MKD-nudism

Вовед

Од памтивек луѓето во некои одредени специфични прилики се капеле голи во јавноста. Со текот на времето, како што навлегувавме се подлабоко и подлабоко во Калијуга (најлошата) Ера,  во многу земји стана вобиачена појава луѓето да се капат голи на јавни места во присуство на други голи луѓе.

Тоа започна како движење ‘враќање кон природата’,’изразување слобода,’тежнеење кон поздрав живот’ па дури беше наречено и филизофија.

“Оваа натуристичка филозофија има повеќе извори, од кои многу потекнуваат од филозофиите за фитнес и здравје од почетокот на 20-от век во Германија и Англија, иако концептите на враќање кон природата и воспоставување еднаквост имаат многу подлабоки корени. Од Германија идејата се прошири кон остатокот од Европа и Северна Америка и пошироко, каде се развија мрежа од клубови. Моделот на Германскиот натуризам, промовира натуристичка фамилија и рекреативни спортови со Германската асоцијација за кулутра на слободно тело, која дури е и членка на Германската олимписка спортска федерација. Францускиот натуризам е развиен од големите комплекси во кои се поминуваат годишните одмори. Ова влијание понатаму се прошири на Квебек и Сооединетите Американски Држави. Како последица, се разви туристички натуризам, па така беа изградени нудистички центри за туристите нудисти, целосно одвоени од локалната средина. Овој концепт е најизразен на Карибите. Сепак, повеќето натуристички активности се одвиваат во локални натуристички клубови, особено во западните земји.

Како алтернатива, луѓето кои сакаат социјален нудизам, можат да ги посетуваат плажите на кои не се носи облека или да посетуваат други видови на ад-хок нудистички настани. На овие места, учесниците не треба да припаѓаат на одреден нудистички клуб.” – Извор: Википедија

Во Април 2014 година, Германскиот град Минхен даде зелено светлно, односно им одобри на нудистите да се сончаат голи, и во овој град се воведени шест урбани зони за нудисти. – Извор: Меил Онлајн

nudism-1

Исправно или неисправно

На прв поглед некој би можел да помисли дека јавната голотија не е голема работа, и дека човекот има право да прави што тој или таа сака. Да и не. Она што нас не прави луѓе, е тоа што имаме одредено разбирање за тоа што е исправно или неисправно. Исто така, бидејќи живееме помеѓу други луѓе, треба да ги земаме во предвид и другите кога донесуваме одлуки.

Во принцип животните и луѓето го имаат следново заедничко: потреба да јадат, да спијат, страв и секс. Животните имаат односи во јавноста. Она што нас не разликува од животните, е тоа што немаме односи во јавноста, бидејќи тоа однесување не му доликува на човекот. Доколку пак тоа се случи, тогаш луѓето кои се впуштаат во такво однесување, се сведени на ниво на животните. После одреден период на време, доколку таквото однесување продолжи да се зголемува, општеството како целина почнува да опаѓа. Слично на тоа, не треба да се капеме, сончаме, играме спортови или да јадеме голи.

Праведност (Дарма) е она што исполнува три услови:
1. Го одржува општествениот систем во одлична состојба
2. Овозможува световен напредок на секое живо битие
3. Овозможува напредок и во духовната димензија
- Шри Шанкарачарја

Ако едно дете секогаш го прави она што го сака, тоа дете нема да прерасне во соодветно културна и образовно лице. Слично на тоа, ако сите ние правиме што сакаме во име на слободата, тоа не е добро за нас, и исто така му наштетуваме и на општеството. Како човечки суштества имаме индивидуална и колективна одговорност да се однесуваме соодветно во присуство на други луѓе во нашето општество.

Ова разбирање е засновано на Божјиот закон на Праведноста, кој  во целата Божја креација е сочинител од се. Ако некој живее сам на остров, и нема облека, тогаш се разбира дека тоа што се капе гол е природна работа. Но во случајот со нудистичките плажи, тоа не е така.

Влијание врз умот и егото

Умот на повеќето луѓе денес не е толку чист, и тоа е една од причините зошто духовното ниво на човештвото како никогаш досега е на најниско ниво. Свесно или несвесно, капењето голи помеѓу други кои исто така се голи, ќе зголеми некои недостатоци на карактерот и егото како покажување пред другите, гордост, компетиција, итн. Со текот на времето кај нудистите опаѓа желбата за секс, затоа што цело време се опкружени со голи луѓе, па така еден од главните извори на краткотрајно Блаженство (Ананд), кое се доживува преку сексуално задоволство е изгубен. Сексуалната потенцијалност опаѓа, бидејќи се е видено.

Повеќето нудисти мислат дека свеста за нивното тело се намалува, поради тоа што се капат голи, но всушност се случува спротивното. Во духовноста треба да ја намалиме свеста за телото, која е една од формите на егото. Тогаш наместо духовно да назадуваме, ние правиме духовен напредок. Телото е контролирано од страна на умот, умот е контролиран од интелекотот, а интелектот е контролиран од егото. Свеста за телото е поврзана со умот. Како последица на тоа, исто така расте и нечие его. Од духовна перспектива, тоа не е пожелно.

