1. Медитација и пеење – вовед

Денес, медитацијата нашироко се препорачува како пракса која го смирува умот, го отстранува стресот, помага во постигнување на повисоки нивоа на концентрација итн. Во овој напис ја објаснуваме разликата помеѓу медитацијата и пеењето, зошто во денешно време е тешко да медитираме и зошто пеењето има поголемо значење за оние кои сакаат духовен раст.

2. Дефиниции на пеењето и медитацијата

Во овој напис го користиме терминот “медитација“ да ја објасниме над свесната состојба без мисли. Ова состојба може да се доживее после интензивно вежбање.

Пеењето е повторување на Божјото Име.

3. Споредба на медитацијата и пеењето

Табелата подолу покажува зошто во денешниот период на Калијуга пеењето е покорисно од медитацијата.

Медитација Пеење
1. Ограничувања во духовната пракса A. Колку луѓе можат да ја вршат Понекои Многу
Б. Колку долго може да се врши во текот на денот? Неколку часа Многу часа
Ц. Причина Има некои ограничувања, затоа што лицето треба да седи на одредено место, концентрирана на своето дишење, и концентрирана во умот. Нема ограничувања во пеењето, затоа што лицето може да пее каде и да се наоѓа.
2. Причина поради која придобивката е помала или поголема

1. Лицето не може да и служи на Апсолутната Вистина (Сатсева) додека медитира.

2. Во потсвесниот ум се создава нова импресија како што е случај кај пеењето. Затоа е потребно повеќе време да се уништат импресиите кои лицето ги носи од многу претходни животи и да се прочисти умот.

3. Можно е да се биде во интимна врска со Бога, меѓутоа во Калијуга многу малку луѓе сe способни ова да го постигнат по пат на медитација.

1. Поединецот може да и служи на Апсолутната Вистина (Сатсева) додека пее.

2. Затоа што во потсвесниот ум се создава нова импресија со пеењето, неговите импресии од претходните животи се поништуваат и потребно е помалку време да се прочисти умот.

3. Можно е постојано да се биде во врска со Бога.

4. Практични придобивки од пеењето во споредба со медитацијата

Следува подетална анализа на практични придобивки од пеењето во споредба со медитацијата.

Непречена духовна пракса: Во медитацијата мораме да седиме во одредена положба. Следствено, ако имаме болки во грбот, седењето во таа позиција може да биде многу тешко. Пеењето нема такви ограничувања. Покрај тоа, кај пеењето не е потребно време за вложување во медитативна состојба како кај медитацијата.

Континуитет на духовната пракса: Не можеме да медитираме цел ден без прекин, а пеењето може да тече непрекинато. За да се споиме со Божјиот Принцип неопходно е непрекинато да обавуваме духовна пракса.

Намалување на бројот на она што го сакаме или не го сакаме: Можеме да пееме и додека јадеме. Додека умот ни е посветен на пеењето, забораваме што јадеме и тоа ни помага да се намали бројот на она што го сакаме или не го сакаме. Ако продолжиме да пееме додека ги вршиме сите активности, сите импресии полека се намалуваат. Тоа не се случува кога медитираме.

Постојана „будна состојба“ или Духовно доживување на Бога: Трагачите кои се занимаваат со медитација излегуваат од состојбата на медитација во будна состојба бидејќи постои тенденција кон физичката димензија. Од друга страна, кога пеењето е континуирано, ние сме постојано во „будна состојба“ те. на некој начин сме во постојана состојба на медитација.

Привлекување на физичката димензија: Импресиите во потсвесниот ум не влечат кон физичката димензија. Во текот на медитацијата тенденциите во потсвесниот ум само се потиснати, но не и отстранети. Со пеењето тие се во голема мера отстранети.

Појавување на суптилни слики во умот: Одржувањето на умот без мисли значи не обраќање внимание на надвор или на внатре. Меѓутоа, во оваа состојба суптилните импресии во некој момент сепак излегуваат на површина. Од друга страна, кога се концентрираме на Божјото Име, поради одбивање на другите мисли или воспоставување на центарот на Богољубие, суптилните импресии не доаѓаат до умот. Пеењето затоа е супериорно во однос на состојбата без мисли.

Духовни искуства и духовно ниво: Духовните искуства кои лицето ги има додека е во медитативна состојба не го отсликува неговото духовно ниво. Спротивно на тоа, духовните искуства во текот на пеењето укажуваат на духовното ниво на лицето. На пример, достигнување на состојба без мисли во медитација не значи дека лицето достигнало Самоспознание, додека искуството на непрекинато пеење зборува за достигнување на духовно ниво од 40%.

Вистински и лажни духовни искуства: Духовните искуства добиени по пат на пеење се вистински, затоа што се јавуваат како резултат на спојување со Името, додека искуството на празнина или состојба без мисли во медитација е илузија, затоа што лицето не е свесно за ова искуство. Додека лицето со пеење, благодарејќи на свеста за тоа, тоа може и да го доживее.

Искуство на различни состојби: Во медитација доживуваме состојба слична на труп, додека пеењето ни дава искуство на Божествена Свесност (Чаитанија).

Вештачки и природни состојби: Медитацијата е вештачка состојба, додека преку пеењето постигнуваме природна состојба на поврзаност со Бога.

Его:

Егото е поголемо и потешко се совладува по пат на медитација од неколку причини:

  • Не е лесно да постигнеме поврзаност со Божествениот Принцип во текот на медитација, затоа што идејата и искуството дека сме одвоени од Бога останува силна. Чуството дека „јас сум одвоен од Бога“ е его.
  • Лесно е да имаме мисли како што се „Јас медитирам“, Јас влегувам во медитативна состојба“ кои не само дека ја зголемуваат свеста за себе, умот и телото, туку можат да водат и до мисли дека сме посебни и единствени и така го зголемуваме егото.
  • Додека пееме, многу сме посвесни за Бога. Имаме и свест дека пееме благодарејќи само на Божјата милост. Како резултат, не се развива егото со вршење на духовната пракса, туку доаѓа до негово разградување.

Пеењето не штити од негативните енергии: Во состојба на медитација во умот нема мисли. Во таа состојба можат да не попречуваат и некои негативни енергии. Од друга страна, кога пееме, околу нас се создава заштитна обвивка која не штити од негативните енергии.

Комплетност во духовната пракса: Пеењето можеме да го вршиме во текот на било која секојдневна активност, што значи дека истовремено можат де се случуваат и други аспекти на духовната пракса. На пример, лицето може да се труди да развие духовна емоција, безусловна духовна љубов (прити), може да ги проучува своите лични недостатоци и егото и да се труди да ги намали итн. Ова е важно затоа што треба да обавуваме духовна пракса додека исполнуваме други обврски како што е грижа за домаќинството, децата, работата, итн.

5. Заклучок – медитација и пеење

Денеска многу луѓе практикуваат медитација како психолошка техника за само-унапредување, наместо како алатка за духовен раст. Затоа и придобивките кои произлегуваат од таквите медитации се на психолошко ниво.

Врз основа на споредувањата кои погоре ги направивме, во денешно време пеењето има поголема вредност за духовниот раст.

Аке веќе медитирате со желба да постигнете духовен раст, ви препорачуваме медитацијата да ја надополните со пеење. Во нашата секција Кое Божјо Име треба да повторуваме? можете да најдете повеќе информации за тоа кое Божјо Име да пеете.