Придобивки од молитвите

  • Ја подобрува духовната пракса: Молитвите кон Бога влијаат на нашата духовна пракса на три нивоа: на ниво на акции, мисли и ставот:
    • На ниво на акции: Сите активности кои им претходат на молитвите за духовни придобивки се вршат со духовна емоција, така да при вршењето на тие активности помалку се греши. Затоа, молитвите кон Бога за вршење на духовна пракса, како што е пеењето, сатсангот, и сатсевата, итн. Прават да тие активности се одвиваат на начин на кој Гуруто сака да се одвиваат.
    • На ниво на мисли: Се додека умот е активен и мислите ќе се појавуваат. Тие претставуваат бариера во разградувањето на умот. Беспотребните мисли исто така предизвикуваат и расипување на енергијата. Молитвите се многу корисна алатка за спречување на овие појави, тие ги намалуваат грижите и го подобруваат размислувањето (контемплацијата).
    • На ниво на ставот: Со молитвите кон Бога со духовна емоција започнува процес на контемплација во трагачот по Вистината и помагаат да се стане интровертен.
  • Ја зголемува силата на пеењето на Божјото Име: Трагачот по Вистината го пее Божјото Име со цел да го спознае Бога. Само со силна мотивација за Богоспознание и духовна емоција Името кое го пее ќе биде навистина ефикасно. Светецот би бил толку посветен на пеењето како би станал несвесен за светот околу себе. Ретко можеме да сретнеме човек кој е во состојба да го пее Божјото Име со така интензивна духовна емоција. Меѓутоа, постојаните молитви кон Бога за благослов и квалитет на пеењето заедно со пеењето на Божјото Име помагаат во креирање на духовна емоција и прават нашето пеење да пристигне до Бога.
  • Божествена помош во духовната пракса: Кога трагачот по Вистината искрено се моли на Бога за одредена акција, мисла, став, кои се однесуваат на неговата духовна пракса, Бог ќе направи преку него (трагачот), навидум невозможна задача.
  • Добивање прошка за грешките: Ако сме напревиле грешка и после тоа се помолиме и предадеме на Бога, Тој ни ја простува грешката. Сепак, молитвите и предавањето треба да бидат во сооднос со направената грешка (не се толку значајни самите зборови туку ставот со кој ги изговараме).
  • Намалување на егото: Кога се молиме ние сме понизни пред Бога, затоа ја оставаме гордоста и покорно ја признаваме потребата и зависноста од Бога. На тој начин егото брзо се намалува. Видете го написот ’Зошто е важно да се моли?’.
  • Заштита од духовите: Молитвите кон Бога се моќно оружје и помагаат во заштитата од духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии итн.) и формираат заштитна обвивка околу нас.
  • Зајакнување на верата: Кога молитвата е прифатена, верата во Бога расте. Верата е единствената валута на нашиот духовен пат.