Цел на животот

1. Смисла на животот

Од време на време го слушаме прашањето кое често се поставува, ’Што е смислата и целта на животот?’ или ’Зошто сме родени?’. Во повеќето случаи секој од нас има свој поглед на тоа што му е целта во животот. Меѓутоа, од духовна перспектива, постојат две основни причини зошто сме родени. Овие причини јасно ја одредуваат целта на нашиот живот на најосновното ниво. Тоа се:

  • Да се подмири сметката на земање и давање која ја имаме со разни луѓе.
  • Да постигнеме духовен напредок со крајна цел да се соединиме со Бога и така да излеземе од циклусот на раѓање и умирање.

2. Подмирување на нашата сметка на земање и давање

Низ многу животи ние акумулираме многу сметки на земање и давање, кои се директен резултат на нашите дела и акции. Сметките можат да бидат позитивни и негативни, според природата на нашите акции. Правило во сегашната ера е дека приближно 65% од нашиот живот е одреден судбински (не е под наша контрола), а само 35% од нашиот живот управуваме со слободната волја. Сите важни настани во животот се судбински предодредени. Овие настани ги вклучуваат раѓањето, семејството во кое ќе се родиме, лицето (или лицата) со кои ќе се венчаме, децата што ќе ги имаме, сериозните болести и времето на смртта. Среќата и страдањето кои ги проживуваме со саканите лица и познаниците едноставно се последица на претходните сметки на земање и давање кои го одредуваат патот по кој нашите врски и односи се разрешуваат и одигруваат.

Меѓутоа дури и нашата судбина во сегашниот живот е само делче од натрупаната сметка на земање и давање која сме ја акумулирале за време на многу животи.

Додека го живееме овој живот ја подмируваме нашата сметка на земање и давање и ја исполнуваме судбината одредена за овој живот, ние создаваме и нови сметки работејќи според својата слободна волја. Ова на крајот се додава на нашата целокупна сметка на земање и давање позната како натрупана, или акумулирана сметка. Како резултат на тоа, мораме повторно да се родиме за да и понатаму ги подмируваме сметките на земање и давање и сме заглавени во циклусот на раѓање и умирање.

Обрнете внимание на написот ’Ослободување од циклусот на раѓање и умирање’  (Мокша) кој објаснува како се заглавуваме во циклусот на раѓање и умирање.

3. Реализација на духовниот напредок

Крајната цел во духовниот развој на секој духовен пат е соединување со Бога. ’Соединување со Бога’ значи да се доживее Бога во себе и во се околу себе, а не поистоветување со петте сетила, умот и интелектот. Ова се случува на духовно ниво од 100%. Повеќето луѓе во денешниот свет се на духовно ново од 20-25% и не се склони кон никаква духовна пракса или духовен развој. Тие исто така силно се идентификуваат со петте сетила, умот и интелектот. Тоа се покажува во животот кога ни е многу важен изгледот или сме вообразени поради својата интелигенција или успехот.

Кога со духовната пракса го реализираме растот од 60% (самашти) или 70% (вјашти), ние сме ослободени од циклусот на раѓање и умирање. После ова духовно ниво, било која преостаната сметка на земање и давање можеме да ја подмириме во повисоките суптилни региони во Махалока и повисоките региони. Меѓутоа, сепак понекогаш луѓето кои се над 60% (самашти) или над 70% (вјашти) духовно ниво можат да изберат да се родат на Земјата за да го водат човештвото кон Духовноста.

Обрнете внимание на написот значење на регионот Земја за способноста за вршење на духовна пракса во однос на другите региони како што се рајот и пеколот. Духовниот напредок е можен само преку духовната пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Духовните патеки кои не се во согласност со шесте основни принципи на духовноста водат кон стагнација во духовниот развој на поединецот.

4. Што значи тоа на планот на нашите духовни цели?

Повеќето од нас имаат свои лични животни цели. Тие можат да ги вклучат желбата на човекот да биде лекар, да стане богат и славен или да ја претставува својата земја во некоја област. Која и цел да биде, за поголемото мнозинство од нас најчестата цел е претежно од световна природа. Целокупниот образовен систем е поставен така да ни помогне да се стремиме кон тие световни цели. И како родители ние им всадуваме на своите деца исти световни цели, охрабрувајќи ги да учат и да бираат професии од кои ќе имаат повеќе материјална корист отколку што ние имаме во својата професија.

