1-MKD-Rivers-rain-lake-sea-turning-red

1. Вовед

Во изминатиот период, поточно од 2010 година, ширум светот се случува необичен феномен. Реки, езера, мориња, па дури и дождови добиваат црвена боја. Некои од овие промени во бојата на реките се случија преку ноќ, претворајќи големи површини вода во крваво црвена боја. Погледите на научниците за овој феномен се недоволни и неможат да ја објасант секоја појава на феноменот. Постојат разни теории кои се испитуваат за тоа, како на пример:

  1. Цветање на црвени алги
  2. Загадување
  3. Високата концентрација на сол во форма на солни наслаги, претворајќи ја нормално сината боја во темно црвена боја.
  4. Климатските промени – зголемена киселост на океаните

Некои луѓе сметаат дека овој феномен е предупредување за времињата кои доаѓаат, период на неволји или Армагедон. Без разлика колку небично и да изгледа овој феномен, се чини дека се шири и се повеќе реки, езера и мориња добиваат црвена боја и зафаќа се повеќе води ширум светот. Поради овој феномен, илјадници риби и птици умираат во таквите црвени води. Понекогаш наречени како “црвена плима” овие настани се случуваат во утоките на реките и по должината на крајбрежјата, иако, тие исто така можат да се случат и во свежа вода. Во следнава табела се прикажани по хронолошки редослед реките кои добиле црвена боја.

Датум Земја Место каде водата добила црвена боја Име на водната површина Тип на вода
25 Јул 2001 Индија Котајам/Идуки Неприменливо Дожд
29 Јун 2005 Ирак Садр Сити Езерото Садр Сити Езеро
Јули 2006 Индија Керала Неприменливо Дожд
Јули 2007 Индија Керала Неприменливо Дожд
Јули 2008 Индија Керала Неприменливо Дожд
10 Сеп.2009 САД Блекстоун, Бостон Реката Блекстоун Река
1 Авг.  2011 САД ОС Фишер Езерото ОС Фишер Акумулационо езеро
16 Фев.2012 Либан  Фурн ал-Шубак Реката Бејрут Река
4 Јуни 2012 Сенегал Ретба Езерото Ретба Езеро
5 Јули 2012 Индија Канур Неприменливо Дожд
25 Јул 2012 Украина Берднјаск Азов Море
7 Сеп. 2012 Кина Чонгкинг реката Јангце Река
17 Ноем 2012 Источна Шри Ланка Севенагала Неприменливо Дожд
27 Ноем. 2012 Австралија Сиднеј Плажата Бонди и другите плажи во близина Море
11 Јан. 2013 Холандија Блу Херон Каналот Блу Херон Канал
19 Јуни 2013 Австралија Хилиер Езерото Хилиер Езеро
9 Август 2013 Франција Камаргу Езерото Камаргу Езеро
19 Авг. 2013 Казахстан Караганда Караганда Снег
3 Дек. 2013 Словачка Мијава Непознато Река
6 Јан. 2014 Велика Британија Нортхамптон Поток во областа Торпланд Поток
31 Јан. 2014 Антартикот МекМурдо сувата долина Глечерот Тејлор Водопад
30 Апр.2014 Швајцарија Берн Лотцвил Река
Недостапен Австралија Хут Лагуна Хут Лагуна Езеро
Недостапен Шпанија Салинас де Торевиеја Салинас де Торевиеја Езеро
Недостапен Танзаниа Натрон Езерото Натрон Езеро
6 Јуни 2014 Србија Горни Милановац Деспотовица Река
22 Авг. 2014 Сад Во близина на брегот на Флорида Мексикански Залив Морска плима

2. Објаснување за тоа зошто водите добиваат црвено крвава боја од духовно истражувачка перспектива

2.1 Претходник на Армагедон

Негативни енергии: Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука го користиме поимот \\\"негативни енергии\\\" како заедничко име за сите видови ентитети во духовната димензија, кои имаат намера непосредно да им нанесуваат штета на луѓето. Од \\\"обичниот дух\\\", па се до \\\"мантрикот\\\" (црниот маг) од највисоко ниво. Ако духовната сила на обичниот дух е помеѓу 1 и 10 единици, силата на мантрикот (црниот маг) се движи од милион па се до бесконечно многу единици.

