Општи концепти за Духовноста

Не трошете ја својата духовна енергија

Со вршењето на духовна пракса се добива духовна енергија. Ако оваа енергија ја користиме, на пример во форма на молитва, за да оствариме световна придобивка, ќе ја потрошиме сета енергија. Причина за тоа е што ја црпиме својата духовна енергија за да оствариме некоја световна цел. Така наместо да ја искористиме духовната енергија за духовно напредување можеме дури и духовно да назадуваме. На световните проблеми им нема крај, кои што повеќето се поврзани со нашата судбина. Со духовниот раст се зголемува способноста за соочување со судбината и нејзино конечно надминување.