Дали Агнихотра може да го спрeчи ефектот на нуклеарното зрачење

Дали Агнихотра може да го спрeчи ефектот на нуклеарното зрачење

„Во текот на наредните десет години ќе се случи трета светска војна, во која според проценките, ќе исчезне една третина од светската популација, (т.е преку 2 милијарди луѓе). Милиони луѓе ќе умрат од загаденоста предизвикана од нуклеарниот отпад.“

– Неговата Светост Др. Атавле (30. Септември 2007.)

Замислете го ова. Нуклеарното оружје е активирано во вашиот град. За оние кои што ќе се најдат во самиот епицентар на ударот, нема ниту да знаат што се случило, затоа што ќе бидат уништени пред да имаат време да сфатат дека експлодирало нуклеарно оружје. Научниците велат дека ова всушност е посреќна варијанта. Луѓето кои што ќе бидат оддалечени неколку километри од експлозијата ќе доживеат изгореници од изложувањето на радиоактивните материи, што ќе има краткотрајни, или долготрајни штетни последици врз нив и нивните семејства. Во тој момент можеби ќе помислат:

  • Штотуку видов експлозија на оружје за масовно уништување, во кое засолниште можам да се сокријам?
  • Дали можев подобро да се подготвам за оваа евентуланост и го спасам своето семејство и себе си?

1. Вовед

Дали Агнихотра може да го спрeчи ефектот на нуклеарното зрачење

Во многу написи на интернет, се спомнува ритуалот Агнихотра како единствен обред кој го намалува негативното влијание на нуклеарната радијација. Оваа изјава го привлече нашето внимание. За модерната наука ова звучи чудно дека овој едноставен ритуал, може навистина да го неутрализира штетното влијание од нуклеарниот удар. Овој ритуал посебно е важен, со уште неколку други информации кои што ги добивме со духовното истражување за времињата што доаѓаат.

Повеќето од луѓето незнаат дека можат да се преземат мерки на духовно ниво, кои со труд на психолошко и физичко ниво, заштитуваат од нуклеарниот напад. Овој напис ги опфаќа мерките кои што можеме да ги преземеме на духовно ниво, за своја заштита од влијанието на нуклеарниот напад и за превенција од неговото дејствување.

Ве молиме прочитајте го написот за – Духовното истражување на Агнихотра

2. Заштита од нуклеарниот напад за лицето кое што прави ритуалот Агнихотра

Информациите за овој дел се земани од Влијанието на нуклеарната експлозија на г-ѓа Кери Саблет и nationalterroralert.com. Дополнително користевме Калкулатор за влијанието на нуклеарното оружје заснован на законското пресметување напишано во познатите, Најчесто поставувани прашања за нуклеарното оружје за да овозможиме увид во придобивките од Агнихотра.

Нуклеарните експлозии произведуваат непосредни и одложени деструктивни ефекти.

  • Непосредните ефекти (удар, топлинско зрачење, моментално јонизирачко зрачење) се создани и предизвикуваат значително уништување за неколку секунди, или неколку минути после нуклеарната експлозија.
  • Одложените ефекти (радиоактивни последици и други можни ефекти врз животната средина) нанесуваат штета во подолг временски период, од неколку часови до неколку векови и може да предизвикаат штета на регионите значително оддалечени од експлозијата.

Штетата предизвикана од нуклеарните експлозии може да варира, зависно од моќта на оружјето (мерена во килотони, или мегатони), видот на користеното нуклеарно гориво, конституцијата на самото оружје, дали експлодира во воздухот, или на површината на земјата, географската околина околу метата, дали е зима, или лето, магловито, или е ведро времето, ноќ, или ден, ветровито, или без ветар. Какви и да се факторите, експлозијата ќе ослободи неколку разни видови на енергија, претходно опишани во непосредните и одложените ефекти. Следнава фотографија ги прикажува предвидените ефекти од експлозијата на нуклеарната бомба од еден мегатон и далечината од ударот на разните видови на енергија. На неа исто така е прикажано и нивото на разорување и заштитата која ќе ја доживее лицето на духовно ниво од 50% кое што редовно го практикува ритуалот Агнихотра.

