Пат на милоста на Гуруто – Гурукрупајога

За подобро разбирање на овој напис, ве молиме, прочитајте – Кој е Гуру?

1. Вовед во Патот на милоста на Гуруто

Иако постојат многубројни патишта кон Бога, Патот на милоста на Гуруто (Гурукрупајога) е најважен за постигнување на конечната цел во духовниот развој. Во секоја форма на живот најдобро е да имаме водач или Учител за разбирање, учење или напредок. Духовното напредување не е исклучок на ова универзално правило и се постигнува само благодарејќи на милоста на вечниот Гуру Принцип (Божји принцип кој не учи и води) кој делува преку Гуруто во човечка форма поради кој ученикот многу брзо духовно расте.

Без оглед на кој духовен пат сме, ако сами учиме и себе водиме, можеме да достигнеме одредено духовно ниво. Од друга страна, милоста на Гуруто е апсолутна потреба, затоа што не води до следното ниво.

2. Дефиниција на Патот на милоста на Гуруто

Зборот крупа е изведен од санскритскиот збор ’круп’ кој значи да се биде милосрден. Крупа означува милосрдие, иницијација или благослов. Гурукрупајога е духовен пат преку кој со Милоста на Гуруто отелотворената душа бидува споена со Бога.

3. Важност на Патот на милоста на Гуруто

3.1 Време на напредување

  • Најважната предност на Патот на милоста на Гуруто е брзината на духовниот раст. Со мисијата на служење на Гуруто преку ширење на Духовноста, ученикот ја прима неговата милост и остварува брз духовен напредок. Иако не постои световно споредување со што би го споредиле стекнувањето на милоста на Гуруто, следниот пример ќе ни помогне во сфаќањето на претходната реченица. Замислете студент кој е сиромашен, но многу напорно работи, па поради тоа го забележи некој милионер кој му ја плати школарината на најугледниот факултет, и води грижа за неговата идна кариера. Така студентот ќе биде поштеден од годините на споро напредување во службата. Исто така и трагачот по Вистината кој ја прими милоста на Гуруто, ќе ’прескокне’ многу години на духовна пракса во однос на било кој друг духовен пат.
  • Со духовна пракса на било кој друг пат просечно се напредува до 0,25% годишно. Ако некој врши духовна пракса според советите на Гуруто може да напредува 2-3% годишно. Ако ученикот се здобие со милоста на Гуруто, тогаш може да напредува и 5-8% годишно.

3.2 Напредување над одредено ниво

  • Познатата реченица на Санскрит вели: ’Гурукрупа хе кевалам шишиапарамангалам’. Таа значи дека ученикот може само благодарејќи на милоста на Гуруто да постигне конечна благодат односно духовен развој.
  • Невозможно е да се достигне ниво на Светец (те. 70% духовно ниво) и го ослободи умот и интелектот доколку некој ја нема милоста на Гуруто.
  • Без оглед кој духовен пат некој следи освен Патот на милоста на Гуруто (Гурукрупајога), ниту еден од патиштата не може 100% да ги прочисти менталното, каузалното (интелектот) и над каузалното тело (егото). Со тоа, ниту еден од останатите патишта нема капацитет да овозможи Конечно Избавување (Мокша).
  • Останатите духовни патишта, како што се Патот на Акција, Патот на Знаење, Патот на Богољубие, се значајни за животот на трагачот само кога се добие благослов од Гуруто. Дури тогаш, кога ученикот врши духовна пракса според советот на Гуруту, само патот на милоста на Гуруто преостанува. Сите патишта кон Бога на крајот, со стекнување на милоста на Гуруто, кулминираат во трагачот и тој конечно се спојува со Бога.

4. Како делува милоста на Гуруто

Милоста на гуруто да делува преку два механизми:

  • Одлука (Санкалуп): Само кога Гуруто одлучи ’Нека овој човек напредува духовно’, ученикот постигнува вистински духовен напредок. Ова го нарекуваме милост на Гуруто (Гурукрупа). Дури и самата помисла како ’Нека се случи’ во умот на Гуруто е доволна тоа и да се случи. Ништо друго не е потребно. Сепак, ова е можно само во случај кога е во прашање Светец на духовно ниво над 80%. Санкалуп Гуруто на духовно ниво од 70%, воглавно е ограничен на помош на учениците околу световните работи.
  • Присутност (Аститва): Самата присутност, близина или друштвото на Гуруто е доволна духовната пракса и напредокот автоматски да се случуваат. Добар пример за тоа е Сонцето кое го буди и поттикнува растот на цвеќето. Тоа се случува со самото постоење. Сонцето никогаш не го прашува дали да го пробуди, ниту тражи од цвеќето да цвета. Мисијата на Гуруто над 90% духовно ниво е со таква природа.

5. Духовна пракса според Патот на милоста на Гуруто

Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) го препорачува Патот на милоста на Гуруто за брз духовен напредок во овој живот и да се искористи сегашното време во кое живееме многу брзо да напредуваме.

Патот на милоста на Гуруто се состои од следните 8 чекори:

 

Подетални информации за оваа тема на страницата ’духовна пракса’.