Анализа на случајот – појава на чудни гребнатини и скинатини на чаршаф

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

1. Вовед

Ова е анализа на случајот за спонтано појавување на гребнатини и пукнатини на чаршав кој го користела г-ѓа Минакши Ичалкаранјикар од Гоа. Таа и нејзината снаа г-ѓа Савитри Ичалкаранјикар, која исто така била сведок на ова случување, се трагателки кои обавуваат духовна пракса според советите на SSRF.

2. Искуство на нападот

1.MKD_Mrs_Ichalkaranjikar

Во продолжение следи опис на настанот, раскажан во зборовите на г-ѓа Минакши Ичалкаранјикар:

“На 16-ти декември 2008-ма година, околу 21:25 часот, при местењето на креветот, мојата снаа г-ѓа Савитри видела дека чаршафот на креветот е исечен, како со ножици. За овие гребнатини и исеченици не постоеше апсолутно никакво рационално објаснување и поради тоа и двете бевме збунети”.

После ова изненадување и збунетост поради откривањето гребнатини и скинатини на чаршафот, г-ѓа Ичалкаранјикар се присети каква била нејзината физичка и ментална состојба претходно тој ден:

“Јас патам од хемороиди. Тој ден имав добра перисталтика. Сепак, одеднаш почнав да чувствувам топлина во анусот и подрачјето околу него. Секогаш кога ќе ставев парче влажен памук или влажна крпа на тоа место, веднаш ќе се исушеа. Запалив SSRF миризливо стапче (удабати), како средство за духовно исцелување. Печењето почна постепено да се намалува откако држев запалено SSRF миризливо стапче во близина на анусот, а потоа на целото тоа подрачје намачкав масло со Свет пепел (Вибути). Осеќав непријатност уште час и половина до два часа. После ова бев многу уморна”.

Коментар на тимот за истражување засновано на знаењето за духовна димензија:

Трагачите доста често осеќаат попречувања пред или после еден суптилен напад од страна на негативните енергии.

  • На физичко ниво може да се јави невообичаен замор, болки во телото, намалено ниво на енергија, итн.
  • На ментално ниво, може да се јави необјаснива зголемена раздразливост, недостаток на јасни мисли, негативни мисли, депресија, итн.

3. Искуство на сведокот којшто беше присутен за време на нападот

2_MKD_Savitri

Снаата на г-ѓа Минакши, г-ѓа Савитри Ичалкаранјикар го раскажа следново:

“Додека гледав во чаршафот не осетив никаква непријатност, ниту пак се осетив вознемирено. Меѓутоа, подоцна немав јасни мисли и се осеќав изгубено. Оваа состојба траеше цела ноќ. До утрото, мојата виталната енергија значително се намали. Се осеќав како некој да ми ја исцедил целата енергија”.

4. Суптилна анализа

Кога г-ѓа Кавита Ративадекар (трагателка од SSRF-одделот за знаење за духовната димензија која има развиено шесто сетило) направи суптилно отчитување на чаршафот, согледала дека тој бил нападнат од мантрик (моќна негативна енергија).

Понекогаш негативните енергии ги користат нашите слабости за полесно да не нападнат, па се прашувавме дали можеби ова беше причината зошто г-ѓа Ичалкаранјикар осетила физички попречувања, а нејзината снаа г-ѓа Савитри осетила пак ментални попречувања.

Меѓутоа, овде тоа не беше случај. Преку чувството на печење и топлината кои г-ѓа Ичалкаранјикар ги осетила, негативниот ентитет кој ја нападнал сакаше да и го сврти вниманието на тоа дека и го искинал нејзиниот чаршаф.

Менталните попречувања кои ги осетила г-ѓа Савитри се последица на настанатата суптилна битка. Кога негативната енергија ја нападнала нејзината свекрва, започнала суптилна битка помеѓу црната енергија која ја ослободил ентитетот кој го извршил овој напад и Божествената свесност (Чаитанија) присутна во форма на мерка за духовно исцелување која ја применила г-ѓа Ичалкаранјикар. Иако г-ѓа Савитри активно не учествувала во суптилната битка, таа осетила непријатност бидејќи се наоѓала во близина на суптилната битка и била сведок на целиот настан.