Дали Агнихотра може да го спрeчи ефектот на нуклеарното зрачење

Да ги погледнеме малку подетално секоја од овие енергии и нивото на заштита кое што може да го овозможи ритуалот Агнихотра. (Извор: Истражување засновано на духовната наука, спроведено во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука)

  1. Експлозија: Голем дел од штетата (околу 50%) од нуклеарната експлозија е резултат на ударниот бран. Притисокот од ударниот бран ја збива енергијата во материјалот низ кој поминува, вклучувајќи го и воздухот. Кога ударниот бран помине низ цврстиот материјал, енергијата која што преостанува предизвикува штета.
    Нивото на заштита внатре во радиусот на ударот за лицето кое изведува Агнихотра: 0%
  2. Топлотно зрачење: Заедно со ударот околу 30-50% од разорната енергија доаѓа од топлотното зрачење. Дури и ако некој со километри е оддалечен од местото на експлозијата, може да го види светлосниот блесок настанат од експлозијата на бомбата. Освен што предизвикува огромен блесок, ова зрачење е исто така многу топло (затоа се вика ’топлотно’). На оддалеченост од 7 километри од местото на ударот доаѓа до изгореници од трет степен. Изгорениците од трет степен предизвикуваат изумирање на ткивата под кожата, вклучувајќи ги коскените клетки кои што се потребни за обновување на кожното ткиво. Изгорениците од трет степен на повеќе од 25% од телото предизвикуваат шок за неколку минути, за што е потребна брза лекарска помош.
    Ниво на заштита за лицето кое што изведува Агнихотра во радиус на топлотното зрачење: 30%
  3. Јонизирачко зрачење: Нуклеарната детонација создава неколку форми на нуклеарно или јонизирачко зрачење. Нуклеарна фисија (цепење на атомите) и нуклеарна фузија (спојување на атомите) кои што се збиваат и така создаваат експлозија, директно или индиректно и ослободуваат неутрони, гама зраци, бета и алфа честички. (Во случај при експлозија на бомба од 1 мегатон, ефектот на јонизирачкото зрачење (од 500 реми) се проценува на оддалеченост од 3,1 км од нултата точка.)
    1. Неутроните се тешки честички кои што се ослободуваат од нуклеарното јадро. Овие мали ’проектили’ лесно можат да поминат преку цврстите предмети.
    2. Гама зраците се уште попродорна форма на радијација, кои што се енергетски фотони. И двата вида на радијација се смртоносни.
    3. Алфа и бета честичките се помалку опасни и имаат опсег од неколку метри односно сантиметри.
    4. Алфа честичките можат да предизвикаат оштетување само ако се конзумираат.
    Нивото на заштита во опсег на јонизирачкото зрачење за лицето кое што иведува Агнихотра: 0%
  4. Последици: Еден од ефектите на нуклеарната експлозија близу до површината, или на површината на земјата е радиоактивниот отпад. Веднаш по детонацијата големи количини на земја и остатоци од урнатините кои што веќе се радиоактивни, високо во атмосферата создаваат облак во форма на печурка. Овој материјал носен од ветрот паѓа назад на земјата и загадува илјадници квадратни километри. Колку е поголема експлозијата, до толку повеќе и побрзо се крева отпадот и мал дел од него останува во пониската атмосфера. Овој отпад може да има ефекти врз жителите и во оддалечените региони од местото на детонацијата и тоа долг временски период.
    Ниво на заштита во опсег на јонизирачкото зрачење за лицето кое изведува Агнихотра: 50%

3. Духовно истражување за механизмот на делување на Агнихотра

Сите овие настани на Земјата се случуваат затоа што се користат основните елементи на Создавањето, а тоа се петте Апсолутни Космички Елементи (Панчататва). Само по пат на еден, или повеќе од овие елементи секој настан во Универзумот е можен. Апсолутниот Космички Елемент кој што преовладува во случајот на детонација на нуклеарното оружје е Елементот на Апсолутниот Оган (Теѓтатва).

Дали Агнихотра може да го спрeчи ефектот на нуклеарното зрачење

Кога нуклеарното оружје експлодира, Раѓа-Тама вибрациите на Апсолутниот Космички елемент на Огнот стануваат преовладувачки. Овие фреквенции се придружени со дисонантни суптилни звуци, кои што имаат штетни ефекти врз умот и интелектот кај луѓето кои што се наоѓаат во близина на нуклеарниот напад. Ефектите можат да бидат во опсег од депресија до негативни мисли и до замаглување на интелектот.

Кога се изведува ритуалот Агнихотра, Сатва вибрациите на елементот на Апсолутниот Космички Елемент на Огнот стануваат преовладувачки. Огнот создаден од Агнихотра ги разградува Раѓа-Тама честичките и поради тоа ја прочистува околината на духовно ниво. Исто така се создава суптилна заштитна обвивка околу лицето кое што го изведува ритуалот. Оваа обвивка изразено е чувствителна на се поврзано со елементот на Апсолутниот Космички Оган, и е со црвенкаста боја во суптилната димензија.

Преовладувачките Раѓа-Тама честички (кои што зрачат од детонираното нуклеарно оружје) делуваат на многу остар и незгоден начин. Заштитната обвивка однапред интуитивно знае кога честичките се близу и со голема сила рефлексно ги праќа фреквенциите на Апсолутниот Космички Оган кон Раѓа-Тама честичките. Тоа ги уништува овие негативни честички кои што предизвикуваат суптилни звуци, така да ја намалува деструктивната моќ на Апсолутниот Космички Оган од детонираното нуклеарно оружје.