Некој би можел да праша “Како овие световни цели се усогласени со духовната цел на животот и причината за нашето раѓање на Земјата?“

Одговорот е многу едноставен. Ние се бориме за световните цели на прво место за да постигнеме задоволство и среќа. Тежнеењето за неостварливата ’непобедлива и трајна среќа’ е суштинската движечка сила на сите наши акции. Меѓутоа, дури и ако ги оствариме световните цели, среќата и задоволството кои од тоа произлегуваат се со краток век, ние и понатаму трагаме за нови сништа кои ќе ги гониме.

’Непобедливата и трајна среќа’ може да се достигне само преку духовната пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Најголемата форма на среќа, а тоа е Блаженство, е аспект на Бога. Кога се соединиме со Него и ние доживуваме непрестано Блаженство.

Тоа не треба да значи дека треба да се откажеме од се што работиме и да се посветиме само на духовната пракса. Тоа значи дека само кога ги споиме духовната пракса со световниот живот можеме да доживееме непобедлива и трајна среќа. Написот ’Истражување засновано на духовната наука за трајна среќа’ детално ги објаснува придобивките од духовната пракса.

Накратко, што повеќе од нашите цели се во согласност со целта за духовно напредување, со тоа нашиот живот станува побогат и доживуваме помалку животни страдања. Следува пример како нашата духовна перспектива во животот се менува како духовно растеме и созреваме.

Во SSRF имаме голем број на трагачи кои го посветуваат своето време и способност и така му служат на Бога:5. Пример како световниот живот може да функционира со духовните цели

  • Еден од нашите трагачи е експерт за информатичка технологија и во своето слободно време води сметка за техничките страници на нашиот веб-сајт.
  • Еден од членовите на нашиот уредувачки тим е психијатар и помага информациите кои ги даваме да се проверат од медицинска и духовна гледна точка.
  • Уште една трагачка од SSRF патува во други земји поради работата. Таа го користи своето слободно време да ги извести сличните организации од тие земји за нашиот веб-сајт.
  • Една домаќинка помага во подготовките за духовните собири.

Трагачите во SSRF имаат забележано големи позитивни промени од кога ја вклучиле Духовноста во сите делови на своите животи. Некои од клучните промени се зголемување на среќата и намалување на тагата. Дури и кога трагачите во SSRF се сретнат со ситуации кои би требало да бидат болни или трауматични, чувствуваат дека се заштитени од болката.

6. Што е лошо во тоа поново да се раѓаме?

Луѓето понекогаш помислат, ’Што е лошо во тоа поново да се раѓаме?’

Како што се повеќе навлегуваме во Калијуга (Ера на раздорот), сегашната ера од Универзумот, животот ќе биде воглавном преполн со проблеми и болки. Духовните истражувања покажаа дека, ширум светот, просечното човечко битие е среќно само во текот на 30% од времето, додека во текот на 40% од времето е несреќно. Преостанатите 30% од времето човекот е во неутрална состојба кога не чувствува ниту среќа ниту несреќа. На пример, кога лицето се шета по улицата или врши некоја секојдневна задача итн. нема ниту среќни ниту несреќни мисли.

Основната причина за сето што е наведено е тоа што повеќето луѓе е на ниско духовно ниво. Поради тоа, нашите одлуки и дела многу често им задаваат болка на другите и на крајот ја зголемуваат раѓа и тама компонентата (акција и страст, инерција и незнаење) во околината. Како резултат на тоа, ние ја акумулираме кармата (акција која ја создава судбината) или сметката на земање и давање. Поради тоа на поголемиот дел од човештвото наредните животи ќе им бидат потешки отколку што е во сегашниот.

Иако светот има направено огромни чекори во економијата, научниот и техничкиот напредок, луѓето денеска се посиромашни отколку претходните генерации во поглед на среќата која ни е основна цел во животот.

Со оглед дека сите ние сакаме среќа, повторното раѓање и наредните животи нема да ни донесат трајна среќа која ја посакуваме. Само духовниот напредок и соединувањето со Бога ќе ни ја осигури потребата за трајна среќа.