Дали е корисно да се посетуваат егзархисти / гатачи / духовни исцелители / медиуми заради надминување на проблемите предизвикани од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?

Некои луѓе на кои духовите влијаат или се опседнати од духови се обидуваат да ги надминат проблемите предизвикани од страна на духовите со посетување на егзархисти/гатачи, итн., т.е. луѓе кои наводно имаат способност да ја отстранат црната енергија на духовите или да ги отстранат и самите духови. Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) не го препорачува ова како соодветно или оправдана опција од различни причини:

  • Повеќето егзархисти / гатачи / тантрици / мантрици / духовни исцелители / свештеници / медиуми немаат соодветна студија на оваа тема, а со тоа им недостасува и доволно знаење за разните аспекти на духовите како нивните видови, сила, карактеристики, итн. Затоа тие можат да бидат доведени во заблуда од илузорните форми на духовите, како и нивното привидно напуштање на луѓето кои ги опседнале.
  • Тие исто така, не поседуваат доволно духовна моќ за да биде нивното влијание на духовите такво, да ги натераат трајно да го напуштат лицето.
  • Без силна основа во духовната пракса, која обезбедува силна внатрешна сатва компонента која овозможува континуирана борба против духовите, и најдобрите надворешни напори да се отстрани духот којшто го опседнал лицето или да се намали неговото влијание, можат да бидат неуспешни. Во најдобар случај духот може да го лажира своето заминување, па дури може и навистина да го напушти лицето, но повторно ќе се врати во лицето штом духовните исцелители ќе заминат.
  • Некои од таквите луѓе можат да бидат измамници, кои ќе го измамат лицето и ќе му земат пари, но она што е најважно, нема да дојде до очекуваното решавање на проблемот.