Често поставувани прашања

mkd-FAQ-landing

1. За фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF)

1.1 Која е мисијата/целта на фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF)?

Мисијата на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука е:

  1. Да го едуцира општеството во врска со духовната димензија и како истата влијае на нашите животи.
  2. Да обезбеди алатки за да луѓето:
    • Ја разберат и доживеат духовната димензија.
    • Да ги разберат и надминат проблемите каде причината е од духовна природа.
    • Да постигнат среќа која вечно трае.

2. Духовност и наука

2.1 Зошто ја дефинирате Духовноста како наука?

Ја нарекуваме духовната наука (т.е. духовноста) “наука” поради следново:

  • Истражувањето на духовната димензија е исто систематски и логично како она на физичкиот свет.
  • Причината за сето она што се случува во духовната или суптилна димензија е забележлива исто како и во физичкиот или бруто свет.
  • Принципите во врска со духовната димензија, можат да бидат тестирани повторно и повторно со потребните алатки. Исто како што истражувачките алатки се различни за физика и архитектура, се исто така различни и за духовната наука. Овде главната потребна алатка е развиена способност на суптилна перцепција или активирано шесто сетило.

3. За духовното истражување

3.1 Што е духовно истражување?

Истражувањето во духовната димензија е познато како духовно истражување. Тоа вклучува проучување на настани и феномени во духовната димензија. Духовната димензија е таква, којашто е далеку од разбирањето на нашите пет сетила, умот и интелектот. Вистинско духовно истражување за причината за настаните во духовната димензија, може да се спроведе само со помош на нашето шесто сетило. Ова истражување се однесува на духовната причина за разни феномени и духовните мерки за причината.

3.2 Од каде го добивте ова знаење? Кој е изворот за информациите на веб-сајтот?

Изворот на знаење е Универзалниот Ум и Интелект, еден од аспектите на Бога. Некои од SSRF трагачите, преку нивното развиено шесто сетило се во состојба да се поврзат со Универзалниот Ум и Интелект. Сето знаење добиено од нив, е исто така потврдено од Н.С. Др. Атавле, преку Неговото високо активирано шесто сетило.

3.3 Каде ова духовно истражување е воглавном спроведено?

Во суштина, духовно истражување значи добивање знаење од Бога. Тоа се врши со помош на нечие развиено шесто сетило. Оттука, за разлика од модерните истражувања, духовното истражување се спроведува во духовната димензија во состојба на длабока медитација. Тоа не се спроведува надвор од себе или во лабороторија или на терен во општеството.

3.4 Како можете да и придавате проценти на духовните феномени/атрибути?

Истражувањето на духовната димензија е исто систематски и логично како она на физичкиот свет. Според ова, можат да се квантифицираат во проценти, итн. Овие проценти се добиваат во веќе готова форма од Универзалниот Ум и Интелект преку шестото сетило во состојба на длабока медитација. Тие не се добиваат преку конвенционални истражувачки методологии.

3.5 Како го докажувате вашето истражување?

Знаењето, поединечно добиено за било која тема преку шестото сетило на различни трагачи, е идентично. На пример, деталите за она ‘што точно се случува во суптилната димензија кога опседнато лице бидува третирано со мерки за духовно исцелување’ како што е соопштено од различни трагачи, на крајот излегува дека е идентично. Покрај тоа, сите наоди соопштени од сите трагачи, на крајот се потврдувани од Н.С. Др. Атавле.

3.6 Како тоа, други истражувачки студии да не ги постигнат истите заклучоци?

Повеќето истражувачки студии ја истражуваат духовната димензија и нејзините ефекти врз човекот со конвенционални алатки за истражување, додека SSRF го користи медиумот на активирано шесто сетило. Кoристењето конвенционални истражувачки методологии да се истражи духовната димензија, е како да се обидувате да измерите интелигенција со линијар. Во најдобар случај, овој вид на истражување може да биде потврдено во природа, отколку истражувањето од прва рака во етиологијата на феноменот во духовната димензија. Кога умот/мозокот не знае, тој нема да бара за да потврди. Бидејќи сето истражување на SSRF е преку медиумот на активирано шесто сетило, не се соочува со ограничувањата на конвенционалните истражувачките методологии. Затоа, заклучоците од истражувања се обврзани да бидат различни.

4. Духовна наука и религија

4.1 Дали SSRF припаѓа на одредена религија?

SSRF не припаѓа на ниту една религија. Таа е заснована на универзалните принципи за духовната наука кој се однесуваат на целото човештво, без оглед на нејзиното културно потекло или религија на раѓање. Тоа може да го примени било кој искрен Боготрагател, припаѓајќи на било која религија.

4.2 Дали SSRF е уште едно движење од новата доба?

