Боди пирсинг – ефекти од пирсингот на носот, ушите и другите делови на телото

1. Пирсинг (дупчење на кожата) на телото – вовед

Пирсингот на телото (дупчење на кожата на разни делови на телото) денес за многу луѓе е вообичаена пракса, и подеднакво можеме да го видиме кај децата, мажите и жените. Постојат разни културни, религиски или индивидуални причини, поради кои лицето се одлучува за пирсинг. Најчесто пирсингот се прави од естетски причини, но она што не го сфаќаме, е дека овој чин може да има штетни ефекти, ако се направи на не соодветни места. Меѓутоа, ако пирсингот се направи на соодветна акупресурна точка, можеме да доживееме позитивни духовни ефекти.

Во SSRF спроведовме духовно истражување, за да сознаеме што се случува на духовно ниво, кога лицето го дупчи увото или носот во споредба со другите делови од телото.

2. Духовни ефекти од дупчењето на ушите и носот.

Нашето духовно истражување покажа дека дупчењето на ушните ресички, како и левата страна на носот донесува духовни придобивки.

Поради притисокот на соодветните точки на ушите или носот се јавува тераписки ефект од акупресурата. Со тоа негативната енергија присутна во тој дел од телото се намалува.

3. Места на телото на кои пирсингот духовно е штетен

Местата на телото на кои е штетно да се има пирсинг се веѓите, устата, јазикот и другите делови на лицето или телото. Следниот цртеж заснован на духовното знаење, ги илустрира ефектите од пирсингот на тие места

3.1 Суптилна слика од пирсинг на веѓа

Цртежот подолу заснован на духовното знаење го нацрта г-ѓа Јоја Вале,  трагателка во  SSRF со помош на развиеното шесто сетило.

Јоја има способност да го види суптилниот свет и да црта суптилни цртежи, како дел од својата духовна пракса (садна) и служење на Бога (сатсева). Точноста на цртежите потоа ги проверува Неговата Светост Др. Атавле.

Следниот цртеж ги покажува ефектите од пирсингот на веѓите.

2-MKD-Body-piercing-spiritual-effect-at-eyebrow

Од суптилната слика можеме да го сфатиме следното:

  • Пирсингот на веѓата го зголемува егото на лицето, така што ја зголемува свеста за телото. Во лицето се активира и од него зрачи егоистична енергија во форма на прстени.
  • Од лицето кое што има пирсинг, зрачи енергија на привлекување и создава илузија, поради која другите се чувствуваат позитивно додека го гледаат тоа лице.
  • Местото кое што има дупка привлекува негативна енергија, која што создава суптилна обвивка околу лицето што го носи пирсингот.
  • Истиот ефект се јавува ако пирсингот е на јазикот, устата, или на друг дел на телото.

4. Како заклучок – пирсинг на телото од духовна перспектива

После спроведувањето на ова истражување, можеме да донесеме неколку заклучоци:

  • Ако имаме пирсинг на соодветно место, како што се левата страна на носот, или левото уво, можеме да придобиеме многу здравствени и духовни придобивки и да добиеме заштита од влијанието на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.).
  • Дупчењето на кожата на местата како што се веѓите, устата или јазикот не донесува никакви духовни придобивки и ги зголемува попречувањата (непријатноста) на лицето кое што го има пирсингот.

Важно е да ги сфатиме ефектите од разните активности, кои што ги правиме во секојдневниот живот. Кога се потрудиме да ги следиме праксите кои што ни овозможуваат да ги впиваме сатвик вибрациите, постигнуваме духовна благосостојба и добиваме суптилна заштита од влијанието на негативните енергии во околината.