Како се користи Светата вода

1. Кои се придобивките на Светата вода добиена од Светиот пепел на SSRF миризливите стапчиња или добиена со полнење?

Бидејќи Светата вода содржи позитивна енергија добиена од Божествената свесност (Чаитанија), може да се користи во пренесување на позитивна енергија. Се користи и како превентивна мерка за отстранување на негативната црна енергија од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

За да го разберете начинот на делување на Светата вода, ве молиме прочитајте го написот – Како да се направи и употреби Света вода добиена од Светиот пепел на SSRF миризливите стапчиња? 

Светата вода добиена од Светиот пепел на SSRF мризливите стапчиња или со полнење може да се користи како моќна духовно исцелувачка мерка на три начини:

  1. Прскање по лицето, околу лицето, прскање по креветот, прскање во просторијата во која живееме
  2. Нанесување по болните места на телото
  3. Светата вода добиена со полнење по пат на пеење, исто така, може да се консумира како мерка за духовно исцелување.

2. Прскање по лицето, околу лицето и по креветот

За ова ќе ви треба чаша или сад со Света вода наполнета со позитивна енергија од пеење или вода во која е додаден Свет пепел од SSRF миризлви стапчиња. Започнете со молитва да прскањето на Светата вода привлече позитивна енергија и уништи било каква негативна црна енергија на духовите. Потоа попрскајте се самите себе со Света вода или лицето кое е под влијание на негативни енергии.

Света вода може да се попрска по и околу креветот пред да заминеме на спиење, за да се здобиеме со придобивката на позитивната енергија и да спречиме било какви попречувања од негативните енергии. Ова е ефикасна метода со која можеме да ги спречиме ноќните мори, непријатните сонови и несоница која може да биде предизвикана од духовите или суптилните тела на преминатите предци.

На истиот начин, Света вода можеме да попрскаме по и околу нас, на тој начин се создава заштитна обвивка којашто нас не штити од влијаниа/попречувања од негативни енергии додека учиме или работиме.

Прскање Света вода во просториите во коишто живееме и работиме, помага духовно да се очисти и прочисти животниот простор.

3. Ефектот од прскање Света вода на негативните енергии

Редовното прскање Света вода создава голема непријатност за негативните енергии, така што тие се принудени да се склонат или дури и да го напуштат лицето. Следново видео ги покажува реакциите на духот на Светата вода добиена од SSRF миризливите стапчиња. На снимката овие духови се манифестирани, но дури и кога не се манифестирани, трпат огромна количина болка кога лицето ќе се попрска со Света вода. Исцелителите коишто користат Света вода како мерка за духовно исцелување имаат духовно ниво кое надминува 60%, што се одразува на тоа Светата вода посилно да делува.

Ве молиме, прочитајте го написот – Што значи кога велиме дека духот е ‘манифестиран’, а а што кога велиме дека е ‘не-манифестиран’?

4. Нанесување Света вода

Нанесувањето Света вода на болните делови од телото, помага да се ублажи болката, особено кога истата е предизвикана од духовна причина, како што е влијание на духовите. Дали причината за болката е од духовна природа, може да се дознае само преку високо развиено шесто сетило. На интелектуално ниво со сигурност можеме да заклучиме дека болката се должи на духовни причини, ако не може да се утврди конечна дијагноза и покрај најдобрите конвенционални тестови или доколку нема подобрување и после најдобро познатите конвенционални методи на лечење. Божествената свесност (Чаитанија) во Светата вода помага да се отстрани суптилната основна Тама компонента во зафатените делови од телото, како и да се уништи негативната црна енергија која предизвикува болка во одредени делови од телото. Нанесувањето Света вода на очите, помага да се надмине неконтролирана поспаност.

5. Консумирање Света вода?

Конзумирањето Света вода која е добиена по пат на полнење со пеење, помага да се зголеми основната суптилна Сатва компонента во телото, и на тој начин се зголемува позитивната енергија во телото. Ова помага во зголемување на духовната благосостојба и надминување на било каква негативност, како што се болки, различни болести, несоница, апатија, депресија и други економски и социјални проблеми во животот. Редовното внесување на една лажица Света вода, делува како духовен лек кој го зголемува нивото на позитивна енергија и на тој начин ствара заштита од влијаниа не негативните енергии.