Општи концепти за Духовноста

Пред да ги истражиме чекорите во духовната пракса, ќе биде корисно да разбереме неколку концепти во Духовноста.

Духовноста треба да се доживее

Во Духовноста зборовите имаат значење 2%, додека 98% значење лежи во искуството.

На сликата гледаме два брега и помеѓу нив мост. Како да поминеме од интелектуалното знаење на другата страна, за да го доживееме тоа знаење?

Како што гледате, мостот претставува “духовна пракса“ и е клуч за доживување на интелектуалното знаење. Духовната пракса е камен на сопнување за дури и најинтелигентните лица кои читаат или слушаат нешто за Духовноста. Причина за тоа е што повеќето интелектуалци се заплеткани во зборови и на теоретска основа расправаат за Светите Списи. На крајот сепак е потребно да ја доживееме Духовноста и зборовите напишани во Списите. (Погледнете го написот “Што се тоа духовни искуства?“)

boatman

Ова можеме подобро да го разбереме со помош на познатата приказна за учениот човек и лоткарот.

Еднаш сиромавиот лоткар, преку реката превезувал еден многу учен човек. Добар дел од возењето нив двајцата го поминале во разговор. Учениот човек наброил неколку Свети текстови и го прашал лоткарот дали и тој ги прочитал. Кога лоткарот му одговорил дека не е, учениот човек рекол: “Си го потрошил половина од својот живот.“ Како напредувал разговорот, лотката почнала да пропушта вода. Гледајќи што се случува, лоткарот го прашал учениот човек: “Господине знаете ли да пливате?“ На тоа учениот човек му одговорил: “Прочитав неколку книги за пливањето и собрав многу информации за тоа, но не знам да пливам.“ На тоа лоткарот му одговорил: “Тогаш целиот ваш живот е потрошен. Лотката само што не потонала!“

На учениот човек теоретското знаење не му било од никаква корист. Слично на тоа, да преминеме голем океан во световниот живот и преку него да доживееме среќа, потребно е да обавуваме духовна пракса, а не само да собираме интелектуално знаење.