Духовен (суптилен) свет

Духовниот или суптилниот свет, SSRF го дефинира како свет којшто не може да се разбере или согледа по пат на петте сетила, умот и интелектот. Суптилниот свет се однесува на невидливиот свет, т.е. свет на ангелите, духовите, рајот, итн. Преку истражување засновано на духовната наука, SSRF го отвора овој духовен свет за општеството на јасен и научен начин, разбирлив за сите. Овде го претставуваме нашето истражување преку вистински – животни примери, а секој пример посебно претставува различен аспект на духовниот свет.

1-MKD-galleries-pos-and-neg 2-MKD-gallery-ghosts
Овие галерии ги прикажуваат единствените промени кај предметите и луѓето, а кои настанале како резултат на тоа што биле изложени на позитивна или негативна енергија. Визуелна презентација која може да му помогне на секој да ги разбере аспектите на духовниот свет, а кои инаку може да се разберат само по пат на шестото сетило. Погледнете ги галериите

Намерата на објавување на оваа галерија е да им помогнеме на читателите подобро да ги разберат разните видови на духови, нивните карактеристики, разликите во нивниот изглед, однесување и сила. Цртежите засновани на знаењето за духовната димензија прикажани во оваа галерија ги нацрта трагач кој всушност може да ги види духовите во духовната димензија. Види Галерија

3-MKD-HSE-ad 1
Во текот 2000-та година, SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука, доби голем број на необични фотографии од своите трагачи, како и други предмети којшто ненадејно и необјасниво се промениле. Промените кои беа забележани кај предметите беа од типот на спонтани изгореници, пукнатини, огребатини, дамки, дупки и други изобличувања. На прв поглед, трагачите не ја знаеа причината за овие промени. Прочитајте повеќе во написот – Застрашувачки натприродни појави – Вовед. Неговата Светост Др. Атавле е Светец од највисоко ниво и поради Неговото високо духовно ниво и поради тоа што е инкарнација на Бога на земјата, Неговото тело, исто така, прикажува промени на физичко ниво. Оваа секција ни овозможува да ги согледаме разните промени кои се случиле на Неговото тело, како појавување на знакот “Ом” на Неговото тело и како Неговата кожа, коса и нокти попримале жолта боја.
5-MKD-Divine-particles
Единствена појава на Божествени честички која опширно е документирана и истражувана од страна на SSRF, како и некои други реномирани лаборатории. Овде претставуваме нова почетна страница која се однесува на Божествените честички со видеа, написи, резултати од хемиска анализа, галерија на фотографии и цртежи засновани на знаењето за духовната димензија, духовни искуства на трагачи, итн. Прочитајте повеќе….