Кај нудистите централна точка на нивниот живот е нудизмот, и се се врти околу тоа. Потоа со текот на годините се јавува фрустрација, бидејќи веќе не изгледаме толку добро како порано, и следи депресија. Во нудизмот исто така, постојат и елементи на егзибиционизам и нарцизам. Понатаму, може да се развие зависност од нудизам.

” Луѓето кои се себични, размислуваат само за себе, за своите потреби или желби, а “јас” е центарот на нивното внимание. Наспроти ова, трагачите по Бога, го имаат Бог како свој центар на внимание и заради тоа добиваат заштита од Бога. Поради оваа причина треба да обавуваме редовна духовна пракса, во согласност со шесте основни принципи  на духовна пракса, за да духовно напредуваме и природно да се оддалечиме од себичноста и други практики кои се духовно штетни за нас и општесетвото.” – Неговата Светост Др. Атавле

Влијание врз другите

Во случај кога цели семејства живеат во нудистички колонии на плажи, тоа може негативно да влијае на деликатната децка психа, и децата можат да се однесуваат на исти начин, кога ќе пораснат. И последно, но не и најмалку важно, е тоа што голото човечко тело, природно привлекува негативни енергии. Па така, оние кои уживаат во слободата на нудистичките плажи, можат со текот на времето да бидат повеќе вознемирувани од негативни енергии, без разлика дали тие тоа го знаат или не. Ова важи и за малите деца кои се капат голи.

nudism-2

Во големите градови како Њу Јорк постои и друг тренд, а тоа е одење во ресторани каде луѓето јадат голи.

nudism-3

Духовен ефект

Самата идеја да се капат или јадат голи, помеѓу други голи луѓе, во умовите на луѓето ја всадиле негативните енергии. Мислите кои негативните енергии ги даваат, речиси секогаш пред нас се презентирани како некоја пријатна и прифатлива приказна, или објаснување, кое на повеќе луѓе на интелектуално ниво им звучи логично. Така негативните енергии нас не мамат, да бидеме што повеќе врзани за нашето тело, желби, и минливиот илузорен свет во кои живееме, и така да заборавиме на Бога, и на духовниот напредок. Негативните енергии со тоа ја постигнуваат својата цел, а ние долгорочно гледано, губиме.

Оној кој гледа на сцената, е под влијание на сцената. - Неговата Светост Др. Атавле

Без оглед на тоа што и да правиме, еднаш откако тој чин ќе заврши, мислата за тоа останува во потсвесниот ум и не поттикнува тој чин повторно да го повториме.

Активност

Влијание

Ефект на умот во минути

Ефект на потсвесниот ум

Во колкава мера, лицето кое се капе или сонча голо, игра спортови или јаде голо, кон себе ќе привлече негативни енергии?

10%

30

1 година

Во колкава мера, лицето кое гледа некој, или е во близина на некој кој се капе или сонча гол, игра спортови или јаде гол, кон себе ќе привлече негативни енергии?

5%

10

9 месеци

Во колкава мера, нудизмот го зголемува егото?

2%

5

5 месеци

Во колкава мера, нудизмот го зголемува егото, во случај кога лице кое е голо го споредува својот изглед со изгледот на другите, или проверува дали е ‘во центарот на вниманието?’

5%

5

5 месеци

Секогаш кога едно лице е голо помеѓу други луѓе, тоа прави грев од 3%.

Во оваа табела ги споредивме гревовите, за подобро да се разбере горенаведеното:

Грев

%

Користење лоши зборови (пцуење)

1

Бакнување во јавноста

2

Да се биде гол, помеѓу други

3

Секс во јавност

10

Да се нападне некој

13

Убиство

100

При разгледувањето на различните опции кои ни се достапни во текот на животот, треба да направиме интроспекција и да се запрашаме, дури и за она што ни изгледа најпријатен и атрактивен избор, или достапно искуство. Пред да донесеме одлука, треба да се запрашаме дали таа одредена опција е во согласност со патот на Праведноста. Со други зборови, дали оваа одлуќа ќе ме приближи до Бога, или уште толку ќе ме оддалечи од Бога. Колку повеќе се вклчуваме во Неправедно однесување, толку понесреќни ќе бидеме. А колку повеќе и се приближуваме на Праведноста, толку повеќе ќе бидеме во Блаженство – супералтивна трајна среќа.

“Она што луѓето го сакаат е среќа, но Блаженство е највозвишена среќа. Зависи од она што ние сакаме: трајна среќа и Блаженство или среќа и како последица на тоа, тага? Бог значи Блаженство – каде што нема нималку тага.” – Неговата Светост Др. Атавле

Само со обавување редовна духовна пракса, едно лице е во можност природно, и со сигурност да препознае што е исправно, а што не, без оглед на тоа колку е пожелна активноста или објектот, и следствено на тоа, да живее живот исполнет со повеќе Блаженство, во нашето општество.