Световна молитва (со очекување) и духовна молитва (без очекување)

Постојат два типа на молитви во зависност од намерата зад молитвата.

1.Молитва со световно очекување

Ова е најчеста форма на молитвата. Овој вид на молитва е изразена со очекување да се постигнат некои световни потреби. Таквата молитва може, но не мора, да биде проследена со било која друга духовна пракса.

Некои од молитвите со световни очекувања би вклучиле молби за:

  • Физички материјални потреби како што се работа, партнер, дете, итн.
  • Суптилни материјални потреби како што се закрепнување од болести, среќа, итн.

Молитвите кои се наменети со очекување за некои световни придобивки, обично ги користат луѓето во иницијалната фаза на своето духовно патување. Дури и оние чии молитви се услишани за некои световни придобивки, се во иницијалната фаза на своето духовно патување. Причина за тоа е што луѓето во напредната фаза на духовниот развој се молат само за својот духовен раст, како е објаснето во следното поглавје.

Кога се молиме за наша световна придобивка, молитвата може да биде услишана, но ние тогаш ја потрошиме нашата духовна енергија добиена со духовна пракса. Оваа духовна енергија може да биде од сегашниот или од поранешните животи.

Луѓето кои во текот на својот живот продолжуваат да се молат со световни очекувања, ја користат молитвата како алатка за да добијат нешто ситно од Бога, наместо да ја зголемат духовната пракса, и така ја придобиле севкупната, непрестана Божја милост. Важен недостаток на овој вид на молитви е тоа што луѓето тежнеат да останат заробени во световните желби и потреби наместо да ги надминат и се предадат на Божјата волја и така бидат во состојба да се потпрат на тоа дека Тој ќе се погрижи за нив според нивните потреби (а не според личните желби).

2. Духовна молитва без световно очекување (за духовен раст)

На овој начин се молат трагачите по Вистината кои се сериозни на својот духовен пат. Во ваквите молитви исто така се обраќаме кон Бога со некоја молба но не со световно очекување. Очекувањето на трагачот е да биде способен подобро да ја врши духовната пракса како би постигнал духовен напредок. Тртагачите можат да се молат и за отстранување на препреките во нивната духовна пракса, намалување на нивното его, итн.

Трагачите кои се молат без световни очекувања имаат двојна корист, благословени се со напредок и нивните материјални тежнеења се задоволени според потребите. Лицето кое со молитвата се предава во состојба е да пристапи до многу поголема Божја милост отколку лице кое се моли со световни очекувања. Предавањето исто така придонесува за смирување на умот, интелектот и егото. Овие два фактора доведуваат до брз духовен напредок.

3. Споредба на овие два вида на молитва

Молитва со световни очекувања

Духовна молитва без световни
очекувања (за духовен раст)

  • Молитвата може да биде услишана ако судбината на тоа лице не одредува поинаку
  • Секогаш ќе биде услишана во зависност од интензитетот на молитвата и духовното ниво на тоа лице
  • Духовната енергија е потрошена
  • Духовната енергија не е потрошена
  • Нема духовен напредок
  • Лицето духовно напредува и световните потреби се задоволени по Божјата желба

4. Како се менуваат молитвите со оглед на духовниот раст на трагачот

Аспект на животот

Световна молитва со очекување

Духовна молитва без очекување
(за духовен раст)

  • Работа
Боже, штотуку го завршив разговорот за работа. Те молам дозволи да ја добијам оваа работа. Навистина, навистина ми е потребна. Боже, штотуку го завршив разговорот и резултатот ти го оставам Тебе на нозе. Те молам дај ми сила да го прифатам резултатот по Твојата волја.
  • Пронаоѓање на партнер
Боже, ја сакам оваа личност. Те молам направи и таа личност исто така да ме сака мене, ако не и повеќе. Боже, Ти најдобро знаеш дали оваа личност ми е судена. Јас исто така знам дека пронаоѓањето на партнерот/ката во овој живот зависи од мојата судбина. Но те молам заштити ја мојата духовна пракса во секој случај.
  • Болест
Боже, не можам да ја поднесам оваа болест, те молам излечи ме. Боже, дај ми сила да ја поднесам оваа болест така да не ме попречува во мојата духовна пракса.
  • Болести на децата
Боже, те молам спаси го моето дете. Ќе направам се. Ако го спасиш моето дете, половината од мојата следна плата ќе ја донирам на питачите. Боже, моето дете е сериозно болно. Направивме се што можевме. Знам дека ти го сакаш многу повеќе од мене – јас Тебе ти го предавам на нозе.
  • Болен период во животот
Боже, ова е најболниот период во мојот живот. Те молам, спаси ме од него. Боже, Те молам дај ми сила да ја поднесам болката и допушти ми да научам она што треба да го научам на ова духовно ниво. Те молам, дозволи ми да вршам духовна пракса без попречување.
  • Среќен период
Обично нема молитви. Боже, Те молам дај ми да се сетам на Тебе во својата среќа и на тоа дека Ти си ме благословил. Нека тежнеам по Тебе како кога сум несреќен.
  • Духовна пракса
Обично нема молитви. Боже, Ти благодарам што ми даваш нов ден да вршам духовна пракса. Те молам, дозволи ми да Ти служам по Твојата волја, и подари ми можност да ја подобрам својата духовна пракса.

5. Насоки од Неговaтa Светост д-р Атавле во врска со молитва со и без очекувања

1. Обичен индивидуа: Оној кој сака нешто во земниот живот се моли на Бога. Тој не разбира дека без преданост, Бог нема да даде ништо, дури и ако тој се моли. Кога човек не добива ништо, дури и откако се моли многу пати, неговата вера во Бога намалува.

2. Оние кои вршат духовна пракса преку Бактијога (Патот на Посветеност): С изключение на тези, които следват Бактийога (Пътя на Предаността), тези, който изпълняват духовна практика чрез други пътеки като Пътя на Действие (Кармайога), Пътя на Знанието (Днянйога), и т.н., в повечето случаи не се молят.

А. Човек не разбира дека освен ако нема вистинска посветеност и бхав (Духовна емоција) во молитвите, Бог не дава она што се очекува./p>

Б. Човек не разбира дека бидејќи сè се случува по Божјата желба, бесмислено е да бара сопствена желба. Духовната пракса фактички се спроведува само за уништување на сопствената желба.

В. Бидејќи многу луѓе не знаат што да побараат, ако она што тие сакаат, не е во прилог на духовната пракса, Бог не дава.

Г. Најважната придобивка од молењете е намалување на нашето его.

Д. Ако воопшто сакаме да се молиме на Бога, следнава би била соодветна молитва – “Молам да добијам помош при извршувањето на духовната пракса”.

Е. По духовно напредување, посветениот на Бог не бата ништо од Бог; бидејќи тој знае дека Бог ќе му даде она што е потребно во соодветно време. “

– Неговата Светост Др. Атавле

6. Краток преглед

Накратко, следното што е наведено е општо правило кое мораме да го имаме на ум додека се молиме:

  • Ако молитвите се за подобрување за петте сетила, умот и интелектот, тоа се молитви со световно очекување.
  • Ако молитвите се за труд да се доживее Душата (те. Бога во нас), тоа се молитви без световни очекувања.