерено Отчитување во (MHz) Објаснување
1. Експеримент со не-вегетаријанска храна (месо)

1А. Пред

669.4

Фреквенцијата е темно сина, тоа означува позитивност

1Б. За време

603.8

Откако беше поставена чинија со месо, црна негативност беше видлива
2. Експеримент со алкохол (вино)

2A. Пред

687.22

Бојата на оваа фреквенција е морско сина која означува позитивност, но е помалку позитивна од сината боја

2Б. За време

639.86

Откако за експериментот беше поставен алкохол, фреквенцијата беше сина, која означува позитивни промени во околината. (Забелешка 1)

Забелешка 1: При анализата на ова RFI отчитување преку развиено шесто сетило, нашиот истражувачки тим утврди дека оваа позитивна промена не е вистинита, туку илузија предизвикана од негативни енергии преку привлекување мајави (илузорни) фреквенции. Илузорните фреквенции се создадени од негативни енергии, и тие даваат лажен впечаток дека работите се пријатни.

3.2 Резултати добиени со PIP (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аура) на кој операторот може да дијагностицира и следи проблеми поврзани со био енергетското поле)

Пред: Првата слика која ја направивме беше аурата на самата околина. Овде портокаловата боја претставува вибрации на тензија, зелената означува позитивна енергија, а жолтата со златна нијанса високо ниво на универзални вибрации.

01-MKD-PIP_no-meat

Во аурата на самата околина може да се види жолта боја која означува присуство на висок духовен принцип во центарот, портокалова која означува стрес околу неа, а потоа и зелена боја која означува позитивност и динамика.

02-MKD-PIP_meat

Откако беше ставено месо во чинијата, целокупната околина подлежеше на промена. Позитивноста која е прикажана со зелена боја се намали, а негативната портокалова боја се зголеми и беше привлечена кон месото. Позитивната жолта боја, исто така, се намали.

03-MKD-PIP_no-alcohol

Во аурата на самата околина може да се види жолта боја која означува присуство на висок духовен принцип во центарот, портокалова која означува стрес околу неа, а потоа и зелена боја која означува позитивност и динамика.

04-MKD-PIP_alcohol

Откако за потребите на експериментот беше поставен и налеан алкохол, негативната портокалова боја се зголеми, а нејзините прстени ја обвија чашата со алкохол. Поради тоа, зелениот прстен исчезна. Поради алкохолот, жолтата боја која означува висок духовен принцип се намали.

4. Заклучоци

  • И не-вегетаријанска храна и алкохолот се Тама предоминантни

  • Месото привлекува негативна енергија

  • Алкохолот има способност да привлече илузорна енергија. Поради ова, алкохолот дава лажно позитивно RFI отчитување

  • Од горенаведената опсервација е очигледно дека поради консумирањето на месо и вино, човекот прима негативни вознемирувачки вибрации кои се привлечени од месото и виното, и неговата природа станува тамасик (Тама-предоминантна).

Горенаведените скенирања и анализи се направени со помош на г-дин Сантош Јоши (Универзален истражувач на енергија, Мумбаи, Индија.)

Горенаведените заклучоци ги потврдуваат наодите на нашето духовно истражување за различните видови на храна и пијалаци.

SSRF апелира до научниците и експертите во оваа област, кои би можеле да помогнат на оваа тема од научна перспектива.