Алтернативна медицина – Ефекти

1-mkd-alternative-medicine-landing

1. Вовед

Во овој напис ќе ги споредиме разните алтернативни терапии на ниво на ефектите од секоја терапија. Под поимот ’ефекти’ подразбираме разни вистински придобивки кои што терапијата му ги донесува на пациентот. Овде не го разгледуваме ефектот само во смисла на тоа пациентот да се чувствува добро. Подобрување на општата состојба, или исчезнување на симптомите може да биде последица од примената на било која алтернативна терапија, зависно од нивото на вистинската причина за болеста, или пореметувањето. Ние го разгледуваме нивото на кое терапијата има ефект. Ова го правиме за да на нашите читатели им овозможиме увид во суштината за максимален можен ефект од секоја од алтернативните терапии.

 2. Алопатија

3-mkd-AllopathyЕфектот од алопатскиот третман е ограничен на привремено отстранување на болеста или симптомите на болеста, во најдобар случај. Во претходните написи во оваа серија видовме како е котирана Алопатијата во однос на разните параметри кои што ги разгледавме, како ниво на делување, функционална енергија, можности и функции. Тоа разбирање ќе ни даде увид во тоа зошто ефектот од оваа алтернативна терапија е така ограничен.

3. Јунани медицина

4-mkd-YunaniВо случајот на Јунани медицината, ефектот од терапијата се јавува после некое време и зависи од состојбата на умот на пациентот. Знаеме дека Јунани медицината делува на физичко ниво те. на ниво на проток на енергија во телото. Затоа оваа алтернативна терапија нема влијание врз умот. Умот е посуптилен од нивото на кое делува Јунани медицината. Затоа на ефектот од оваа алтернативна терапија, делува состојбата на умот на пациентот. Поголеми осцилации во умот на пациентот можат да имаат негативно влијание на ефектот од оваа алтернативна терапија. Ова може лесно да се случи во случај на продолжена болест, или кај лицата со емотивна природа.

4. Акупресура

5-mkd-AcupressureТерапијата со акупресура помага во активирање на материјализираните енергетски вибрации во органот кој одговара на специфичната акупресурна точка. Таа активирана енергија помага во борбата против болестите и исцелување на органите.

5. Мудри

6-mkd-MudraКога дел од телото е болно, на суптилно духовно ниво во него се зголемува суптилната основна тама (инерција и не знење) компонента. Духовите ја користат оваа состојба и ставаат своја црна енергија. Тоа понатаму го забрзува процесот на болеста и помага на духот уште поцврсто да го држи лицето. Мудрите ја зголемуваат силата на заболените клетки, за да ја отфрлат оваа суптилна црна енергија и така ја зголемат силата на клетките во телото за да се борат на суптилно ниво. Поради тоа, оваа алтернативна терапија го закрепнува лицето на суптилно духовно ниво во борбата против болеста.

6. Хомеопатија

7-mkd-HomeopathyХомеопатијата делува на уште подлабоко ниво од веќе наброените терапии и всушност му овозможува на телото да создава нови клетки кои според болеста ќе се борат против неа. Ќетна во енергетскиот канал во телото се насочува во развој на клетките кои што по потреба се борат со болеста. Ќетна е аспект на Божествената Свесност која управува со функциите на телото и умот.

7. Ајурведа

8-mkd-AyurvedaВо претходните написи од оваа серија видовме дека, Ајурведата функционира така што ја собира Божествената Свесност во просторот внатре во клетките на телото. Како што клетките се полнат со Божествена Свесност, така расте нивната способност да се борат на духовно ниво. Бидејќи духовното ниво е најсуптилно, тоа е и најмоќно. Така и од оваа перспектива, оваа алтернативна терапија и најобемна.