Натприродни појави – напади на духовите врз неживи објекти

Околу 2000-та година, SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука прими голем број на необични фотографии и други објекти кои изненадно и необјасниво се промениле. Промените беа од типот на спонтани изгореници, пукнатини, огребатини, дамки, дупки и други изобличувања. Слични промени, исто така, беа забележани и во просториите на SSRF-центарот за истражување засновано на духовната наука, на личните ствари на трагачите и во нивните домови.

На почетокот, трагачите не можеа да ја сфатат причината поради која овие промени се случуваат, бидејќи не постоеше никаква видлива надворешна причина. Н.С. Др. Атавле веднаш појасни дека на овие објекти влијаеле т.е. биле нападнати од страна на негативните енергии, и дека тоа е причината за промените кај објектите. Прочитајте повеќе за овие појави во нашиот напис – Застрашувачки натприродни појави – Вовед.

Спонтани палења/изгореници (Секција за изгореници)

Оваа секција го истражува феноменот на спонтано палење/согорување на кој беа сведоци голем број на трагачи кои обавуваат духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле и кои, исто така, служат на Неговата мисија за ширење на Духовноста.

Написи

  • Спонтано палење и изгореници предизвикани од негативните енергии од повисоко духовно ниво

Анализи на случаите

Огребатини (Секција за огребатини)

Оваа секција го истражува феноменот на огребатини, траги на струготини и гребнатини кои ги створиле негативните енергии. Овде ќе ја пронајдете духовната наука која стои зад гребаниците и кои не можат да се објаснат преку рационални начини, како и анализирани случаи на гребаници кои имаат духовна причина.

Написи

Анализи на случаите

Подеротини и посекотини (Секција за подеротини)

Оваа серија на написи во нашата секција за ’Застрашувачки натприродни појави’, го истражува феноменот на подеротини и посекотини направени од негативните енергии. Овде ќе ја пронајдете духовната наука која стои зад појава на посекотини во облека, слики и други објекти, без било каква физичка причина, како и анализирани случаи на посекотини кои имаат духовна причина.

Написи

  • Подеротини и посекотини во облека и кај други неживи објекти направени од страна на негативните енергии од повисоко ниво 

Анализи на случаите

Спонтана појава на дупки во облека, ѕидови и други објекти (Секција за дупки)

Оваа секција истражува како негативните енергии од повисоко ниво, можат да направат дупки само со помош на суптилни средства.

Написи 

  • Дупки предизвикани од негативните енергии во разни неживи објекти и нивниот ефект

Анализи на случаите

Спонтана појава на крвави дамки (Секција за крвави дамки)

Дали некогаш сте слушнале за изненадно појавување на крвави дамки во разни објекти, како што се облека, ѕидови и на подови од куќи?

Видео

  • Застрашувачки натприродни појави – крвави дамки – Епизода – спонтана појава на крвави дамки на поткошула.
  • Зошто се случиле овие напади
  • Анализа на случајот | Комплетна анализа на случајот спонтана појава на крвави дамки на панталони
  • Како се цртаат и проверуваат цртежите засновани на знаењето за духовната димензија
  • Предвидувања за времињата кои доаѓаат
  • Анализа на случајот | Појава на крв заедно со парче месо

Анализи на случаите

Спонтана појава на мрсни дамки (Секција за мрсни дамки)

Оваа секција истражува како негативните енергии од повисоко ниво можат да направат мрсни дамки само со помош на суптилни средства.

Написи

  • Духовната наука зад спонтаното појавување на мрсни дамки

Анализи на случаите

Пукнатини (Секција за пукнатини)

Оваа секција го истражува феноменот на пукнатини предизвикани од негативните енергии. Ова ги вклучува пукнатините на фотографиите од Светци и Божества, како и други објекти како оние кои се користат за богослужение, духовна пракса или духовно исцелување, на накит и предмети за секојдневна употреба. Во секоја анализа на случајот за ваквите необични феномени е објаснета и духовната наука која стои зад ваквите необични феномени.

Написи

  • Пукнатини во неживи објекти направени од негативните енергии од повисоко ниво

Анализи на случаите

Изобличување

Оваа секција го истражува феноменот на бледнеење и изобличување на печатени фотографии и слики. Изобличувањата најчесто беа забележани кај фотографии од Светци.

Написи

  • Изобличување на фотографии од страна на негативните енергии од повисоко ниво

Анализи на случаите