Како по правило, секогаш кога постои феномен што неможе да се објасни и покрај најдобрите напори од страна на научниците, голема е веројатноста да неговата причина е од духовна природа. Во нашиот  напис Трета светска војна, Предвидувања и Армагедон, објаснивме дека Универзумот е во средината на една голема огромна суптилна битка. Поголемиот дел од оваа битка се води на супитлно ниво. Меѓутоа, мал дел од оваа битка се манифестира и во регионот на Земјата и човештвото е и ќе биде сериозно погодено. Тоа ќе се покаже преку многу светски проблеми ширум светот, тешки природни катастрофи, и на крајот ќе кулуминира со трета свестка војна.

Позади оваа суптилна битка стојат моќни демонски сили познати како мантрици  од нижите региони на Пеколот. Постојат многу работи кои овие мантрици ги прават и можат да ги направат како би ја намалиле духовната чистота (Сатва суптилна компонента)  на Земјата и зголемиле духовната нечистота (Раѓа-Тама компоненета) на Земјата.

Кога доаѓа до зголемување на целокупната Раѓа-Тама на Земјата, се јавува дестабилизирачки ефект врз животната средина кој води во војна и природни катастрофи. Со зголемени нивоа на Раѓа-Тама во околината на негативните енергии им е полесно да создадат воена ситуација инстантно. Војните и социјалните немири на кои бевме сведоци во 2013-2014 година (и на кои ќе бидеме сведоци во годините кои доаѓаат), се должат поради тоа што умовите на луѓето ширум светот стануваат се повеќе нестабилни (поради нечистотијата на умот) и негативните енергии кои работат преку луѓето како би ги создале таквите конфликти. Во оваа суптилна битка, мантриците ја користат секоја можност да ја зголемат својата моќ и да ја намалат чистотата (сатвата) на Земјата.

Причината зошто водите на Земјата добиваат црвено крвава боја се воглавном мантриците од петиот регион на Пеколот, а тоа исто така е и знак за зголемување на негативната вознемирувачка енергија и приближување кон трета свестка војна. Во табелата подолу ги прикажавме податоците кои ги добивме преку духовно истражување кои ја покажуваат вистинската причина зошто водите ширум светот добиваат крваво црвена боја.

2-MKD-water_turning_red-subtle

 

Причини поради кои водите добиваат црвено крвава боја % Причини Зоглемување на Раѓа-Тама компонентата поради која водите добиваат црвено крвава боја Негативниот ефект на феноменот врз околината

Физички/причини предизвикани од човекот1

30

5%3

10%4

Духовни2

70

Фусноти:

  1. Под физички/причини предизвикани од човекот, се мисли на причините како што се загадување.
  2. Под духовни причини, мислиме на тоа кога причината за феноменот лежи во духовната димензија   (негативни енергии, духови, неправедно однесување во општеството кое доведува до зголемување   на Раѓа-Тамата, итн.). Ако црвените алги се причината за црвената боја, и тоа е духовна причина. Повеќе детали за ова дадовме во следниот дел.
  3. Ова значи дека само 5% зголемена Раѓа-Тама, можат да бидат катализатор за ваков феномен.
  4. Ова значи дека во околината се јавува зголемување на негативни вибрации од 10%, и дека може да се почуствува на растојание од 10 километри.

Научната заедница е ограничена, бидејќи се обидува да разбере феномени само со помош на интелектот. Меѓутоа, феномените како што се водите кои добија црвено крвава боја, неможат да се објаснат само со употреба на интелектот, бидејќи причината за феноменот, поголемиот дел се должи на елементи во духовната димензија. Кога вистинската причина е духовна по природа, може да биде објаснета само со духовно истражување или со развиено шесто сетило.