3.1 Што ја одредува ефективноста на Агнихотра за време на нуклеарната катастрофа?

Важно е да имаме на ум, дека споменативе заштитни нивоа за кои овде станува збор, се разгледувани во услови на нуклеарна катастрофа. Според тоа, придобивките кои што Агнихотра може да ги овозможи, се строго ограничени во споредба со изведувањето на овој ритуал во време на мир.

3.1.1 Во зависнот од духовното ниво и ставот на лицето

Кога едно лице изведува Агнихотра, неколку фактори влијаат врз успешноста на ритуалот во неутрализација на ефектот од радијацијата. Табелата која што следува го покажува ефектот врз лицето (зависно од духовното ниво и состојбата) кое што го изведува ритуалот.

Духовно ниво

Аспект

20%

50%

60%

Начин на изведување

Кога ритуалот се изведува со почитување

Кога ритуалот се изведува со духовна емоција и посветеност

Кога се изведува со предавање на Бога

Простор на заштитната обвивка во метри 1-2 10 30
Прочистување на околината во проценти (%) 0.75 2 4
Траење на ефектот 1 час 2 часа 8 часа
  • Духовно ниво:
    • Духовното ниво на лицето е најважен аспект.
    • Во случај на експлозија на нуклеарна бомба, практично, само лице над 50% духовно ниво, може да постигне некоја реална заштита изведувајќи го ритуалот Агнихотра. Придобивката се намалува како што и духовното ниво на лицето се намалува. Лице со просечно духовно ниво (20-30%) ќе оствари незначителна заштита изведуваќи го ритуалот.
    • Како што духовното ниво расте, така и потребата за изведување на ритуалот се намалува, затоа што духовното ниво на лицето е од клучно значење за неговата заштита.
    • Во случај на Светците, Тие ќе добијат мисли да заминат од местото пред бомбата да експлодира.
  • Важност на духовната пракса: Единствениот начин да се зголеми духовното ниво на човекот е да се врши духовна пракса, која што е заснована на шесте основни принципи на духовната пракса. Вршејќи соодветен вид на духовна пракса, може да се оствари забрзан духовен раст за време на еден живот.
  • Став за време на изведувањето на ритуалот:
    • Кога лицето го изведува ритуалот со духовна емоција и посветеност, ефикасноста и придобивките од ритуалот се многу поголеми.
    • Ефикасноста е уште поголема кога лицето го изведува ритуалот во духовна состојба на предавање на Бога.
    • Во просек, само трагачите над 50% духовно ниво имаат духовна способност да го изведат ритуалот со духовна емоција.

3.1.2 Лице кое извршува и лице кое го набљудува ритуалот

Лицето кое што го изведува ритуалот, добива повеќе придобивки во споредба со лицето кое што го набљудува ритуалот. Ритуалот воглавном е наменет за заштита на поединецот. Ако лицето кое што го набљудува ритуалот, тоа го прави со став дека и тоа го изведува ритуалот со соодветно ниво на духовна емоција, тогаш и тоа ќе добие еднакви придобивки и заштита.

4. Улога на духовната пракса и духовното ниво во заштитата против нуклеарниот напад

Главните настани во животот на на едно лице, повеќето се случуваат поради судбината според законот на кармата. Најдобар начин за избегнување на лошата судбина (која што е духовен проблем) е духовната пракса.

Поединецот може да ја надмине судбината, вршејќи соодветни нивоа на духовна пракса. На пример, ако едно лице има умерена судбина, тогаш само со интензивна духовна пракса (околу 10-12 часа дневно) може да ја надмине судбината. Ако лицето има тешка судбина, тогаш само милоста на Светец може да помогне таа да се надмине. Дури и ако лицето според судбината мора да умре во времињата што доаѓаат, тогаш поради духовната пракса не се создаваат негативни импресии на страв во умот на трагачот, за време на заминувањето во суптилната димензија после смртта. За лицето кое што не врши ниту еден вид на духовна пракса, страдањето и потоа умирањето од детонацијата на оружјето за масовно уништување, остава траги во подсвесниот ум со импресии на страв, за кои ќе треба неколку животи за да се ослободи од нив.

5. Резиме

  • Духовното ниво на лицето кое што го изведува ритуалот Агнихотра, е клучниот аспект во одредувањето на неговата моќ.
  • Ги замолуваме релевантните институции во разни земји, да им помогнат на луѓето да започнат духовна пракса, а во согласност со тоа и со ритуалот Агнихотра, за да се намали штетата од нуклеарната катастрофа.
  • За да духовната пракса биде ефективна, треба да е во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса.