ПИП – Вовед во истражување засновано на духовната наука со користење на техниката поликонтрасна интерферентна фотографија

1. Вовед

Веќе долги години човекот се труди да ја проучи Аурата, т.е. енергетското поле околу предметите или луѓето со помош на апарати или специфични техники. Една добро позната студија беше спроведена од страна на рускиот пронаoѓач, Семјон Кирилиан кој откри она што е денес познато како ‘Кириаланова фотографија’. Оваа техника создава слика на фотографска плоча со пропуштање на напон низ дадениот обејкт кој е поставен на фотографска плоча, како што е прикажано во следниот пример:

1-MKD_Kirilian-photography

Подоцна Хари Олдифилд, научник и пронаоѓач, ја истражи истата техника и ја претстави во нова форма и едноставна за користење. Таа е позната како ‘Поликонтрасна инерферентна фотографија’, односно, ПИП. Меѓу различните методи за тестирање на енергетското поле, поликонтрасната интерферентна фотографија е позната како многу ефикасна метода.

1.1 Благодарница

Со помош на Др. Торнтон Стритер, основачот на Центарот за Био-научни области, и нивниот ПИП-специјалист, Др. Анируда Ганди и нивните колеги, спроведовме неколку експерименти користејќи ја ПИП техниката. Им се заблагодаруваме за нивната непроценлива помош во реализацијата на ова истражување.

2. Информации за ПИП техниката

2.1 Актуелна употреба на ПИП техниката

Кај ПИП техниката посматраниот објект (објектот кој треба да се проучи) е изложен на бело светло кое има спектар на седум бои (спектар на виножито). Специјализирана видео камера снима фотографии со користење на различни филтри, а фотографиите се анализирани од посебен ПИП софтвер. Овој софтвер открива детали за енергетското поле на и околу објектот по пат на слики од различни нијанси и бои.

2.2 Основни принципи на ПИП техниката

Преку специјално развиен софтвер, ПИП-уредот ја набљудува интерференцијата на фотонот (светлото) и неговите промени во и околу телото. Оваа интерференција се создава кога 100% бело светло (кое ги содржи сите седум бои на спектарот) паѓа на енергетското поле на објектот или лицето. Во зависност од густината на енергијата на енергетското поле, кога на него ќе падне претходно споменатото светло, се создаваат различни нијанси на бои во согласност со карактеристиките на енергетското поле. Овие нијанси на бои се тестирани од компијутерската програма. Овие нијанси на бои створени од интерференцијата се невидливи за голо око. Иновацијата е токму во компијутерското програмирање, кое доделува број на секоја специфична вредност или фреквенција на светло, а потоа го бележи секој број во видлив спектар на светлина, така да можеме ние да го видиме. ПИП-уредот користи софтвер на персонален копмијутер со видео приемник и прави снимка од енергетската и светлосна интерференција. Во живо на мониторот се создава слика бидејќи сигналите од видео камерата се претворени во јасно видливи бои. Благодарение на тоа можат да се видат разлики во интензитетот на енергија, кои инаку е невозможно да се видат со човечко око.

2.3 Користње на различни филтри

Според потребата се користат различни филтри за да на сликата не се рефлектираат одредени нијанси на бои. Ова ги прави останатите нијанси поизразени. Благодарение на тоа можеме да добиеме повеќе информации за одредена нијанса на боја, односно за фактот поврзан со енергетското поле. Во продолжение се претставени филтери кои најчесто се користат, заедно со примери на слики кои настануваат со нивна употреба користејќи го тој филтер на истата фотографија.

Црно/Бел филтер

Следната слика на Неговата Светост Др. Атавле, е направена користејќи го Црно/Белиот филтер на ПИП техниката.

2-MKD_BlackWhite-filter

ПИП филтер

Следната слика на Неговата Светост Др. Атавле е направена користејќи го ПИП филтерот на ПИП техниката.

3-MKD_PIP-filter

Монет филтер

Следната слика на Неговата Светост Др. Атавле е направена користејќи го Монет филтерот на ПИП техниката

4-MKD_Monet-filter

Пејсажен филтер

Следната слика на Неговата Светост Др. Атавле е направена користејќи го Пејсажниот филтер на ПИП техниката.