3. Како негативните енергии ги бојат водите во црвено

Негативни енергии од повисоките нивоа, како што се мантриците од духовната димензија, можат да ја обојат водата во црвено само со своите натприродни моќи (сидии). Сепак, да се направи нешто од самиот почеток/нула, потребно е многу енергија. Па така, тие не ја трошат нивната духовна енергија, туку го користат медиумот на билниот свет и рибите во кои преовладува Раѓа-Тама компонентата, да создадат таква црвена боја. Основната природа на алгите е Раѓа-Тама предоминантна. Мантриците користат духовна црна енергија, како би предизвикале цутење на алгите. Тие ги полнат алгите со црна енергија. (Цветање на алгите е брз пораст или акумулуција во популација на алгите (обично микроскопски) во еден воден систем.) Кога се множат, алгите исто така помагаат да се умножи и црната енергија и вознемирувачките вибрации во водата.

Друг метод е да мантриците ја превземаат контролата над рибите и другите водни суштества во кои преовладува Раѓа-Тама компонентата, и да ги користат за да ја создадат црвената боја во водата. Со обзир на тоа дека рибите се многу подвижни, со помош на нив такви вознемирувачки фреквенции лесно се шират во големи количини/области вода. Ваквите видови како и други, се особено подложни на црна енергија за време на мрестот. Тогаш дури и со самото нивно дишање рибите можат да испумпаат големи количини на вознемирувачки вибрации. Исто така, со тоа што морските животни се полнат со црна енергија, мантриците индиректно влијаат на луѓето кои јадат риба исполнета со црна енергија. На овој начин и со користење на таквите практики, мантриците експоненцијално го зголемуваат присуството на црна енергија и вознемиреност во водните системи.

3.1 Црвен дожд

Со своите натприродни моќи мантриците, исто така можат да влијаат на облаците за да направат црвен дожд како што беше виден на места како Керала, Јужна Индија и Шри Ланка. Микроскопските честички кои беа пронајдени во дождот во Керала, научниците неможеа да ги препознаат, односно до сега никогаш не виделе такво нешто, и се всушност предизвикани од Мантриците. Овие клетки можат со голема брзина да се размножуваат, дури и при екстремно висока температура од 300 °C.

3-MKD-Rivers-rain-lake-sea-turning-red

Во дијаграмот погоре, честички од дождот во Керала, Индија, снимени под микроскоп.

  1. Честички од дождот во Керала, снимени под микроскоп (Извор: Википедија)
  2. Една единствена спора, видена преку трансмисионен електронски микроскоп. Сликата покажува одвоени внатрешни капсули. (Извор: Википедија)
  3. Ако поблиску и внимателно ја погледнеме честичката, можеме да видиме лице во неа. Кога негативните енергии напаѓаат објекти, тие понекогаш оставаат белег од нивната форма.

Мантриците го бојат дождот во црвено користејќи или модифицирајќи честички/микро организми за да создадат вознемирувачки вибрации на Земјата. Тие генерално не создаваат честички или организми, бидејќи тоа им троши премногу од нивната духовна енергија. Сепак, тие можат да ги модифицираат или значително да ги изменат својствата на постоечка честичка или микроорганизам да изгледа како да е откриено нешто ново.

4. Користење на Апсолутните Космички Елементи

Мантриците преку своите натприродни моќи (уште познати како сидии на санскрит) ги користат 5-те Апсолутни Космички Елементи за да постигнат разорување на ниво на Земјата. Бидејќи луѓето претежно се составени од Апсолутниот Елемент Земја и Апсолутниот Елемент Вода, затоа мантриците максимално ги користат овие два Апсолутни Космички елементи да влијаат на човечката конституција и човештвото. Исто така и Апосолутниот Елемент Воздух се користи во обемното расфрлање на вознемирувачки вибрации, бидејќи тие можат лесно да се пренесат преку овој медиум.

