Напредување од материјалното (допирливото) кон суптилното (недопирливото)

Овој принцип зборува дека треба да ја подобриме својата духовна пракса така што ќе се поместиме од вршење само на физички активности во духовната пракса кон духовна пракса на суптилно ниво.

Суптилната духовна пракса е помоќна од оние на физичко ниво. Да го земеме за пример односот во кој двајца луѓе се ракуваат, а можеби заправо не се сакаат еден со друг. Физичкото покажување на пријателството е само привид. На другата страна, двајца луѓе можат да чувствуваат вистинска блискост и меѓусебна наклоност, иако тоа не го покажуваат преку физички контакт.

Слично на тоа, кога е во прашање Духовноста, кога изведуваме само обредно богослужение (на физичко ниво) без богољубие треба да го замениме со вистинско, внатрешно чувство на Богољубие или интензивна желба за духовен раст.