1-MKD-journey

Преку целата оваа Интернет презентација SSRF (Фондација за истражување заснована на духовната наука) го нагласува значењето и редовната примена на духовната пракса.

Во ова  поглавје накратко ќе научите како да го започнете својот духовен пат (духовна пракса), уште денеска.

Без оглед на тоа на кој верски пат или култура припаѓате, SSRF (Фондација за истражување заснована на духовната наука) препорачува три работи кои можете да ги преземете веднаш да би го започнале или обогатиле своето духовно патување.

1. Пеење (повторување) на Божјото Име според религијата на раѓање

Родени сме во религија која е најпогодна за започнување на нашето духовно патување. Во согласност со тоа, Божјиот принцип кој го славиме во нашата религија во тој момент ќе биде најкорисен за нашето духовно растење. Различните имиња на Бога, според различните религии, претставуваат различни принципи на истиот Врховен Бог. Со повторување на Божјото Име, според религијата на раѓање, го повикуваме тој одреден Божји принцип и неговата Божествена енергија. Тоа е слично како кога би земале универзален духовен напиток кој ни е нај потребен.

Да погледнеме неколку примери на Божјото Име кое би требало да го повторуваме во зависност од религијата на раѓање.

Кое Божјо Име треба да пеам?

Религија на раѓање Името на Богот што го пееме
Будизам Ом Манипадме хум, Намо Будаја.
Христијанство Римокатолици: Пресвета Маријо, Англиконци и други Христијански вероисповеди: Исусе Господе.
Хинду Име на семејното божество, треба да пее Шри Куладеваји Намаха.
Метода на повторување (пеење) на семејното божество: Шри треба да биде пред името на божеството, Името што следува потоа треба да биде во датив и треба да заврши со Намаха.
Например, ако семејното божество е:> Ганеш; ’Шри Ганешаја Намаха’ >Бавани; ’Баваниматаја Намаха
Ислам Ја Алах, Алах ху Акбар, Рахим, итн.
Ѓаинизам Навакар Мантра (Ом Намо Арихантаман).
Јудеизам Јехова, Јахве, Адонаи или едно од многуте Божји Имиња во Јудеизмот.
Сикизам Вахе Гуру, Шри Вахе Гуру, Сукмани Сахеб, Јапаји Сахеб.
Зороастризам Постојат 101 Имиња. На трагачот му се препорачува да го пее Името кое што одговара на бројот добиен во медитација.

 

Неколку совети за пеењето:

Chanting 1. Пејте на начин кој највеќе ви одговара: Можете да пеете ментално или на глас или можете да пеете со помош на бројаници или мали. Можете да одберете начин кој највеќе ви одговара.
dog 2. Било кога и било каде: Можете да пеете било кога и било каде. Можете на пример да пеете додека одите на работа, додека готвите или го шетате кучето.
clock 3. Зголемувајте го траењето на пеењето: Што повеќе пеете духовната благосостојба ќе биде поголема. Можете да почнете со пет минути пеење дневно и за неколку месеци постепено да го зголемувате на неколку часа дневно. Можете да го распоредите на повеќе пати во текот на денот и пеете напоредно со другите активности како што е на пример готвењето итн.
calendar 4. Нека пеењето ви биде редовно: Искрените напори вложени во пеењето донесуваат благосостојба како чувство на смиреност кое долго не сте го почувствувале, или општо подобрување во световниот живот.

Забелешка: Потрудете се да ја применувате оваа духовна пракса најдобро што можете најмалку 6 месеци и ќе видите каква благосостојба ќе имате во вашиот живот.

2. Пеење (повторување) на пеаници за заштита од проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци

Во денешно време речиси сите ние сме под влијание на она што го нарекуваме „проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци“. Овој проблем е детално објаснет во делот насловен како Проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.

Повторувањето на Името на Богот Дата (Божјиот принцип кој не штити од проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци) сме заштитени од овие проблеми.

Кликнете овде за да ја слушнете заштитната пеаница

Пеаницата гласи ’Шри Гурудев Дата’. Кликнете овде за да ја слушнете заштитната пеаница

Неколку совети за пеењето ’Шри Гурудев Дата’.

  • Количина: Препорачуваме пеење на Името ’Шри Гурудев Дата’ во износ кој е во сразмер со количината на непријатности кои некој ги доживува поради проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Ве молиме прочитајте го написот: Што се проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци како би разбрале кои се видови на непријатности/проблеми можат да бидат предизвикани од страна на нашите преминати предци.
    1. Во случај да лицето не чувствува никаква, до слаба непријатност, може да пее 1-2 часа дневно да ги избегне таквите проблеми во иднина.
    2. Во случај да непријатноста е средно изразена, лицето мора да пее 2-4 часа дневно.
    3. До колку непријатноста е силно изразена, лицето мора да пее ’Шри Гурудев Дата’ 4-6 часа дневно.

    Забелешка: Горенаведената препорачана количина на пеење е од неодамна зголемена. Препорачано е да се практикува повеќе пеење ако се зголемуваат проблемите кои се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци и негативните енергии, како во сегашно време така и времето кое доаѓа.

  • Прилагодете го повторувањето (пеењето) на себе: Можете да пеете се одеднаш или да го поделите на повеќе мали периоди на пеење.

3. Изградба на духовното знаење:

Учење: Редовното проучување на различни аспекти на духовната наука ќе ви помогне да ја разберете важноста на редовната духовна пракса и да добиете одговори на прашањата кои можеби ќе ги имате. Ви препорачуваме да ги прочитате следните поглавја или написи:

Забелешка: Бидете слободни да го поделите вашето искуство или побарате било какво прашање кое може да ви се јави после започнувањето на вашата духовна пракса.