Со тоа што ја бојат водата во црвено со вознемирувачки вибрации, мантриците можат многу брзо да шират вознемирувачки вибрации. Дури и кога водата испарува, истите вознемирувачки вибрации продолжуваат преку водената пареа да влијаат на големи области уште побргу.

Исто така и дното на морињата, реките и езерата обоени во црвено е под влијание.

Мантриците се фокусираат само на оние региони каде околината е погодна за раст/ширење на Раѓа и Тама компонентите. Во целост овие погодени места стануваат складишта на вознемирувачка (негативна) енергија, која ќе биде искористена за да се оркестрира трета свестка војна!

5. Значењето на бојата

Па, кое е значењето на бојата во овие напади?

  • Напад преку црвената боја: Ова е првата фаза од серијата напади од страна на негативни енергии. Негативните енергии создаваат илузорна црвена боја со нивната црна енергија. Главната функција на оваа илузорна црвена боја е негативно да влијае на луѓето на физичко ниво. Поради ова, ќе се појават разни физички болести како што се проблеми со дишањето, намалена витална енергија, неизлечиви болести, итн. Поради таквите болести, способноста на луѓето да фукнционираат, во голема мера ќе биде намалена.
  • Напад преку зелената боја: Во оваа следна фаза на напад во 2016 година, мантриците ќе нападнат преку илузорна зелена боја. Водата во морињата, реките и езерата, итн. ќе изгледа темно зелена. Целта на илузорната зелена боја ќе биде да предизвика проблеми на ментално ниво. Во оваа фаза ќе дојде до зголемување на бројот на убиства, силувања и крвопролевања. (На 23 Јануари, 2014 година, во Домбивили, предградие на Мумбаи паѓаше зелен дожд.)
  • Напад преку кафеавата боја: Во оваа следна фаза, која ќе настапи во 2017 година, водите ќе бидат погодени од темно кафеава боја. Дождовите исто така ќе бидат темно кафеави. Преку кафеавата боја, мантриците ќе преземат целосна контрола над човечкото тело, и на тој начин човекот ќе го изгуби своето постоење. Човекот ќе биде како кукла во рацете на мантриците. Демонски енергии ќе ги изопачат умовите на луѓето, на Земјата ќе се движат во форма на физички тела и ќе нанесат големи штети, и на Нации, и на Праведноста. Исто така ќе ги малтретираат Светците и добрите луѓе.
  • Напад преку црната боја: Во оваа последна фаза, преку црната боја, ќе започне уништување во големи мери поради војна, по 2018 година. По 2018 година, ќе дојде период на тотално разорување, морската вода ќе добие црнкаста боја, а човештвото ќе доживее црн дожд. Нациите и праведноста ќе се соочат со фатална опасност. Ќе започне воено разорување во поголеми мери.

6. Може ли овој феномен на реки, дожд, езера и мориња кои добиваат крваво црвена боја да се избегне?

Доколку човештвото направи огромен напор да го адаптира својот начин на живот во кој ќе преовладува Сатва (позитивен начин на живот) компонентата, тогаш ќе дојде до намалување на Раѓа-Тамата во светот, а ќе се зголеми Сатва компонентата. Ова вклучува и намалување на недостатоците на карактерот како себичност, алчност…, и започнување духовна пракса.  Императив е дека со цел да се направи разлика и дошло до промена, духовната пракса која се започнува треба да биде универзална, а не секташка. Духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса  е најпогодното средство за духовен раст во сегашната ера. Соодветно на тоа, феномените од ваква природа ќе се намалат.

Ги охрабруваме сите наши читатели да ја шират информацијата за потребата од духовна пракса на другите околу нас, со цел да се зголеми кумулативната сатвикта или духовната чистота на оваа планета.