Како да постигнеме Блаженство од Душата?

1-MKD-jiva

Во текот на процесот на нашиот духовен развој стекнуваме способност да нурнеме длабоко во себе и се здобиеме со пристап до Блаженство (Ананд) од нашата душа (атма). Секој од нас се наоѓа во различни фази на духовна еволуција. Квалитет и кванитетот, како и времетраењето на Блаженството кое го доживуваме, се директно пропорционални со степенот на нашиот духовен развој.

Додека наутро се гледаме во огледалото, сме се навикнале да го гледаме својот лик. Но, дали некогаш сме се запрашале, како би изгледале кога би можеле да видиме како изгледа нашата Душа?

Овака изгледа внатрешниот лик на просечниот човек денес.

Према духовната наука се нарекува отелетворена душа бидејќи ја изгубила свеста за себе како 'Душа' наместо тоа се доживува себе преку петте сетила, умот и интелектот. Душата во суптилното тело (минус физичкото тело после смртта) е уште позната како отелеворена душа или Ѓива

Од надвор, ние ги чистиме своите домови и се капеме секојдневно бидејќи нечистотијата надовор од нас е лесно видлива. Меѓутоа, внатрешно духовно чистење е сосема друга приказна и ретко се презема.

Ја имаме најбрилијантната светлост внатре во нас, тоа е душата, но дури и најсилната светлина ако се прекрие се дебели ќебиња ќе остане скриена од погледот. Оваа темнина која ја опкружува нашата душа е “духовното незнаење” за нашата вистинска природа, односно Блаженство. Ова духовно незнаење се однесува на нашата неспособност да гледаме подалеку од нашите пет сетила, умот и интелектот и да ја согледаме душата во нас. Кога ние (отелетоврената душа) почнеме да обавуваме или вршиме духовна пракса, тогаш темнината постепено се намалува, и ние сме во состојба да ја согледаме душата и да доживееме Блаженство од неа.

2-MKD-jivatma

Како што стануваме редовни во нашата духовна пракса, почнуваме да добиваме искри на чудесни Божествени искуства кои се познати како духовни искуства. Малку подоцна ќе опишаме некои од овие исксутва.

 

 

 

3-MKD-soul

 

 

Завршната фаза е т.н. Шивадаша (т.е. состојба на единство со Бога или Богоспознание). Завршната фаза настанува кога обвивката е целосно разградена и чистата душа може да блесне без обрачот од “духовното незнаење” кој што го блокира нејзиниот сјај.