5-MKD_landscape-filter

2.4 Природата на информациите е добиена од сликите направени со ПИП техниката

Кај оваа техника го проучуваме енергетското поле на еден објект и енергетското поле околу тој објект кое се рефлектира како нијанси на бои. Нијансите на бои рефлектирани на сликата генерираат промени зависно од тоа кој филтер се користи. Нијансите на бои кои укажуваат на позитивност (или позитивни вибрации) или негативност (или негативни вибрации) зависат од тоа кој филтер се користи. Во нашите експерименти се фокусиравме на компаративната значителна промена во негативноста и позитивноста во енергетското поле на објектот и енергетското поле околу објектот со контролниот објект (објектот/предметот кој треба да се проучи). Толкувањето на нијансите на бои добиени во сликите се менува во однос на тоа кој филтер се користи. Сепак толкувањето на нијансите на бои добиени со помош на првите три филтери кој ги користевме во овој експеримент (ПИП, Црно/Бел, Монет), е приближно исто. На пример, портокаловата и црвената укажуваат негативност, додека жолтата, розевата, зелената и сината означуваат позитивност. Во сликите направени со помош на пејсажниот филтер, светлината, контрастот и присуството или отсуство на црни дамки се критериуми кој ги земаме во предвид при анализата на сликите.

3. Поставеност и функционирање на ПИП опремата

6-MKD_PIP-Machine-set-up-final

Комплетниот ПИП систем се состои од опкружување за скенирање кое вклучува светло со целосен спектар, видео камера за правење снимки, компијутер на кој може да работи ПИП софтвер и конекција (кабел) помеѓу последните две компоненти. Општата поставеност на просторијата во која се одвива експериментот изгледа како што следува:

  • Целата соба е офарбана во бела боја со мат финиш, светло со полн спектар на бои (виножито спектар) насочено кон субјектот така да горниот крај му биде 2,65 метри од подот и најблиску до субјектот, а долниот крај на 1,9 метри висина под агол од 35 степени.
  • Униформна мат бела подигната платформа на која стои субјкетот; со димензии од 10 cm x 52 cm x 52 cm, со обележана централна линија и позиција за стапалата на субјектот за да се здржат стандардните клинички параметри.
  • Субјектот е оддалечен околу 2,25 метри од камерата.

Во сите наши експерименти, фотографиите беа направени без да се менуваат поставките или физичкото позиционирање (на пример, блендата, брзината, итн.) на камерата.

4. Методологија

Експериментите беа спроведени во Центарот за Био-научни области во Махараштра на институтот за технологија, Пуне, Индија.

Ја користевме ПИП техниката да ги споредиме енергетските полиња на, и околните објекти користени од страна на Светец (Неговата Светост Др. Атавле) со слични предмети користени од пазарот, објектите кои беа нападнати од негативни енергии и слични на нив објекти, цртежи засновани на суптилното знаење на Божества нацртани од страна на трагачите под водство на Неговата Светост Др. Атавле, и комерцијални слики од истите Божества. Исто така, спроведовме и истражувања да ги споредиме енергетските полиња на и околните делови на телото како што се косата, ноктите, ракопис и фотографии од трагачи во различни фази на духовен напредок.

По извршената анализа на сликите добиени со користење на различни филтри, трагачите од суптилното одделение ни помогнаа да разбереме што се случувало во духовната димензија во текот на овој процес. Следи пример на едно такво прашање.

Во компаративната студија на цртежот заснован на суптилното знаење на Божеството Шива направен од страна на трагачите под водство на Неговата Светост Др. Атавле и комерцијална слика на Божеството Шива, енергијата околу цртежите засновани на суптилното знаење направени од страна на трагачите покажа зголемена позитивност кај фотографиите направени со помош на ПИП и Монет филтрите, во споредба со комерцијалната слика. Меѓутоа, отчитувањето на фотографијата од истата слика направена со Црно/Бел филтер покажа намалена негативност во споредба со комерцијалната слика, а не повеќе позитивност како кај првите два филтери. Која е причината за ова?

Одговорите кои ги добивме од одделението за суптилно знаење разјасниа многу теми. Ова знаење ќе го споделиме преку серија написи на овие експерименти.