SSRF ги подучува сите аспекти на духовната наука и духовноста. Оваа наука постои уште од памтивек, и е комплетна, непроменлива и ги надминува религијата, расата или културата. Движењата од новата доба само што неодамна почнале и опфаќаат само некои концепти од сеопфатната духовна наука како законот на кармата, аури, реинкарнација, итн. Иронично, не постои ништо ‘ново’ за овие концепти, бидејќи овие духовни принципи и феномени постојат уште од почетокот на времето.

4.3 Дали духовната наука е иста како скиентологијата?

И духовната наука и скиентологија ја проучуваат/истражуваат Вистината. Но, тие се разликуваат во многу аспекти. На пример, Скиентологијата вели дека целта на животот е да се преживее, додека духовната наука изјавува дека целта на животот е да се соединиме со Бога.

5. Предавања

5.1 Каде можеме да присуствувавме на вашите предавања

Информации за предавањата спроведени од нас, се достапни на нашата страна во делот настани. кликнете тука доколку сакате да ги погледнете?

6. За почетници

6.1 Немам претходно знаење во врска со оваа тема, од каде да почнам?

Делот направаете турнеја ќе ви обезбеди преглед на главните делови од нашата веб страница во зависност од вашиот примарен интерес.

6.2 Мојот живот е навистина добар; можам ли уште да придобијам од овој веб-сајт?

Да, можете уште да придобиете од овој веб-сајт:

  • • Подлабоко разбирање за нашиот живот: Овој веб-сајт дава подлабока перспектива во нашиот живот и факторите кои влијаат врз него. Ова ги вклучува основната цел на животот, зошто го правиме она што го правиме, дури и кога тие се спротивни на нашата природа, основните причини за тешкотиите во животот и како да се справиме со нив, итн
  • Промената е единствената константа: Се околу нас се менува, и статусот на нашиот живот не е гаранција за иднинта. 35% од нашите животни настани се одлучуваат од нашата слободна волја, а 65% се предодредени. Со духовна пракса, едно лице може да надмине блага до умерена судибна. Едно лице неможе да ја избегне тешката судибна, но со духовна пракса може да се здобие со способноста да се носи со таквата судбина.

6.3 Кој е трагач?

Трагач е лице кое прави чесни и искрени напори на дневна основа да расте духовно. Духовната пракса на еден трагач интуитивно би била во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. Има интензивна желба за духовен раст, еден трагач на дневна основа се залага за подобрување на неговата или нејзината духовна пракса квантитативно и квалитативно.

6.4 Јас сум атеист, како можам да придобијам од овој веб-сајт?

  • Можете да придобиете од деловите за основната цел на животот, универзалните концепти во духовната наука, зошто го правиме она што го правиме, дури и кога понекогаш тие работи се спротивни на нашата природа, основните причини за тешкотиите во животот, итн.
  • Можете да дознаете за огромниот невиден суптилен свет на духови, ангели, рајот, пеколот, итн. Од луѓето кои можат сето тоа да го видат и како суптилниот свет влијае на нашите животи.

6.5 Ја сум религиозно лице, како можам да придобијам од овој веб-сајт?

SSRF ги објаснува универзалните духовни принципи кои одат далеку над религијата, расата, националноста. Можете да ја надополните вашата духовна пракса користејќи ги ранзите принципи и исто така, можете да го споредите вашиот духовен напредок според критериумите дадени тука.

6.6 Информациите на овој веб-сајт се тешки за верување

Го разбираме вашето чувство. Повеќето од информациите објавени на овој веб-сајт за духовната димензија, никогаш претходно не биле објавени, и затоа е тешко да се сфатат при првото читање. Вистинското разбирање на нешто од духовната димензија, може да се постигне само преку духовна пракса. Еден начин скептицизмот да си замине, е да се доживеат работите од прва рака. Со редовна духовна пракса можеме да бидеме во состојба да го согледаме овој свет и нашиот скептицизам се намалува.

6.7 Што SSRF препорачува да направам да го започнам моето духовно патување (духовна пракса)?

Било од кој религиозен пат или култура да потекнувате, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), препорачува три работи кои можете веднаш да ги направите за да го започнете или го надополните вашето духовно патување:

  1. Пеење на Божјото Име според религијата на вашето раѓање.
  2. Пеење на заштита пеаница за суптилни тела на преминати предци.
  3. Градање на вашето духовно знаење.

За повеќе детали ве молиме погледнете го делот “Започнете го своето духовно патување

6.8 Дали треба да го оставам мојот световен живот за да започнам со практикување духовност?

Духовна пракса можете да започнете и сега какви што сте, и во слободното време. Духовната пракса не само што го надополнува световниот живот, туку, исто така и го подобрува.