Благодарноста како форма на молитва – што е значењето?

1. Што е благодарност?

Бог нас не створил и ни дал разни работи во животот, вклучувајќи го и самиот живот. Секое утро се будиме да проживееме нов ден благодарејќи на Неговата милост. Овој живот на Земјата е драгоцен затоа што е единствен регион на кој можеме да вршиме духовна пракса и ја исполниме основната цел на животот. Кога некој човек нешто работи за нас, ние чувствуваме благодарност. Меѓутоа, повеќето од нас не сме навикнати да изразиме благодарност на Бога за се што ни дал. Изразување на благодарност на Бога за сите работи што Тој ги работи за нас се вика благодарност во духовната пракса. Способноста да живееме во тоа чувство на благодарност е важен и суштински дел во духовниот пат на трагачот.

Реалноста е таква да, додека многу луѓе го прифаќаат Бога како свој Творец, тие не чувствуваат потреба да Му изразат благодарност преку молитва. Ова е воглавно затоа што мислат дека се што им се случува во животот, или барем повеќето световни работи – добри или лоши, се случуваат по нивна волја. Тие само после големи необични промени, после интензивни молитви како чудотворен лек за многу болно дете заболено од некоја неизлечива болест, ќе изразат благодарност на Бога. Меѓутоа, дури и тогаш сеќавањето на укажаната Божја помош е со краток век. Како времето минува човекот се враќа на своите стари навики се додека не го погоди следниот голем проблем, кога пак почнува да се моли за Божествена интервенција.

Во нижите етапи на нашиот духовен развој во просек 65% од настаните се случуваат поради судбината, а 35% како акција на нашата волја (просек за денешно време). Како напредуваме духовно, почнуваме да го чувствуваме Божјото присуство во својот живот. Како го доживуваме Неговото присуство, и ја доживуваме Неговата милост и чувствуваме дека се што се случува во нашиот живот е Негова волја. Дури после достигнувањето на духовно ниво од 60% трагачот почнува навистина да го цени и чувствува овој факт. Заедно со искуството доаѓа и благодарноста во вистинска смисла на тој збор.

Трагачот и вистинскиот ученик на духовната наука развива став дека треба да учи од секоја ситуација, добра или лоша. Од разни ситуации и проблеми во животот тој почнува да учи како може да ги разбере своите дефекти (маани) и квалитети. На овој начин види на што мора да работи да ги промени своите дефекти и подобро да разбере и биде свесен за своите квалитети. Од сите ситуации во животот тој добива патоказ да се усоврши, не само зголемувајќи ги своите квалитети, туку заменувајќи ги своите лични маани (недостатоци) со нови квалитети. Тој увидува дека Бог му помага дека преку сите ситуации, добри и лоши, го зајакнува своето трагање. Во согласност со тоа, тој чувствува благодарност кон Бога во сите ситуации, и добри и лоши, како што ја чувствува и Божјата рака во својот живот која го запознава со ситуациите и му овозможува да ги сфати духовните лекции и учења.

Во повеќето случаи оваа благодарност е насочена кон својот духовен водич или Гуру. Ве молиме погледнете го написот за тоа кој е Гуру и како Тој го води трагачот.

За да расте духовно трагачот треба да се издигне над своите позитивни и негативни емоции во кои личноста која не е трагач обично е уплетена. На овој начин се развива духовна емоција (бав), која претставува чувство на Божјото присуство секаде. Благодарноста помага да се зајакне духовната емоција (бав).

2. Површна благодарност и духовна емоција на благодарноста

Благодарноста искажана само со зборови е површна. Во почетната етапа на духовната пракса, човек мора да се потруди да ги намали зборовите за да изрази благодарност на Бога. За нашиот духовен напредок е важно да се потрудиме да стекнеме навика да ја кажеме благодарноста во себе.

Благодарноста доаѓа од срце кога можеме многу јасно да го видиме Божественото влијание во нашиот живот. Ова може да биде во случај кога некој кого го сакаме биде со чудо излекуван иако лекарите останале без надеж. Или проблемот кој сме го имале подолго време одеднаш е олеснет после интензивна молитва. Во скоро сите други случаи ние изразуваме благодарност за разни работи во животот дури и за самиот наш живот на површно, или интелектуално ниво.

Што повеќе се задлабочуваме во духовната пракса, отвораме еден цел нов свет кој е досега бил скриен од нас. Добиваме духовни искуства кои се Божји начини да комуницира со нас. Постојат безброј ситни убави изненадувања во нашиот живот и ние полека, но сигурно, ја чувствуваме Божјата рака која не води во животот. Благодарноста почнува да се изградува дури и за помали настани во животот и постојана Божествена помош и охрабрување кое го добиваме преку духовната пракса. Кога чувствуваме и искажуваме благодарност повеќе пати во текот на денот, постепено се развива духовната емоција на благодарноста. Како веќе е објаснето во написот, постои непрекинато сфаќање пред, за време и после настаните, дека се ’се случува по Божјата волја’. Тогаш благодарноста на трагачот е непрекината и автоматски ја изразува во искрените мисли. Во оваа фаза, благодарноста е присутна и покажана во секоја акција, движење или мисла.

Овој повисок чекор на напредок почнува кога егото е намалено и кога трагачот ја достигне таа состојба, егото станува ниско.

Всушност, духовната емоција на благодарноста се активира со милоста на Гуруто и според тоа останува непроменета.

3. Во што е значењето на благодарноста?

Трагачот прво почнува да се труди да изрази благодарност. После некое време на редовно изразување на благодарност и преку духовниот раст, тој развива духовна емоција на благодарноста. Еднаш кога оваа состојба е достигната, како тој непрестано сфаќа тоа дека ’Бог е Творец, јас сум никој’, неговото суптилно его се намалува. Тој почнува да го сфаќа своето ограничување. Според тоа во секоја тешка ситуација тој покорно се предава на Бога и дури тогаш направи нешто. Ова се вика ’предавање на Бога’. Кога почне да се предава на Бога не само во тешките ситуации туку дури и во малите ситни случувања во секојдневниот живот неговата духовна емоција на предавање расте. Бог брзо ги исполнува молитвите со духовна емоција како ’Боже те молам да се грижиш за мојот духовен раст, те молам кажи ми што треба да биде мојот следен чекор, само Ти ме води’. Трагачот кој чувствува духовна емоција на благодарност и предавање секогаш е блиску до Бога. Бог поклонува се што е потребно, те. Духовни искуства, водство и знаење на таквиот трагач дури и ако тој тоа не го тражи.